Јас не знам дали имам осетено да се превртува, мислам не. Ама вчера прв пат го осетив како мрдка и на десна страна, претходно беше стално на лева мрдањето. Веројатно има направено некој колут напред/назад. Пред некој ден и маж ми го осети за прв пат почнаа да стануваат малку појаки ударите, си растеме... Утре сум на втор скрининг, едвај чекам да си го видам, се надевам се има свртено, последниот пат само газе ни покажа.
Здраво мамаички јас сум нова на форумот. Ве читам веќе извесно време и сега решив да ви се придружам. Во второ тромесечје сум 19+5, уште малку на пола пат Втора бременост ми е но првата ми беше одамна така да се имам заборавено исто како прв пат . Во врска со мрдањето дека тоа сега е актуелно да пишам јас го осетив некаде на почеток на 17та недела, постелата ми е на преден зид и највеќе го осеќам кога лежам на грб но го имам осетено и странично и стоејки и седејќи поздрав мамички
Колку ме боли главата денес, ме тера на лошење... Да помине ова и ќе организирам Кетонал форте дружба...
Исто и мене Дефинитивно е од времево. Јас бев малце да прошетам, заврна и толку ми треба да за ме фати главата Ќе направам едно појако кафе, сабајле пиев едно но се надевам не е страшно и две некогаш да се испијат во денот
Јас константно си патам од вакво време, и пред бременост а и за време на бременост сега. Тежок метеопат сум. Од октомври до таму април едвај функционирам, не ми се искача, главоболка.... Катастрофа... Многу малку сум активна и тоа не ми се допаѓа, се тешам од април ќе надокнадам, термин ми е јули, има време два, три месеци . Иначе имам проблем последнава недела две со кичма, почна да ме боли, можно ли е да е од стомакот, пошто си имам стомаче веќе и се познава убаво, ама се мислам рано е, сега ако боли што да очекувам бебе кога ќе направи кило, две, три
Ја си пијам некогаш и по три кафиња. Некни баш ја прашував Симонида колку кафе дневно може да се пие, ми вика да си пиеш нема гајле тоа. Ако ти се пијат и 4 и 4 можеш да пиеш. Ја како шо сум кафеџика ептен убаво ми дојде
Јас пијам најмногу едно, ама понекогаш толку многу ми фали барем уште едноИ мене убаво ми дојде што ја сподели информацијата Фала ти.
Добредојде. Јас сум 19+4, ептен сме блиску со терминиве иначе исто на почеток во 17та недела ја осетив беба моја
Јас на почеток еден период не пиев ич, после прв триместар почнав по едно на ден, а сега веќе пијам и по две. Повеќе од тоа мислам дека нема потреба, сепак се што јадеме и пиеме го менува и вкусот на плодовата вода, многу кафе мислам дека не е ок да прима бебето.
Еееј па заедно сме во јули Кога ти е терминот? Мене 26.07.. Кичма уште не ме боли, ама киселини, некои повремени болки во стомак... За главоболкава пијам парацетамол...не дека ми помага нешто многу, ама тоа е...Лимон, темница, од второ кафе ме фаќа нагон за повраќање....
Јас малку порано, 01.07 ми е исто и јас парацетамол ама при јаки главоболки не проаѓа, магнезиум и тоа друго не зимам. Баш ми е мило што сме блиску да си споделуваме искуства ❤️
Леле мила ме израдува сега И јас сум кафеџика и барем некогаш по две кафиња убаво ќе ми дојдат Симоноида е голем стручњак така да штом она смета дека не пречи кафето, убедена сум дека е така, секако се во граници на умереност @Bella_Stella така е мила али јас сум со ептен низок притисок некогаш и 70 со 50 така да без кафе ќе сум кома. Две доста ќе ми бидат
И јас сум со низок притисок мама, ама кафето моментално му делува на притисокот. После уште толку те треснува од земја. И мене ми се пие кафе, претходно знаев и по 3-4 да испијам, дека и пушач бев, ама 2 мислам дека се сосема доволно. Сепак нели викаат бремена жена дека не треба да консумира тоа што не би дала на бебето.
Ај уште ова да прашам се изнапишував денеска многу слободно време Како ви е мами притисокот во второво тромесечје? Мене ми се движи од 60 до 70,75 нискиот и од 90 до 110 високиот и знам дека тоа е во ред. Како сте вие со притисок? Мерите ли редовно?