И јас се мислев исто,барам премама во аптека неколку дена веќе ги нема,не знам дали ќе ги донесат пак,ми ги понуди Pregnacare ама не ги зедов ги немам слушнато до сега,реков да размислам да разгледам состав и само што дојдов дома,ми искочи реклама за нив на фејсбук
Да да рано е сеуште, не дека јас го осеќам како мрда скроз или како го видов како ср движи, туку беше една секунда во една точка стомакот како да се поткрена. И толку. Дури и мм неколку пати го гледаше видеото за да види кај е
Па по состав беа подобри прегнакер, сега веќе се многу слични откако ги изменија фемибионот така да кои и да ги земете нема голема разлика освен незнам во цената со тоа што да напоменам дека прегнакерот одат гратис едно зошто е со краток рок.
Нормално е да те чешаат. Хормоните се менуваат и плус во бременост кожата е посува и почувствителна. И мене ме чешаат од време на време. Јас пред бременост имав стакло чиста кожа а сега на грбот бубулчиња, на лицето такви мали црвени точки... кај секој различно но кожата си реагира на промените
Мене ноќеска ме чешаа, ама не цела града, туку брадавицата... се должи на динамични промени на хормоните, мачкам од смесата со павловичева и вит д и е, и полесно ми е...
Јас ништо не разбирам... мајкооо Каква задна, каква предна? Како да го знам тоа? Гинекологот никогаш не ми спомнал ништо за ова... има разлика од едното до другото? Инаку и јас сум 19+5 и не сум го осетила нешто многу
Ќе ти кажат на следна контрола-си мислам на скриниг си сега ќе ти пишува во извештајот-барем тука кај мене пишуваше мк немам правено... Можеш и да го прашаш ќе ти кажи.... Ако е на задна побрзо и посилно ќе го осеќаш ако е на предна подоцна ќе почнеш да го осеќаш
Епа постелката може да биде на заден или преден ѕид. И јас не знаев за ова, тука негде имав прочитано прв пат, ама го слушав докторот дур и диктира на сестрата што да пише во извештајот. Викаат дека тие што имаат постелка на преден ѕид ги осеќаат бебињата малку покасно и обратно. Може е така, ама нас лично ни е уште рано за да ги осеќаме убаво и често, јас сум 20+1. Они си мрдкаат, ама мали се и немаат уште толку многу сила. За неколку недели ќе си ги осеќаме убаво и ќе си се топиме од љубов по цел ден.
Девојки по колку гастрогард можат да се пијат на ден? Со оглед на тоа што веќе пијам калциум од 500мг и магнезиум од 375мг
Почнав со едно, па со две, па со тешко срце 3. Сега плус сода бикарбона растворена во вода измеѓу гастрогард земам, оти ни јаболко, ни млеко, ни јогурт, ни маслинки, ништо не ми помага. Дали дека на господинот главчето му е горе и ми го притиска желудникот, дали навистина тоа е поврзано со растење косичка, не знам, ама дефинитивно не е поврзано со храна, оти пр навечер јадам салата со марула и краставица (алкална пх) и од сон ме будат киселини. А сум во лежечка положба, ете ти.
И јас имам, не пијам ништо, трпам, колку ме боли грб и половина киселина ми е минорна, не и обрнувам внимание.