Јас штом видам некое оштетено перче, го чкрапам одма. И планирам да правам поголема промена со косата пред да се роди бебе.
Абе женска ги знаеш постариве, не им замерувам за суеверија. Јас искрено не верувам, и не сум воопшто ниту религиозна. Еве и денес сакаше да прави месо од зајак свекрва и ми вика ти не смееш да јадеш месо од зајак. Зошто викам? Ќе ти биде немирно детето ко зајак. Добро и викам јас и онака не јадам месо од зајак никако.
Мајки ме интересира дали после вториот скрининг ви рекоја да правите уште една контрола за детален преглед на срце ? Кај мене беше се во ред и незнам мислам дека нема потреба од плус стресови да си задавам
Мене не ми рече за срце, ми кажа дека се е во ред. И дека можам да дојдам доколку сакам, во 30та-31ва недела, за постелка, протоци, тежина на бебе и сл. Тоа што го водат како трет скрининг, ама и тој сам ми кажа дека е обичен преглед, и како обичен преглед се наплаќа.
Твојава свекрва опасна Мојата досега ништо нема кажано, никакво суеверие. Ама па интересни се вака да ги слушнеш
Јас така ако слушав, цела фамилија ми кажуваа различни совети. Сите се со деца, и сите си кажуваат по нивно. Не јади ананас, не јади портокали мандарини, не пиј швепс, не јади лук, не знам што, ај ништо више да не јадам заради сите 30 души, различни совети што ми даваат Јас си јадам што ми се јаде, се во умерени количини, освен што не јадам грицки и не пијам сокови, друго скоро се.
Па така е, секој знае нешто различно. Неможе се на секого да му погодиш. Додуша па кај мене скроз е различно. Јас читам нешто дека не треба пример да се јаде и велам аа не ова не смее не јадам. И викат абе ајде ако ти е мисла од еднаш што ќе биде
Леле леле твојава свекрива стварно опасна. Мојава на почеток само ми рече ако ти се пријаде нешто а нема во моментот лижни си го малиот прст и ако некој ми нудел нешто да си каснам да не сум одбивала, да сум земела макар ронка, за да си јадело се бебето. Прво ми беше шубе и како некоја ретардирана бев, а сега си јадам кога ми се јаде и гајле ми е кој што нудел ако не ми се каснува. Еден колега во првите недели дур уште не знаеа на работа ми нуди чоколадо, а јас прејадена и му викам аааау нееее не сакам. После две секунди ми текнува на муабетот на свекрва ми и викам уствари дај една коцка. Он само ме гледа и вика Бооог да чува бе жени, за две секунди се предомисли.
Мешковци ви се случува ли несвесно додека лежерно си седите во кревет и си пиете чајче или кафе да си го допрете до стомачето. Јас многу често имам таква глупа навика и штом се свестам одма го тргам а така убаво ми е потопличко ама може е штетно за бебчето
Racete treba da se sekako malce poladni od centatot na teloto t.e.mevot. ne si umisljajte problemi kaj sti nema gali meseto slobodno i uzivkaj si
Не ме свати изгледа Како и да е во право си да не измислуваме проблеми кај што нема, меше ќе си галам али топли шољи веќе на него не допирам шољата на маса не во кревет
Маса немаш за на стомак да ја ставаш? Се зезам. Јас секогаш го пазев стомакот од топло, дури и пред микро не седев. Што знам онака си пазев. Ама па ко ќе седнев на софа и ко ќе станев се така на брзина како некој дивјак.
Избегнувам жешко да ставам на стомакот, ама обавезно си го употребувам за масичка. Додека јадам, тањирот на стомак ми стои, чипс, чоколадо... Сликата преслатка е.