Јас земам калциум со Д3 ради тоа што примам клексани и според трансфузиологот инекциите ги оштетуваат коските и неопходно е да се зема поголема количина на калциум. Додатно земам и 2000 единици витамин Д и сега кога го испитав беше 16. Значи зимно време ненормално паѓа. За споредба само летоска без терапија ми беше 34
Мене пред два месеци ми беше 30 со терапија и само што се израдував дека ми се покачил, сега кога проверив ми беше 26.А кажи ми каков калциум земаш? Да си земам и јас? Која е безбедна доза? И јас примам клексани, но никој не ми кажа дека треба да земам дополнително.А знам дека е добро вит д да се зема заедно со калциум.Пијам фембион 2, но не знам дали и колку содржат калциум.
Доктор Јани Ангеловски ми го пиша во извештајот и ми посочи да биде ideos 500. Иначе и јас пијам Фемибион 2 но и многу витамини земам дополнително секако по препорака на генеколог
Еве го Маја извештајот, две времиња на граница, едно нормално и дидимери 1189, ако ти се горе доле слични резултатите ваљда нема да има штета.
Фала ти најмногу, баш ни се слични резултатите, мене ддимерите сега ми беа 1119, активирано парцијално време доста скратено на 24, а другите две на граница.Ќе си земам и јас, гледам дека и други членки пијат Идеос.Значи навистина на форумот може да се научат мнигу корисни работи.Јас кога бев кај трансфузиолог во Ремедика, ми рече само да почнам со фраксапарини и не ми кажа за калциум.Ми рече да земам обична фолна од 400 за мутациите, што ми падна баш чудно.Фала ти најмногу.
Ние на форумов изгледа сме потручни од тој трансфузиолог во Ремедика. Сите со мутации знаеме дека обичната фолна потешко или воопшто не ја процесуира организмот и најдобра варијанта и за нормална бременост е метилфолатот. Јани е посебно стручен при водење на тромбофилични состојби во бременост
Да Маја чим се слични можеш слободно, јаа од старт со метил фолат сум од 1000ка на NOW (хинт: кај нас е околу 1700 денари, а јас го нарачувам од iherb.com за 700 денари со шипинг). Како што кажа @mace89 Јани е број еден во Мк, ептен му верувам, секогаш гледа да ме заштити од било што максимално. Следна контрола ми закажал 29.03 до тогаш ќе терам терапија и ќе одморам од трансфузија
Јас пиев метил фолат од 1000 долго време, сигурно година пред бременост и многу ми беа покачени вредностите на фолна и б12 во крвта.Затоа сега пијам само фембион.Може и да ми е малку таа фолна, ама се плашам пак да не ги покачам вредностите.Навистина многу ту благодарам на советите.Кажи ми само уште како закажуваш кај Јани? Јас мислев дека не работат со трудници, затоа отидов на приватно.Матичен општ или гинеколог ти закажува?
И сме Искрено мислам благодарение на сите членки тука го поминсв тој тежок пат до бременост и сеуште многу ми значи подршката за се.Ќе пробам и јас некако да закажам кај Јани само не знам колку ќе успеам, зашто знам дека сега не работеле со трудници, освен со пациентки од претходно што веќе оделе кај него.
Јас пијам од 4000 витамин д3, пиев од 5000 па не ги најдов во аптека па земав од 4000.не е штетен, поголема штета се прави ако ти фали истиот.недостаток на вит д може да доведе до автоимуни заболувања, тоа е мн сериозно, јас првпат кога испитав имав околу 30 и веќе присутни автоимуни антитела, после пиев од 4000-5000 дневно стигнав до 60 ми рекоа пак малку е иако беше блиску до горна граница, ми дадоа витамин д3 да пијам од 300.000 единици еднаш месечно или по 10000 единици дневно, ама кога останав бремена самата намалив на 5000,па сега последно не ги најдов од 5000 по аптеки па пијам од 4000.реумстологот и гинекологот ме советуваа дека е ок вака а после породување да зголемам обавезно. Читав дека и трудници со автоимуни заболувања кои пијат мега дози на вит д3 раѓаат здрави деца со одличен имунитет. Следете ди ги витаминот д, штетите од негов недостаток се катастрофални, ппак ке кажам 30 е многу ниско и веќе е голем аларм, референтните вредности кај нас не се нешто во ред, обично околу 70 се смета за долна граница на вит д3 с кај нас е тоа горна граница.
Маја, матичната ми закажува со шифра i80.0 за флебитис и тромбофелитис, благе везе нема, одам и го плаќам прегледот 390 денари зошто ова не е дијагноза за трудници ама барем завршувам работа да влезам кај него. Нека ти закаже со оваа шифра. 100% ќе најде термин, може ќе почекаш 2-3 недели ама ќе најдеш Фала на совет. Утре ќе закажам испитување на Д витаминот
Фала ти мила, навистина ја ценам оваа помош.Долго време сакав да закажам кај Јани, ама мислев дека нема да успеам.И кажав на матичната уште утре рано да ми закаже на 24ти со таа шифра.Ги земав и апчињата Идеос
I jas ovie gi pijam Petrova mi gi preporaca, rece da ne se maltretiras da meris ovie ti se taman ni mn ni malku zaso sigurno i na dr nacin nesto se vnesuva
Баш убаво објаснето.И мене ми се собира околу 4000 iu, и пак мислам дека е малку.На последно испитување ми беше 26.Според референтните вреднисти на клиничка биохемија тоа е нормална вредност, а според референтните вредности на Авицена таквата вредност се смета за недостаток.Навистина не разбирам со какви вредности работат на клиничка биохемија кога од 10 до 44 се смета за нормално, а секаде вредности под 30 се сметаат за недостаток.
Фала ти.Да, може и трансфузиологот (ако правиш контрола кај трансфузиолог) да те прати да испиташ вит д.А може упат и од интернист секако.
Tu kako ne pisav porano vo cet bev kaj transfuziolog Jas mislev maticniot ginekolog dava, ama aj za 4 nedeli kontrola pa togas