А не смее топло на стомак? Еве ве читам и со помлака вода се туширате, а јас незнаев досега Не дека со жешка се туширам али сепак првпат слушнав
Па за топла вода незнам јас се туширам а за топли работи на стомак мислам дека не е добро, затоа ќе се одвикнам од таа навика да си го топлам стомачето
Аха. Добро јас само со топла вода што се туширам, а други топли работи не ставам но не ни знаев дека не треба, за во иднина сега ќе си знам
Мешковци последниве два дена го немав убаво осетено бебе да мртка. Испив кока кола можда 750мл и сега игра како некоја жаба, мислам дека си го издрогирав бебето. Нема штета, така?
Ете сум јас хаххахаха иста се ќе земам благо кока кола и ќе се превртува и после абе да не и дадов многу... немај гајле на интернет прочитав мајките што јаделе благо во бременоста децата цело време биле насмеани Да си се утешиме де
Благо речиси ич да не јадам, повеќе сум по солено. Сок газиран со години се немам напиено (понекогаш тоник само), мислам дека бомба му направив и него и себе, тахикардија имам дури.
Ах блазеси ти што не јадеш благо и не пиеш кока кола јас мислам дека ден неможам да поминам без тоа...
Жени, 15+5 сум прв пат ми се случува - некој притисок од папокот надолу до јајниците. Не е болка, само како притисок: И кога се движам, како да ги чувствувам јајнициве. Џабе паничам или има простор за паника?
Ај ве молам за помош ... Значи денес не можам да се соземам кашлам кивам затнат нос главата ќе ми експлодира-корона не е изгледа....Се јавив кај матичен гинеколог даде ц витамин 1000 и парацетамол.... Јас ц витамин 1000 па лимони супи портокали млеко со препечен шеќер чај еден парацетамол инхалација ама наместо да поминува ме турка уште повеќе.Барем за глава некој лек на по природна база дали има?За нос утре ќе барам во аптека ама како јас ќе спијам вечер не можам да дишам од нос што е затнат
Дали ви се случува бебушка да ви мрда напред кај вагината. Може глупо прашање ама како ја држам раката така го чувствувам кога се движи, а ударите мислиш ќе излезе одоздола. 26+ 4 сум и до сега не ми рекле дека е ниско, а цело време се врти под папокот 4-5 сантима и долу. Само неколку пати го осетив во висина на папок и малку над него. Инаку болките си продолжуваат, а и стврднувањето
Апликација што ја имам утрово ми кажа Welcome in the second trimestar па ајде здраво од мене Второ тромесечие, а мене уште не ми се ни верува дека сум бремена и симптоми немам никакви сеуште.
Добре дојде Симптоми немора да имаш, едноставно твоето тело побрзо се прилагодило на бременоста Јас имам поретко киселини а и уште ме држи поспаноста а си имам и желба за јадење посебно за благо Да уживаме во второто тромесечие и да галиме мешиња
Пиј кафе без шеќери повеќе вода со повеќе капки лимон и повеќе чаши таква вода. Мене така ми поминува.
Фала ви женски... бев на доктор даде сируп капки панадол сега лежам и чекам 5 да дојди да се тестирам за корона да се надевам дека не е тоа
Уживај си кога немаш. И јас од пред една недела почнав да се навикнувам дека сум бремена кога си видов малечко стомаче Со лесно до крај да ти е
Јас сум иста и јас мн долу ја осеќам ни мене не ми рекле дека е ниско бебето...Иначе се качува горе ама некоја минута и пак долу си слегува хахахах