Исто е маж ми Од толку што е паничлив кога одам да се пораѓам тој пред мене раѓа и се прави лимон во лицено Не вечер мислиш бега од мене кога спие да не ме удри несакајќи со нога О Господе ме нервира некогаш
Мерките од владата се за работење од дома, а не за воопшто неработење.. колку што знам јас... или ме лажат кај мене во фирма хаха :/
Не е точно,мерките се ослободување од работа,јас сум си дома без никакви работни обврски. Само знам примери каде што имаат услови да работат од дома и си работат
Тоа само газдите ве манипулираат зашто на нивен трошок е отсуството. Знајте си ги правата комплетно, во спротивно еве вака ќе ве манипулираат и вие губите. Мене и со отказ ми се закани и со што уште не, ама џабе му е, закон е закон.
Женски, можете ли да ми пратите линк каде што го пишува ова? Јас не можам да најдам на интернет... Мене во принцип не ми е проблем да работам, арно ама денес имав страшна главоболка и не разбираат дека има денови кога не можам да мрднам, а не па да работам... Хелп
Јас ваква изјава потполнив на работа, што значи дека доколку работното место има услови за работа од дома, си продолжуваш да работиш од дома, во спротивно си ослободен. Е сега не знам дали оваа изјава е унифицирана и е истата во сите институции или е само на моето работно место. @Lili90 ова Маја го прикачи пред некое време
Јас само им однесов потврда од матичната дека сум бремена и толку. Ми пуштаат плата исто како да сум на работа. Ова ми изгледа како изјавите што беа за мајките што имаа деца во градинка.
И јас однесов потврда од матичен и ми дадоа да ја потполнам оваа изјава во 3 примероци, од кои еден за мене.
Реков, можеби ова е само кај мене, не е унифицирана изјава, инаку си пишува во неа 'изјавувам дека јас ќе го користам платеното отсуство поради бременост, согласно со заклучоците, мерките и препораките усвоени од Влада на Република Северна Македонија'.
И јас цел преглед дур ме гледа на ехо го снимам и после сите чекаат, сопругот, мајка ми, дедо ми, баба ми, неговите. и одма после на тебе личи на татко му личи. Цел телефон ми е со клипчиња од беби и ја си ја гледам од време на време
Омг снимање на цел преглед... Јас па се мислев да не сум му напорна на матичниот кога му барам сликички..
Ја уште пред да седнам им викам слика да ми дадете ич не им се замарам, мое си е бебчето а нив тоа им е работа. Си имам урамено 3д слика до кревет ми стои изглеа само ја сум толку мрдната