Мене ми го дава општ матичен али мора на упатот да пишува дека си бремена. Ако не пишува ќе ти наплатат
Нека пише дека си бремена во упатот, имаат шифра за тоа, ако не ти пише дека си бремена не знам дали би ти направиле услуга да не ти наплатат, јас во декември кога испитував, земав упат од матичен, ми пиша и шифра за бременост, и така не ми наплатија ништо.
а сега гледам си кажала за во упатот, тој е веќе кај мене од пред една недела ама не знам каде стои таа шифра. Ќе видиме. .
Ispituvanje na Ddimeri na transfuziologija e 250 den.so obicen upat od maticen.za pacienti so prelezana korona ,jas bev
ни мене ни на мажот ми не ни наплатија. е сега не прашав дали резултатите одат дирњктно кај матичниот или се зимаат од кај нив. Ако се зимаат таму може тогаш да се плаќа. Иначе 150 ден ее само д димери а 350 плус фактори на хемостаза
Здраво на сите, денес сум 22+3 недела, претходните денови го осеќав бебето, вчера само малку ептен, а денес воопшто не го осетив да мрда. Бев сабајле се движев малку, но никако. Има место за паника, постојано на тоа мислам. Бев на контрола на 21.01 се беше океј, сега сум малку загрижена.
Касни си малце повеќе благо, напиј се кока кола и легни на грб на кратко. Смири си го телото и сигурна сум дека ќе го осетиш Јас од сабајле не го осеќам, само навечер. Некогаш почесто некогаш поретко
Преку ден од што сме раздвижени а они се уште мали и не се осеќаат или па се спанковци и навечер се активираат
И јас повеќе навечер го осеќам, вечерва ако го нема да се "јави" благото до мене и ќе правам експеримент хаха (иако не обожавам многу благо)....Фала Ви за одговорот
Не ве пратев неколку дена,ако се сеќавате пишав пред некој ден глава ме боли,мислев од времето ама вечерта почнаа да ме болат и мускули,да ме тресе грозница,и се преплашив,земав одма појачав витамини,супа,еден парацетамол и другиот ден ми беше подобро. Ептен стресно бременост за време на пандемија,човек и да настине ќе се смрзне од страв и паника.
Од тоа што имам читано до 27ма недела е нормално ако не е премногу активно секој ден. Јас сум 19+5 и пред два дена се осигурив дека тоа мрда, ама ударите се уште слаби и нежни. Најмногу го осеќам кога лежам, обично и јас навечер, ама знае да си мрдне и од сабајле некогаш дур сум уште во кревет или додека сум на работа во мирна седечка позиција. Особено имам приметено дека се активира ако пијам кафе или јадам чоколадо.
Девојки здраво, сакав да ве прашам, дали ви "крцкаат" коските, при станување, одење, и умерени болки? И дали некој од вас пие калциум, независно од пренаталните витамини? Средина на 14та сум, матичната совет "како сакаш"...
И мене така ми беше и кога го прашав матичниот дали да пијам калциум ми препорача повеќе да обрнам внимание на исхраната за да не земам дополнителни витамини покрај фемибион кој го пијам,така да сега секој ден пијам барем по пола литар млеко и плус обрнувам внимание на други млечни производи преку кои природно примам калциум и се осеќам убаво, 27 недели сум сега и немам мака. Пробај и ти така па ако не ти се поправи разговарај уште еднаш со матичната.
мене и во првата и сега ми крцкаат зглобовите на нозете, колена и скочни зглобови. И тоа поише пукаат него што крцкаат ептен се слуша. Ама после бременост го снемува тоа.