Да зошто да не смее ? Се што не е претерано не е штетно Јас скоро секој ден пијам по една чаша од брусница
Ако ти е страв што имаат хибискус во состав можеш да си правиш од сува брусница, јас таков правам. Ќе ја вриеш малку подолго, околу 20+ минути и после јас си го пијам и чајот и си ја јадам брусницата.
Здраво мамички, како сме? Знам дека некаде читав за др од Систина што прават втор скрининг. Може ли мислење.. Ми рекоа да си одберам меѓу: 1.Петровска 2.Димчев 3. Дракулески Знам дека се прави од 20 до 24 недела, така некако..
25та недела од денес.. Мешко машала, сите алишта почнаа да ме стегаат. Како што минуваат неделите почнува грбот да боли, се вртам ко засукан кит навечер, несоница ме фаќа, на 1 саат станувам во вц Апетит лудница, слон ќе изедам да можам На 11ти контрола па сигурно и испитување на скриен шеќер.. Нека минуваат денови, да дојде бебе в раце неможам да дочекам.. Многу ме радува ќерето, доаѓа, крева блуза и ме бацува на меше Нека биде вака мила и кога ќе се роди плс Ми споделија новост од работа, договорот ми го продолжиле до крај на породилното, после тоа да се снаоѓам.. Тоа е, барем фер беа па кажаа 1 година унапред, па додека сум на породилно ќе барам работа.
Мило ми е за тебе мајка Јас и ти сме некаде близу во недели јас исто после празници на контрола и скриен шекер и крв да провериме Недела по недела времето си оди и бебуши ке дојдат на свет Господ со лесно на сите бремени
Мајки здраво и од мене, 16+4 сум. Вчера проверував крв и урина, сите параметри супер. Денеска бев на ехо, беба супер напредува, мерките одговараат на оваа гестациска недела, само ми кажа дека го носам прилично ниско, и дека очекува да се качи нагоре, но не ми кажа да лежам. Сите околу мене од памет ме извадија, сега не можам да се смирам.
И јас цело време долу го осејќам Мислам дека имаше едни посебни појаси што се ставаат на стомак Ама мислам не е и толку страшно бебе е уште мало и ке расте и ке се врти уште многу
Јас до пред 1 недела некаде ја осеќав само долу ептен ретко да се качи горе и да се качеше неколку минути и пак долу е сега веќе си е горе качена и само таму ја осеќам сега ретко долу да мрдни така да не се секираш ќе си се качи на горе ако не има како што ти кажа мине појаси и тоа е тоа не се плаши
Е како ме нервираат значи кога ќе извадат некој збор ко од ракав. 16та недела си, фундусот од матката, највисокиот дел е 2 прсти под папокот, колку може високо да биде бебето? Ако имало некаков проблем сигурно ќе ти дале насоки што да правиш. Немој да се грижиш. Јас денес бев на втор скрининг, сѐ е во ред. Ама ете, кога сме на тие безвезе муабетите што милуваат да ги кажат, ми рекоа 'плацентата не е лоша'. Што значи тоа не е лоша? Добра е или има некој проблем му велам на докторот? Супер е. Па така кажи си велам, а не, не е лоша.
Мила, каде беше на втор скрининг? И јас ќе треба да одам погоре пишав, за во Систина, само кај кој др не сум избрала...
Фала мила, јас сум на крајот на јануари. Само дали лесно се добива термин.. Треба да се јавам... Се мислам после Нова година..
Мила чекаше ли многу за да закажеш, треба, крајот на јануари треба да се оде.. Сакам и на ГАК и Систина.
Мене на 27ми ноември ми закажа матичната за денес. Додуша тогаш беа пуштени термините за цел декември, имаше доволно термини. Нека прати матичниот гинеколог, може да ти закажи. Во среда е доц. д-р Игор Самарџиски, него го фалат како најдобар од гак, ти кажувам ако сакаш за кај него, да му кажеш на матичниот во среда термин да фати, бидејќи на упатот нема доктор, само амбуланта.
Димчев е ѕвер од доктор. Барем во моето искуство, а имам и блиски кои што се многу задоволни од него. На првиот скрининг платив 4.500 мкд, ама знаеш дека си на чисто. Човекот е ренген. За втор, претпоставувам иста е цената како и првиот. Докторот не збори многу, си прегледува, меѓутоа ако го прашаш се си кажува. Пријатен е многу и професионален.