Знам дека е нормално али ај си велам бар малку ќе се намалат, тие не хаха Ајде кога е се друго во ред, нема гајле
Se slusnav so doktorkata, mi rece najveronatno e od neredovno odenje vo wc, i navecer da pijam alkaleks.. Preku 3 veceri. Bebicot mashala esuper bev vo sredata na kontrola, se nadevam ke prodolzime taka.
Може да ти е тоа, пошто кога се полни дебелото црево притиска на матката. Не се секирај не е ништо невообичаено
Здравоо, како сте 26/27недела сум ова моево бебе незнам немирно некако само мрда само се мести, и долу ме притиска на секое притискање,поместување ме штрекнува од место ме поместува, многу се плашам неможам некогаш и да лежам а навечер нимда спијам а втора бременост ми е повеќе ме плаши и тоа што со главчето стои надолу, како се поставени вашите бебиња ?
Моето е седнато на столче Добро е што мрда барем си рат дека го осејќаш Малку по малку одат недели време се ближи
Зошто те плаши што е свртено надолу? Во мојата прва бременост уште во 5-6 месец се сврте со главата надоле и така остана до крај. Сега сум 24 недела бебево си лежи прво лево беше со главата, на последнава контрола десно се надевам ќе се намести како што треба, докторката вика има уште време за вртење.
Ништо, решив да не правам пренатален тест, ке одам на ехо на гак после божиќ здравје да видам дали ке има потреба од амниоцентеза, мада се мислам и таа да не ја правам. Бебе супер напредува, сестри мои и моја најдобра другарка имаат по 2 деца од 10-13 год, и никоја од нив не правела ни приска ни скрининзи, сега е све напумпано некако, само не шетаат по испитувања и ни вадат памет, тогаш одеа на ехо и правеа крвна слика и толку, сите имаат здрави деца, а јас нервен слом преживеав. Како треба ке биде...
Потполно се согласувам и те подржувам мила Мајка ми ми кажуваше два три пати со мене само била на ехо и толку па еве сум здрава и права, без потребно си создаваме стресови Се ќе испадне супер штом на ехо си е ок, ич не му се секирај
Ама сепак не е добро само 2-3 пати да се посети гинеколог во текот на бременоста. И ниеднаш да не отидеш можеш да родиш здраво дете ама треба да се оди. Медицината напредува па затоа има повеќе прегледи и испитувања. Затоа што е подобро да се спречи, да се открие на време. Од десет жени што нема да одат на контрола, само една може да испадне да има проблем, и другите 9 нема да се во право кога ќе речат Само три пати бев за ехо и родив живо и здраво бебе.
Се согласувам со тебе но пред триесетина години било сосема нормално да се оди два , три пати на ехо. Ние сега идеме нон стоп и правиме триста прегледи, еден куп терапии и што ти не. Не велам дека не треба, треба! Пошто живееме во стресно време но барем да пробаме да се олабавиме колку можеме и да не си земаме се при срце. Бременоста е најубавиот период во нашите животи а јас не верувам дека има трудница што си ужива и релаксирана си ги мене месеците. Сите сме стресни и треба малку барем да пробаме да се релаксираме и да мислиме на позитивни работи
Не треба да споредуваме време кога нашите мајки и баби биле бремени и сега. Тогаш и немало сегде ехо што се вика, ги прегледувале со инки и некои примитивни методи. Ама исто така и не живееле во време како нашево, полно со стрес, нездрава храна, загадување и слично. Затоа немојте да правите такви несоодветни споредби. Сопствена одлука е на секоја жена како ќе и биде водена бременоста и какви/дали ќе прави прегледи, ама да споредуваме со туѓи примери не е соодветно. Не станува збор за тоа дека некој не го пробал фустанот ама таман му бил, туку за здравје на бебе.
Се согласувам со вас, јас одам на 2 недели на прегледи, пијам цела аптека лекови и само ме шетаат од испитување на испитување и имам чуство дека сум во маѓепсан круг, не споредувам период од пред 30 г туку од пред 8г, толку имаат внуците мои. Сега све е искомерцијализирано ептен, медицина е напред ама тоа не значи дека треба да сме во постојан грч и само нешто да испитувме. Јас до сега направив се што ми е кажано и 100 пати преживеав нервози. Секое одење на лекар ми е стрес и нервоза, чуствувам дека ми е преку глава. Јас и со првото детенце пред 3 год сум имала покачена бета, па никој ништо не ми рече, низок ризик и крај, имав и тогаш тешка бременост, крварење, болки, ама незнаев ни за автоимуни заболување ни за ништо. Трпев и чекав, и на крај се роди сонцето мое кое утре полни 3 години, и колку ми беше тешко никогаш не помислував дека нема да се роди. А сега имам автоимуни антитела и секое одење на лекар ми зборат какви ризици све носат, и ми дојде преку глава, постојано сум во грч што ке се случи, дали бебево ке се роди, дали јас ке бидам добро и приската ми дојде капак. Преку глава ми дојдоа сите, ама пак ке одам каде треба, си го сакам бебето, а и тоа е упорно, супер си напредува за инат на докторите. Во фамилија нема никој со генетски пореметувања ни од моја страна, ни кај сопругот, не пиеме, не пушиме, не верувам дека може да му биде нешто на бебето. Порано уживале трудници, а ние сега сме во постојан стрес од напредна медицина и интернет. Некогаш колку помалку знаеш можеби подобро е, а ние сега сакаме да знаеме све, затоа и си патиме.
@macalavica ти и сопругот донесовте одлука за вашето дете. Никој повеќе од вас не му мисли добро. Ние тука уште илјада страни можиме да дебатираме дали одлуката е добра или не, ама на крај, за вашето дете се работи. Не се стресирај, уживај во бременоста.
Мајка ја знам твојата ситуација и од срце ти посакувам се да биде во ред и со тебе и со бебенцето. И јас не и верувам на приската, затоа и не правев. Ама не можам да ти кажам прави или не прави пренатален бидејќи не сум лекар. Можам само да ти дадам поддршка и позитивна енергија да издржиш и се да биде во ред. Бременоста е преубав период, ниедна жена не заслужува да го минува во грч и стрес. Сама ќе си одлучиш што сметаш дека е најдобро за вас, ќе си го следиш малото како напредува и ти посакувам се да испадне добро. Мојот коментар беше упатен генерално, дека не треба да се прават споредби, независно од кој период, пред 50, 30 или 10 години. Секое време е различно, секоја мајка е различна и секое бебе е различно. Чувајте се и Бог да ве чува.
Девојки кој чај од брусница го пиете? Скоро во сите во составот пишува дека содржи хибискус. Сега последно го зедов тој на Виталиа што е со брусница и јаболко. Смее да се пие така?