Јас сум 26та недела, синоќа цела ноќ бебето беше толку ниско, кај вагината, што на секое клоцнување потскокнував и беше многу непријатно. Од кога се случи тоа, имам некоја непријатност во вагината, како некои "гасови" осеќам, како некоја нелагодност поатојано. Инаку до сега имам нормална бременост, немам некои болки, се си е нормално за сега, кај лекар имам закажано наредна недела. Има ли место за паника поради "гасовите" што ги чувствувам, може е глупо, ама можно ли е некако да се имам отворено, па затоа така да се осеќам? Прва бременост ми е.
Истото ми се случи и мене вчера јас сум 21 + 4 само што ме тераше и многу по мочање, мислам дека нема страшно, бебето е било ниско долу.
Добро утро девојки...како сте на ова врнежливо,тмурно и сиво итро? Јас за некој ден влегувам во 7ми месец или 28 недела ама нокеска ич не спиев,притисокот ми варира цело време,се качува и паѓа..малку и глава ме боли, Уште немам јадено ништо од страв да не се качи повеќе,дајте некој совет за јадење,што да се јаде,вода знам дека не смеам да пијам...и ако може некој да ми каже какви се последните 3 месеци од бременост,погоре прочитав некој имаше напишано дека не се како на почеток,тоа значи дека се најтешки најверојатно ...ептен ми е тешко уф
Притисокот ти се менува од самите хормони во бременоста а и времево доста влијае. Касни нешто лесно, кисело млеко со семиња или двопек. Избегнувај солено и мрсно и најважно од се пробај да се релаксираш, земи си и б6 . Ќе се среди
Јас овие два дена сум никако. Мислам дека времево многу ми влијае. Вчера малку ми фалеше да се онесвестам од што наеднаш ми падна притисокот, но каснав нешто, легнав и за пола сат се средив. Денес нешто слично, пак така како омалаксана сум, ми се спие премногу. Пробај да се релаксираш некако, не мисли на тоа само дека се најтешки месеци. Можеби се најтешки, но си на чекор уште малку да го гушнеш твоето најмило.
Мамички од времето ќе да е.. И јас цела недела спијам доцна, ноќта ми е жешко, па не можам да спијам и затоа науто до 10 11 спијам, понекогаш и преку ден дремнувам, ама не секој ден. Пијам течности, понекогаш кивам во денот 1 до 2..и чат пат имам крв, како ситни парченца или како конци кога кивам.. Ама се надевам не е страшно. И кога кивам понекогаш како јајниците да ме заболуваат, или стомак. Мислам дека малку сум настината. Дај боже да биде се добро до крај...
Колку ти се качува? Нема шега со висок притисок, најдобро да му пишеш на гинекологот. Се средува секако, ама мери си редовно и кажи му на докторот.
Не е многу,не е за лекарства,ми смета што прилично сум со многу низок притисок...се надрвам до утре и ке помине а и прочитав дека било нотмално мало покачување на пр.во оваа недела..
Во оваа недела сето тоа е нормално,исто и кај мене дури се свиткувам кога мрда ептен доле,потскокнувам....а за стврднувањето на стомакот исто ичекувано е ,бракстон хикс контракции се тоа само напиј се чаша вода и лежи на лева страна треба да се опушти стомакот а ако уште е тврд подобро слушни се со матичната
Еве ме мене скоро на пола пат... До сега немав некое меше, едвај малку приметно, ама очекувам тек допрва да пораснам. Денес имам некое чувство на тежина, онака тешко ми е, и длабоко се задишувам. А и кај желудникот, горниот дел на стомакот има чувство на затеганост. Одмарам скоро цел ден, ама до сега вакво чувство не сум имала...
Мене од 26 недела како влегов преку ноќ ми порасна,а бев рамна скоро.Дали дека од високо ми почнува стомакот се осеќам и јас ко затегната и потешко дишам, а не е толку голем да речам дека тежи. @IRBBB инаку мислам од времево нешто сме сите како пореметени. Анксиозни,раздразливи,со несоници...или такви ни се неделите 2во тромесечие...не знам
Исто и мене деновиве ми беше така, 135/140 со 65/70. И пред месец дена ми беше исто вака, па правев секакви испитувања, и дојдоа до заклучок дека не требало да примам терапија, зошто не ми е цело време висок, некогаш ми се качува, што од голема физичка активност, од шетање на вакво гнасно време, и сл. Јас пазев на храна, солено и газирано воопшто, пиев лимон, и јадев лукче, така ми се смирува главкболката. Тебе до колку ти се качува? Се слушна со матичниот гинекоког? Иначе, деновиве не спијам ни јас навечер, се вртам, се превртувам, сто пати станувам, одам мочам, пијам вода, мр боли кичмата едвај одам, добивам грчеви во сон во ногата доле кај мускулот, во глобала ми е безврска, дали времево влијае, не знам. Ептен за никаде период, психички.
Првиот пат пред месец дена кога ми се качи беше баш како твојот,овојпат помал е 120/70...одприлика ама варира паѓа на 90/60 па пак се качува на 120/75 и така цел ден и главава ме скина,сега не и звонев на матичната бидејќи знам дека не е страшно а јас ке си истрпам,се надевам утре нема да ми биде ништо.