И јас имам и тоа повеќе.Кај мене ги видоа во 19та недела.А пред две три недели немав ниту еден.Не се секирај, ќе тераме до крај со клексани.Изгледа доста се појавуваат.
И јас имам лакуни ми ги видоа во 18 недела. Ми кажаа дека се мали и не е ништо страшно но терапија клексан и аспирин си терам. И жени што немаат ризик од тромбофилија ги имаат ни самите доктори незнаат зашто се создаваат. Додека протоците си се во ред и бебче си напредува нема простор за паника
Јас имам од 27 недела, сега сум 34та, два пати испитувам димери и хемостаза резултатите се супер и не примам никаква терапија. Матичната ми рече додека бебето си напредува нема простор за паника. Само ми рече да одам на котрола на секои две недели.
Па и моето си напредува добро цело време е една недела понапред и така се недевам ќе си продужи, фала за искуствата
Здраво Од пред две недели ми се јави интензивно чешање кај зглобовите, нозете и на рацете, само навечер, но ретко. Дали сте имале такво искуство? 34та недела сум читав на интрнет дека можно е да има некој проблем со црниот дроб.
Провери директен, индиректен и тотален билирубин. Секој од нив е по околу 100 ден на приватно или бесплатно со упат од интернист или кожен доктор.
Мене ми видоа две лакуни во 17+ недела. Не примам ништо, следен понеделник ќе испитувам Д-димери и Хемостаза, па ќе видиме што понатака. Докторот ми рече дека не е за грижење и дека не мора да значи дека имам покачени Димери или дека лакуните ќе прават некој проблем, честа појава биле.
Фала мила на одговорот и докторката моја воопшто не изреагира и рече дека нема потреба од грижа ама нели знаеш какви сме ние жениве додека не слушнеш од повеќе луѓе дека не е за грижење неможеме да се опуштиме
Нормално и разбирливо е да се грижиш мама. И мене кога ми кажаа читав и се распрашував, не ми беше сеедно. Биди спокојна, прави си редовни прегледи и ќе биде се во ред.
Мамички добро вечер. Имам едно прашање, веќе сум 21 полна недела и од вчера по малку, а денес веќе повеќе почнав да чувствувам како болка... Незнам дали да ја наречам болка повеќе е како нелагодност доле меѓу нозете кај вагината.. Посебно кога облакам кондури на пример.. Кога давам повеќе напор на тој дел... На контрола сум тек за недела и пол и ме фаќа страв незнам дали е тоа нормална појава или причина за загриженост... Споделете искуства поздрав мами
Немаш простор за грижа, истото го чувствувам и јас, исто и другарка ми е бремена и она ми се пожали на вакво чувство. Некој нерв е, расте бебето и натежнува веројатно. Мене ми помагаат вежби за истегнување. Еве линк:
Истата бoлка jа имам (тапа бoлка) какo да ме притиска бебетo.... Денес се напив втoр пат магнезиум и тек тoгаш ми се смири. Вo пoнеделник сум на преглед па ќе прашам.
Имам прашање Како разликувате стврднување на стомакот и лоша положба на бебето? Вчера беше ептен активно и смени позиција, со грбчето како да ми прави притисок на стомакот и чувствувам стврднување, ама и како подуен Незнам што е ама не е баш пријатно чувство
Ако чувствуваш стврднување, или како топче во едно место, како да се грчи матката, да се стега, не може да се објасни, не знам ептен чудно чувство, баш како што опишуваш. Јас како тебе не знаев што е што, не можев да приметам, накај 7ми месец, ме фати ептен јако, дури и со болки беше, па одев на дежурен, ама остај ме мене Цело време ги имав тие лажни контракции, сега во 9ти, ни болки ни ништо Не се секирај, додека се без болки нема гајле, матката се подготвува и нормални се да ги имаш.
Може некој да ми објасни дали менструалните болки (не јаки) во бременост се нормални и што значат? Јас сум 22+4 и утрово така малку ме подзаболува доле... Вооедно, какви се лажните контракции... јас се изначитав и пак не сфатив. Има некоја искуство како се чувствуваат и дали е можно да се јават порано?
Можно е кога требало да ти иде менструација некаде тие денови имаш слаби менструални болки , јас исто имав до пред некоја недела... а за лажни контракции е се уште рано
@thelittle17 изгледа дека за неколку дена влегувам во 7ми па за добредојде ми беше ова Среќа не беше болно иначе ќе испаничев ќе го терав мм среде ноќ да ме носи. А да нагласам втора бременост ми е ко падната од марс, со првото немав ни лажни ни прави болки, со 2 провокации на крај царски. Ова ќе ми наплати изгледа