Мила искрено не знам за должина колку е ама еве ти реална слика од мојата.Јас наопаку ја ставам бидејќи си спијам на мојата перница
Каков мг употребуваш? Јас кога пиев прашок имав течна столица од него, и затоа ми рече специјалист апчиња магнезиум цитрат да си земам. Пијам по 800/1000мг зависи колку грчеви и болки имам а течна столица сум немала од кога прекинав со прашкаст мц.
Исто мила и јас денес се консултирав со Стефан од Плодност и ми рече да си земам магцитрат и пробиотик и дека дијареата ми е од магнезиумот во прашок што го пиев
Последниве неколку дена имам повремено болки во јајниците, почесто во левиот на којшто имав циста на почеток, не знам дали е до тоа. Утрогестан ги користам за болка, ама пак не сум раат до следен преглед страв ми е и црни мисли имам за бебето дали е ок, затоа што имав голем стрес и паничен напад пред недела две нешто газдата ме налути, и од тој ден наваму ме боли стомакот повеќе од обично.. не е неиздржливо ама пак не сум раат. Следен преглед ми е околу 20ти и ептен се плашам.
Која недела си? Не е страшно, така и мене ме боли понекогаш. Ама отиди на дежурен нека те видат, за да не мислиш.
Не пијам магнезиум дополнително освен тоа што е во Premama, ќе пробам. Со гинекологот зборев, рече ставај си утрогестан и немој да се грижиш..ќе пробам порано преглед да си закажам, немам друг избор.
Напиј се плус магнезиум, не штети воопшто. И ако не можеш да трпиш болка, или да мислиш, како мене отиди си на дежурен, ќе те видат и ќе си бидеш мирна.
И јас ја имам оваа и сум презадоволна. Се преродив од кога ми стигна. Само не знам какп ќе се разделам од неа
Јас сум 16+4 и скоро истите болки ги имам доле ниско... не ми се постојани и не секој ден, ама се тука... бев на доктор одма и ми рекоа дека се е океј, нема простор за паника... бебе расте, промени во телото... мене дури и препоните како да ми пукаа... не се плаши не е ништо.. ама сепак за да си бидеш мирна нека те ѕирне некој
Исто ми е така, и во предел на препоните ме боли. Не е некоја алармантна болка, пак ќе кажам, ама затоа што ми се совпадна со тие неколку дена кога бев под стрес, се исплашив дека стресот нешто предизвикал.
@Maya12 @Nefertiti. Мене и матичната и на гак една докторка ми рече да не пијам магнезиум повеќе од 400мг, освен ако немам потреба (ради грчеви, болки), бидејќи ги успорува рефлексите на бебето и ги намалува движењата. Бев на ургентно пред некое време, оти не го чувствував бебето неколку дена како мрда и ми рекоа дека е резултат на магнезиумот. И навистина, откако го намалив, поинаку е. @HelloHello нормално е, се шири матката, затоа. Земај дополнително магнезиум, освен премамата. @thelittle17 ти се заљубив во аватарот.
Девојки, доле кај крстот од десна страна во кичмата имам многу болка, како резултат на лошо лежење претходните 2 месеци, кога ми рекоа дека мора да мирувам. Никогаш во живот не ме болела кичма и сега ми е чудно. Што да се напијам или да ми препорачате каде да одам на масажа. Очајно ми треба масажа. 16та недела сум инаку. Фала ви
Ако си од Скопје може и за безпари да ти ја донесат до дома. Мене ми ја донесоа и платив само 1600. Навлаката иде посебно, памучна е и може да се пере. Ако сакаш можеш и дополнително само навлака да си нарачаш, навлаките се 500 денари.