Да може, јас според менструација сум 32 недела, а реално сум 28ма Кај мене е зачнато 2 дена пред менструација. Така да не се занарај една недела не е ништо,зависи кога е зачнато,не е кај сите зачнато така по распоред според циклус
Јас имав хематом и имав кафен исцедок во 7 недела и во 11 недела,не е ништо страшно само треба повеќе одмор и секако терапија препишана од лекарот.Многу жени што имаат хематом и немаат никаков исцедок туку се апсорбира во телото.Само д се следи состојбата,јас на две недели одев на преглед и сега фала му на господ нема ништо се повлече сам
Ne mila fala bogu do sega nemam nikakvo krvarenje ni kafeav iscedokprimam progesteron inekci i vaginaleti utergeston
Само мирувај, земај терапија и опушти се. Ќе биде се во ред. Понеделник дај боже да си слушнеш срценце
Мамички 15+3 сум... и осеќам доле ниско имам болки, не се јаки... ама се некако тупи, не можам да ги опишам на кивање пример повеќе ме боли, при движење некако... ама баш тупа болка... Дали е нормално? Дали и вас ве боли?
Јас таква болка имам исто кога кивам како да ме сечи нешто во јајници ама трае кратко , и кога се уморвам повеке тогаш осејќам некоја болка долу . Ама после некое време го осеќам бебе и се смирам викам во ред е нормално е матката се шири бебе расте и така
Здраво мамички.Можеби не е моето прашање за овде ама ке ве молам некој за совет.Дали ја имате примено инекцијата сто се прима на 28 недела од бременоста за бремени со негативна крвна група.Дали оди под социјално или се плаќа приватно инекцијата.
Јас ја примив минатата недела, 2850 отприлика ја купив од еурофарм, поднесов за рефундација во фонд ќе видиме колку ќе вратат.
Од утре 24 недела Времево супер брзо ми поминува.Моментално уживање пуштено на најјако за тоа што бев под стрес прво сега си уживам и за тоа време.Бебе мрда мама пресреќна како таа мрдни така јас се топам.Болки нормално почнуваат во половината во ногата последниве неколку денови имам како гадење ама си викам дека ми е од витамините не можам да ги поднесам па ќе ги менувам.На вечер почнав да си се дружам со вц по 3 пати.Уште некоја недела и го завршуваме второ го почуваме трето па за 16 недели-ако не и текни порано или подоцна да излези ќе си е гушкаме тројцата. Значи стварно второво тромесечие било најубаво Ве гушкам сите и ви посакувам Среќен Бадник и Божиќ
И јас имам да на кивање особено то ти е од мускулите нема врска со бебето барем мене така ми објасни матичниот.
Мамички, си бев денес на контрола. Точно 17 недели сме. Супер си е све и дознавме дека сме девојче принцезичка на мама. Ептен се израдував, ми се напраи ќејфот. Одсекогаш си сакав ќеркичка. Наредна контрола на вториот скрининг. Па и како ми се намести за сликата, се стопив скроз
Јас да се пријавам денес бев на месечна контрола бебе си е во ред добро напредува и така мамички Понеделник треба да проверам крв и скриен шекер а тек по три недели да ми проверат крвна група и антитела за дали ке треба да примам инекција или не. За сега добро тераме немам некоја мака освен киселини на вечер и тамам ке легнам да спијам бебе почнува да игра фудбал Со лесно на сите мамички и ви посакувам уште полесен пороѓај Среќни празници на сите што славите
Да, баш денес бев на преглед за такви болки. Ми рекоа дека некој повеќе ги чувствуваат од други. Мене малку ми беа интензивни, ме прегледаа се е во ред. Така што немој да се плашиш, тоа е нормално. Се додека не е јака болка и нема крв или некако исцедок, уживај во бременоста. Кога ќе имаш болки испружи се на кревет и одмарај. Мене тоа ми помага. Со среќа! И имај убава бременост!