Мене ми почнаа од пред една недела, две. Ама немам секој ден и обично ноќно време ме фаќа. Мене ми помага Рупурут многу и зелено јаболко. А и Гастрогард се безбедни во бременост.
Девојки фала ви , ќе изгураме некако со киселиниве @minne992 ќе пробам со ладно млеко обавезно @Naatashka123 радувај се додека немаш пошто после мачно е верувај @IRBBB Добро штом е така и јас ќе си пијам навечер, прво нив па млекче и во кревет @AnonimnaDevojka терапија примам само клексан, прогестеронот ми го прекинаа во 16 недела.Али не е до терапијата, до самата бременост е @kostovaivana ете па не ми текнало и зелени јаболки одам да купам, ваљда нешто од се ова ќе помогне
Јас забележав најчесто навечер кога ќе си легнам киселините ми се најизразени особено кога лежам на десна страна па си се свртувам нс лева страна и многубми е подобро и така заспивам
Да и јас ги имам навечер најмногу и буквално неможам да заспијам од што ми е мака. Може да има влијание и страната али мене ми е подобро само во полуседечка положба, штом легнам ги осеќам одма
Мамички, помош. Како се справувате со нервозава и хормониве? До сега ништо не ми беше, супер си терав ама неделава начисто се пореметив. Само нервоза ми иде до степен да не можам да се контролирам. Само се карам со маж ми и мајка ми. Шо и да ми речат одма на карање и на дерење си подразбирам и само викам. Ќе се извикам и после одма солзите и плачам. Цела недела сум ваква, не можам да си се поднесам а тек на моиве како им е. Мислам ќе ме исселар кај и да е . Кажувајте лек иначе 19+5 сум
Нема помош и јас сум таква. Менувам расположениа во секоја минута. И се нервирам буквално за ситници Некогаш ми иде од чиста мира да се расплачам, па мм што ти е како ти е, неможи да плачиш за без потреба, какви се тие хормони... и тогаш нервозата пак ми се враќа, не ми се плачи веќе Ама веќе мислам и он се навикна на сето ова.
Лек нема хахахха Јас се карам нервозна сум а па некој да ми речи нешто што не ми одговара одма плачам комедии сум
Ох тешко нас. Значи нема спас ќе мора да не трпат нашиве и да ни попуштаат, ќе се опраиме за неколку месеци коа ќе се породиме, тоа е. А некој имаше пишано дијазепам, тој зар е безбеден да се пие во бременост??
Само ако е препишан од доктор секако, на своја рака никако, ама е еден од лековите кои можат да се користат во бременост, односно не е од оние лекови кои се 100 проценти забранети во бременост
Мене за вознемиреност, ми има кажано докторката, во крајна граница од 2 мг. јас два пати се имам напиено до сега, и ми делуваше ептен, паднав во делириум 3 саати ама не би пиела пак, некако вештачко спиење тоа.