И јас пијам витамин ц од 1000...јас дека имам и алергија, затоа се плашам.. На полен, на прашина, на лешници.. Заради тоа пред тоа користев флехсоназе, пиев за алергија Таблети Лоратидин, па ми сменија Дофахин беа... Ама сега пролетта треба некој спреј да земам, за превентива..
И мене не ми тече, само при кивање или дување, погоре напишав.. Се надевам ќе се среди, пијам витамин ц 1000
И јас исто имам алергија на тие работи. Обавезно пролет иди и јас си користам флехоназе, но последниве две години ништо немав. Се надевам и сега така ќе биди. Доволно е вит ц, освен ако немаш подобрување.
Јас истово ова го пишав пред некој ден но ниедна членка не ми одговори. Да нормално е, јас имав цела недела такви болки како настинка во јајници али еве сега се потсмирија. Изгледа се шири матката Без грижи
Јас мислам 16 некаде беше ако не и порано ама ептен малце како гасови па после како глувче некое мрдаше аххаха Ама ако ти е прва бременост претежно од 18-22 недела треба
Јас прв пат го осетив кога бев 16+ нешто како да ме погали од внатре. После тоа неколку дена ништо па после пак како некои бранови. Сега сум 18+ и од сабајле не го осеќам ич али попладне и навечер осеќам минимални движења некогаш се буквално како пуканки да ти пукаат внатре
И кај мене така се случуваше пред 2, 3 недели па се смирија и пред некој ден пак. Си велам нормално е, не се ни некои болки страшни недај боже... ќе видиме наредна недела на преглед Јас на 16+како некои бранови почувствував, знаев дека е тоа оти досега така не ми се случило
Јас како пеперутки во стомак осетив накај 16 недела, а убаво ја осетив од 21 али кај сите е различно и мене ми е прва бременост
Исто и јас. 16та недела нежничко како бранчиња, како рипче, во 21ва убаво. Сега во 24та како пуканки во стомакот да прави кога ќе почни да претка и на стомакот се познава кога мртка.
Поопуштена си сега и поинтересно ке ти е , бебе ке почне да мрдка ке ти кажат пол , ке купуваш по некоја облека и така Со лесно бременоста мајка