@minne992 претпоставив дека е на шала. @Mantub не сум знаела дека е еден од тие "безбедните", баш мислев дека е строго забранет
Ако има потреба, секако дека се користи, на клиника го даваат, како и многу други лекови кои не се за широка употреба во бременост, но, со строга индикација и контрола од лекар. Едно е дома, друго се болнички услови.... Но, ако бенефитот е поголем од ризикот, секако дека ќе се даде... неколку само се во таа "забранета група"... цитостатици, радиоизотопи (за снимање) одредени антипсихотици....
Во првата бременост пред 4 год. овде имаше ептен жестока 'расправија' за тоа дали е дозволен дијазепамот во бременост. Се сеќавам како нападнаа една членка оти матичниот ѝ кажал дека смее да пие. Имаше интересни дискусии тогаш
Јас сеуште немам киселини мила, никогаш во живот сум немала, се надевам така ќе биде и во бременоста. Од другарка ми знам дека помага ладно млеко, зелени јаболки, моркови свежи. Пробај што ќе ти одговара на тебе највеќе. Во нормални услови одредена храна предизвикува киселини, ама во бременост изгледа секоја.
Уживај мила додека немаш, секоја бременост е различна. Може и воопшто да ги немаш до крај, ако имаш таква среќа Јас пробав вчера со ладно млеко пред спиење и стварно помага
Вечерва беба ми е најактивна. Си го изнагледав стомакот додека си движеше, и направив и некое видео дури за кога си дојди мм од работа да види Баш сум happy
Зарем ти се познава веќе надворешно мрдањето? Мислам дека имаше термин после мене, а мене уште не ми се познава, јас го осеќам ептен нежно само.
@mace89 за киселини мене во првата бременост најмногу ми помагаше ладно млеко и кисела вода. Сега уште не ми почнале, и во првата почнаа околу 7 месец, кога почнува да притиска бебе на желудник. Инаку претходно никогаш сум немала киселини, а и после бременоста фала богу. @Bella_Stella да не ти е бебето на предна постелка? Ако е на предна нема да се познава мрдањето многу надворешно. Кај мене и првата бременост, а еве и втората е на предна. Во првата дури последните 2 месеци се познаваше надворешно и тоа ептен малку кога ќе стави рака некој да осети, а родив ептен активно бебе, и сега е темпераментна многу, не застанува. Нема потреба од загриженост.
Ептен малку али да. Кога ќе клоцне се гледа но вечерва да видам вака, инаку не се гледаше надворешно. Терминот да, после тебе ми е, ама беба на секоја контрола ми е 6,7 дена понапредна и изгледа затоа веќе почна да се познава ќе почне и кај тебе
Жени мене многу ме чешаат градите... од што можеее? Поготово доле под градата и имам како ситни бурмчиња црвени. За стрии се мачкам со бекутан масло... некое искуство? ((
Фала ти многу. Денес направив чудни комбинации, јадев риба па смути и кога ме фатија вечерва киселините завршив со Како и да е гастрогард ме спаси. За друг пат ќе си поведам рачун што јадам со оглед на тоа што на нас трудниците метаболизмот ни е забавен и треба дупло повеќе време за да се свари храната
Не на задна ми е, тек пред 3-4 дена почнав да го осеќам убаво, ама многу е нежно и внатрешно сеуште. Полни 20 недели сум инаку, мислам дека е рано уште за да се осеќа надворешно, треба да подпорасне уште малку.
Pregnacare plus или femibion 2? Завршувам со премама, и да се префрлам, но на кои? Ко што го читав составот, прегнакер-от, за некој милиграм има повеќе, но фемибионот е фален, фален....