27 недела денес... Ние се преместуваме во Трето тромесечие.Супер си растиме си напредуваме си се задеваме.... Второто тромесечие дефинитивно супер го поминав без компликации,паника од време на време нормално имав леле не ја сеќавам убаво па оди на гинеколог ама тоа е кога не ја гледам чудно ми е да не ја сеќавам....Неделиве дефинитивно си поминуваат ептен брзо како вчера да беше тест кога направив а сега 27 недела.. ги одбројувам неделите за да си се гушкаме.... Девојки да ви помини како песна второто и ве чекаме во трето гушки до вас
И јас сум 27 недела, како си поминуваат неделиве тоа е чудо. Малку ме фаќа страв кога ќе дојде денот, ама за нашите најмили ќе издржиме. Со лесно на сите мајки
Мешковци 27 или 28 полни во трето тромесечие? Да знам уште колку недели имам пред да ме фатат паниките.
Јас пак по ова гледав. Леле, ако сум грешка уште неполни две недели и јас ви се придружувам. А си го лажев мозокот имам скоро цел месец. Леле, летна времето.
Јас пак овде запишувам последна менс и ми кажува точно која недела сум https://tvoebebe.com/BREMENOST/sedmicibrem.php
Мешенца од кога ви почнаа киселините? Еве кај мене веќе неколку дена се неподносливи. Утре ќе бидам полна 20 недела. Матичната вика да не јадам леб, бели пецива и благо а какоо да не јадеш кога штом видиш ти течат лиги Како и да е одлучив да ги намалам. Но еве приметувам и од овошје имам киселини. Изгледа од се имам Купив гастрогард ама незнам дали можам да ги пијам пошто прочитав дека имаат калциум и магнезиум а јас веќе во денот внесувам 500мг калциум и 375мг магнезиум
И претходно одвреме-навреме имав киселини, ама некаде од кај 20та недела почнав поинтензивно да имам. Сега сум 25 полни и веќе нема ден без гастрогард. Можеби претходно ми беа условени со храна, сега од сѐ имам киселини (тесто, месо, чоколадо, портокал, банана, марула... ). Нема врска што имаат калциум и магнезиум, во форма на карбонат се, заради киселините, можеш да пиеш. На нив пишува до 11 дневно, ама јас од 3 повеќе не сум се напила. Ептен ако не можам да издржам, пијам сода. Ладно млеко, јогурт, јаболко, маслинки веќе не ми помагаат.
јас од почеток до сега, 17 сум дали една недела имав пауза, ги имам поручек, со подуеност и гадење ама не повраќање. Мислам дека ми се од прогестеронот да не примаш некоја терапија?