Знам и јас сум во Плодност, таму ми даваа ама на почетокот одев таму додека беше точкичка, сега кога порасна не го видел воопшто, ниту срценце слушнал, инаку и он прележа корона ама не даваат пак
Истото го помислувам и јас. Да влезе и излезе за 30 секунди, па греота е, само чека надвор и чека да му кажам како е, срце ми се кине па.
Кај мене па тој не сака да дојде. Сега му велам еве во среда сум на преглед дојди и вика ааа не нема шанси неможам ќе се расплачам ко ќе го видам, емотивен сум. И само слики ќе си гледал. Ако не се премисли докрај, ехее 18+ ќе сум среда.
Мојот сака, ама не пуштаат... И само прашува, многу сака да го виде.. На сликички го гледа.. А и со душа чека да почне да клоца.. Срцки се и мм и бебенцето... Си ги сакамм
Јас идам и во Ремедика но и таму не пуштаат. Мојот е помирен со тоа дека не пуштаат и не инсистира. Дури и го подржува тоа што не пуштаат пошто сме трудници и подобро е да нема толку гужва од страна заради наша безбедност. Но затоа секогаш му носам сликички и си ги гледа
Мамички да прашам.. Од сношти ме боли десната плешка, лопатка, и како во круг, ме заболува од под десната града и лопатата,.. Не знам дали од лежење, ама како да притиска, и се така во круг, тој дел, и околу мишката...
Јас си снимам со телефон прегледот на ехо и после му го покажувам може не е исто ама е болје од ништо
Па во гледањето нема многу разлика можеби само во доживљајот повеќе чуства има кога се гледа на лице место ама тоа е што да прајме
И мене ми е криво што не може да гледа, стварно убави моменти се да гледаш како ти се развива и расте бебето, ама тоа е што, ќе надокнадат кога ќе се родат
Јас пак кога гледам во она ехоно мислам дека ништо не гледам или не разбирам Како вонземјанче некое да имам во мене
Тоа го правев и јас до сега ама екранот е подалеку и малку се гледа, а ако зумирам ништо не се познава
Исто...баш се чудев кога пишуваа тука не го виделе бебето 4 недели,па одат на плус прегледи...ич не ми беше интересно да одам. Сега веќе е големо нели се гледа па ми е убаво ко ќе го видам, веќе гледам човек ама пак еднаш месечно одам за патолошката и успат да го видам А за ова со маживе, мојов цел е некако страшлив, и за гледање, и за стомакот да ми го пипне, цел е пипав бог да чува