Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Здраво и од мене, еве јас денес влегов во 21 недела, и иако на 30 јули сум на вториот скрининг не можев да додржам и бев на ехо да си го видам бебчето кај др. во Охрид, бидејќи сме на одмор тука. Многу сакам вода, но ми е страв да се бањам, ладна некако ми се чини....здравје во септември во Грција.
     
  2. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    309
    Здраво девојки, ме немаше долго време, бевме на одмор до Грција, си го прошетав стомачето и супер ми беше :inlove: Бевме и на скрининг мама носи момченце најубаво, имам и сликички и ги гледам секои 5 мин, солзи ми доаѓаа кога ми кажуваше д-рот дека се е одлично :inlove:
    Не знам која праша за мрдањето на бебуш, еве од мое искуство прв пат го осетив кога имав 19 полни недели и тоа не бев сигурна дали е тоа, а сега после 2 недели и стомачето ми мрда лево десно :) Д-рот ми се изнасмеа :)
    Ве гушкам сите, пишете како сте, како издржувате летово :*
     
  3. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Јас се двоумам дали да одам на тој скрининг што се прави од 20-23та недела во Државна болница :?:
    Гинекологот ми рече дека не е обавезно да го правиш скринингот,тој мора да си каже дека имаш опција да го правиш или не. Е сега кога бев на првиот подетален преглед во 13та недела сите мерки беа ок,исто ме гледаше и на 3д ехо и се беше во ред.И во 18та недела бев на повторен преглед исто така мереше големина на мозок,срцето и другите органи беа во ред и плодот си одговара целосно на гестациската недела. Е сега сакам да ги прашам другите трудници што не се од Скопје дали ќе одите на скрининг во државна доколку се е ок на прегледите кај матичниот гинеколог? Јас мислам дека ако има нешто сомнително на тие прегледи самиот гинеколог обавезно ќе те прати на тие детални мерења кај специјалист. Ве молам споделете искуство,мислење.... :)
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.612
    Скринингот во 20-22 недела е НАЈВАЖНИОТ во целата бременост, и не знам кој е тој доктор кој ти рекол дека не е морален...на овој скрининг се утврдува дали бебето ги има сите органи, развиени како што треба за тие недели, и ако не дај Боже нешто не е во ред, овој термин е последниот за индициран абортус пред Комисијата.
    Моја најтопла препорака ти е да жртвуваш 1 ден од својот живот и да си одиш на преглед на ГАК. Ем мирна совест, ем второ мислење во бременоста. Со среќа и со лесно!
     
  5. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    309
    Се согласувам со Моира. Скринингот од 21-24 недела е најважен! Ако сакаш можеш да ги скокнеш обичните прегледи кај матичен, но скрининг најтопло ти препорачувам да направиш. Дотолку, што за овој преглед многу често матичните ги праќаат пациентките или во Систина кај Д-р Димчев или Д-р Петрова, или кај некој подобар доктор во државна болница.
     
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    И јас би ти препорачала да одиш, тој е најважен скрининг, а башка мирна ќе си. Јас одам на редовно ехо на секои 4 недели, еве оваа недела бев и сега ми доаѓа скринингот во размак од само 10 дена и пак ќе одам, оф да можам јас секој ден би одела :lol:
     
  7. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Zdravo mesinja, eve i jas se vrativ od odmor vcera. Vlegov vo 19 nedela a vtoriot skrining go zakazav na 11 avgust vo sistina. Isto taka na 12 ke ispituvam D- dimeri, a slednava nedela skrien seker. Inaku se custvuvam odlicno a edvaj cekam da gi pocustvuvam prvite dvizenja na moeto bebence!!!
     
  8. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    309
    Најмили, зошто испитуваш Д-димери и скриен шеќер? Ти препорачаа или обавезно е тоа? Јас поминав на скрининг, следен преглед планирам за скоро месец дена, а докторката ми нема спомнато вакви испитувања...

    Инаку сигурно ќе го почувствуваш за брзо, најслаткото чувство на светот е тоа, секој ден ме радува бебушко со нежното клоцкање :)
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    20.384
    ^^Chache, некои матични порано ги праќаат трудниците на овие две испитувања, некои подоцна. Можеби тебе матичната планира подоцна да те прати на овие испитувања. Јас ги испитував во 5-ти месец, а кога бев за скриен шеќер имаше со мене трудница во 30-та недела, значи 7-ми месец. Прашај ја матичната слободно. Јас од повеќе страни слушав различни мислења, од едни дека се задолжителни, од други дека само оние кај кои постојат одредени индикации дека има такви проблеми, ги праќаат на испитување. Не се ништо страшно и да ги направиш, не се ни скапи ако ги правиш на клиника. Барем ќе си знаеш дека и тоа ти е во ред :)
     
  10. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Chache maticnata mi preporaca da gi napravam ovie ispituvanja, no neznam dali se zadolzitelni. No bi sakala da znam dali imam skrien seker i mislam deka nema da mi preci edno ispituvanje plus. Jas poveke sum zagrizena sto seuste ne sum go pocustvuvala bebusot iako sum 19 nedela, a citam deka poveketo posle 16 nedela go pocustvuvale....Edvaj cekam da go vidam na skriningot so nadez deka konecno ke go doznaeme polot...celo vreme ni se krie ....pozz i lesna bremenost do site mesina.....
     
  11. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    309
    Фала девојки за одговорите, ќе си прашам на следниот преглед кога да ги направам.
    Најмили и јас бев иста како тебе, бебуш не се кажуваше што е и не го осеќав, прв пат го почувсвував во 20та недела и тоа кога ја држев раката на стомак, како мало рипче да те допира од внатре :) сега веќе знае и да ми се разбранува мешето од клоцање и си се задеваме :)

    Не се грижи сигурно си е се најнормално, пиши ни како ќе поминеш на скрининг
     
  12. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Мамички здраво. Ние се избањавме во егејско моренце и супер ни дојде со бебушот :$ Инаку наредната недела ќе одам на вториот скрининг и мислам дека тогаш ќе ми испитаат и скриен шеќер (значи во 6ти месец од бременоста) Јас си го почувствував бебушот мој во 19та недела, како ми игра нежно во мешето, најчесто после јадење и кога се одморам (ако сум во движење - активна физички нема шанси да осетам нешто) Бидете ми добри... :*
     
    На Detelinka029 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Fala ti na utehata Chache 87...ke se potrudam da bidam trpeliva i da cekam....drugo ne mi ni ostanuva!!!! Ne dava da go vidime polot ...nemozeme da go pocustvuvame...mnogu svilenko e malovo uste na pocetok!!!!
     
    На Detelinka029 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Колку брзо поминува времето?!22 недела сум и вчера бев на 4 Д. Направив детален преглед на сите делови на бебушот, ми го потврдија полот момченче немирно, само мрдаше па долго време останавме кај докторката. Битно се си е во ред и многу сме среќни. Инаку здебелена сум 7 кг. страшно звучи ама не изгледам дебело или можда јас си се залажувам :lol: Многу ми се јаде некако што да правам...
     
  15. milichka21

    milichka21 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Здраво идни мамички! Пред два дена ми земаа микробиолошки брисеви и матичниот само што го стај тоа железото ми рече дека сум имала некоја инфекција. Јас немам мн бело прање,ниту пак некаков посебен мирис,а и ништо не ме чеша. Тој ми препиша да ставам вагиналети Gyno-Daktarin и Vagisan.Првите 7 дена,па 2-3 дена пауза,па потоа вторите. Дали некој има вакво искуство или слично. Тој ми рече дека не влијаеле на бебето и не можеле да предизвикаат никакви проблеми,само гадно ми е разочарувањето бидејќи внимавам на апсолутно се,а сега излегува некаква инфекција. ПОзз до сите
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.549
    Допаѓања:
    247.326
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја трудница има инфекција или исцедок некаков.Јас сега исто примив вагиналети исто ми рекоа инфекција.А сите брисеви ми беа негативни значи немаше присуство на бактерија а тоа е најважно.
    Можеш чај од брусница да пиеш позитивно влијае на инфекции,носи си памучна долна облека и избегнувај секојдневни влошки :)
     
  17. MilaMila13

    MilaMila13 Нов член

    Се зачлени на:
    5 јули 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    A rezultatite sto vikaat? Bez razlika na toa, i jas stavam Gino-daktarin dva pati nedelno, preventivno iako site brisevi mi bea negativni. No imav pojacan sekret. go imam i sega, no ne tolku mnogu. Mislam deka ne e ni normalno da nemas ic, sepak toa e takva sredina. I nemora da e bakteriska infekcija tuku gabicna. ovie vaginaleti se i za ednoto i za drugoto. bez gajle.
     
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.757
    мешиња како сте? се надевам сите сте добри. јас сум супер си се бањаме секој ден со бебуш на море :lol:

    инаку денес испитував скриен шекер.

    утре влегувам во 26 недела а и имам преглед кај мојата докторка па се надевам дека се е во ред.

    :* :*
     
  19. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    6.659
    Пол:
    Женски
    Мамички само да ве поздравам и да ви кажам дека сте во најубавиот период од бременоста. Уживајте.. ЈАс во 2-ро тромесечие не ни осеќав дека сум бремена, како пеперутче бев. Сега во 3-то ми е малк тешко, де отоци, де грчеви на нозе и раце... А башка што станав мрзлива до немај каде :lol: Лошо се погоди 3-то тромесечие сред лето, но тоа е :)

    Со лесно на сите мешковци :f: :f: :f:
     
  20. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Женски да ве прашам како стоите со сексот?Имате ли?Јас имам огромна желба и вчера после 5 месеци првпат имавме, но ме болеше и престанавме :( Мајка ми вика леле срамота како некоја заостаната сум била што не сум сакала да имам, ама немав до сега желба и сега кога ми се јави ме боли. :P