jas pocnav koga imav korona od 2000 edinici, ama edvaj 5-6 dena dali piev, naduenost i gadenje imav mnogu. Dali golema doza bese pojma nemam, sqmo femibion pijam i dobro mi e. A po preporaka pies ili na svoja raka?
Имам јас таква болка од десн а страна некогаш и не е болка туку како притисок, тоа кога неколку дена ме мачи заоек
Денес ме боли глава ужасно,од утрово кпга станав прво ме болеше вилицата кај зглобот,мислам ги стискам забите на спиење а во последно време дури и повеќе од обично,и утрово мислев дека е од тоа ама сега и глава ме фати силно,дали е до времево променливо,дали од лошо спиење,дали дека вчера ми беше ладно па поднастинувам и секако и на корона мј оди памет и сум преплашена и од страв пулсот ми забрзува и уште повеќе ме боли глава.што мислите?
Јас пијам витамин Д3 уште пред почетокот на бременоста, и на почеток на бременост матичниот гинеколог ми препорача да пијам, т. е. да продолжам да ги пијам. Тие јас што ги земам се од 2000 интернационални единици, ги земам еднаш дневно одма после оброк или за време на оброк. Со бременоста сум стигната до 19та г. н. До сега не сум имала никакви проблеми поради примање на витамин д3.
Јас пијам вакви. Капки витамин Д3. Едно шприцкање одговара на 1000 единици. Немаат вкус никаков. До сега не сум имала никаков проблем.
Трансфузиологот ми напишал во извештај да почнам да џвакам Идеос, го прогуглав тоа е калциум со доза Д3 (500 единици), калциум веќе примам со други витамини, а дома имам Д3 од 1000 единици, па почнав да пијам пола апче Д3 за да биде 500 единици како во тие за џвакање. Па сега се мислам дали ќе има штета ако пијам цело Д3 од 1000 единици, затоа прашав
нема штета ако ги пиеш како дополна на тие витамини за бремени. Барем така ми кажа гинекологот кога се консултирсв дали да ги пијам
Кај тебе се знае точната доза тска да пиј колку што ти рекле. Кај мене општиот матичен ми имаше напишано куп суплементи без дози па што имав дома пиев
Благо сум јадела и пред бременост ама моментално колку го обожавам не е можно хахахахха Моментално ништо немам благо го терам маж ми да одиме да си земам омг хахахаххаха
Јас пред бременост ептенннн ептен ретко. Еднаш на недела, две и тоа пример земаме со мм чоколадо и јас јадам една коцка, тој цело А сега јадам може преку еден ден, а за брзо може да биде и секој ден еве моментално медењаци си јадам, што порано ич не ги обожавав
Јас почнав зошто ме боли многу колкот па матичната ми рече да пијам, од 1000единици и не повеќе од 30 дена.
И јас од денеска прв пат имам некое чудно чувство како затегнување од десната страна на папокот, почна сабајлево и уште трае (19+6 сум).
А затоа ли јас овие денови што ги пијам не ме боли кичмата сега уствари ме потсети дека прекина да ме боли од кога почнав да ги пијам. Може да ми фалело тоа
Јас пијам и тоа поголема доза.3200 iu и плус фембион што содржи вит д.Јас почнав уште пред трансфер, кога испитав вит д и ми беше доста низок.После успеав да го покачам, но по некое време кога пак испитав пак ми беше паднат малку.Не знам што да правам, дали да ја покачам дозата уште повеќе.Добро е во бременост да се одржува оптимално ниво на вит д.Таа доза што ти ја дале не е висока и можеш слободно да ја пиеш.Слободно пиј си плус вит д од 1000.Сега во зима, уште повеќе имаме потреба од вит д.Би било добро ако можеш и да си провериш вит д.
Е супер, фала на совет. Во понеделник ќе испитам, до сега никогаш не сум испитала тоа ама чим нема штета по цело апче ќе го пијам, сепак е витамин не е нешто опасно.
За витаминот д од особена важност е да се зема заедно со калциум, за да може правилно да го искористи организмот.Јас сакав баш да земам дополнително калциум само не сакав ба своја рака.Ако можеш да ми кажеш за што ти го препиша трансфузиологот тпј лек со калциум и вит дз? Да знам дали би можела и јас да го земам.