Девојки каде го правевте вториот скрининг? Ќе одам на гак, ама би и во Систина, што знам, некои "шубиња" ме тресат..на прегледот бев 17+3, и таман се си се израмни сеа пак "одговара на 17+1", а главчето на 18та...и сеа филмови, cineplexx...
Од крај на 19-23... планирам здравје, во 20та... Можда глупо ми е прашањето, ама стварно не знам, што е разлика 4д/5д?
На ГАК немаш термини, јас си бев во Ремедика. А и да идеш на ГАК ако имаш можност појди си и приватно.Јас за првиот скрининг бев и државно и приватно
Јас кај Димчев во Систина и сум презадоволна. За се детално кажува и човекот е многу смирен и позитивен
Јас на втор скрининг кога бев кога го видов главчето 5 дена поназад паники 300 ме фатија.Потоа ми кажаа дека до 2 недели понапред поназад не е проблем.Наредна контрола главчето пак 5 дена поназад ама и стомачето и беше поназад-а стомачето варира понапред поназад... Секое бебе не е исто некогаш ќе напредува во нешто повеќе некогаш помалце без грижи
Јас го правев 20+3 кај мојата матична, во Гинековита, престручна акушерка и тоа. 50 минути траеше прегледот, 1500 денари платив.
јас здравје за две недели имам закажано втор скрининг, сега за сега до ден се точни сите димензии ,што малце ми е чудно. Иначе сум 20+недела и до сега од почеток три пати ми мери цервикс 34, 36 33мм и сталновика епа толку е, исто. . а нели е битно дали е во група 35-40мм или 30-35мм. умерено движење ми кажа, а јас од паника немам од дома излезено
Ептен се стресуваме... Не знам, не познавам жена што е смирена скроз, не помислила на безвезни работи, па блажено си турка низ цела бременост... Јас лично, нема бројка што не сум ја прогуглала...
Мене ми измери 36 мм Котларова во 21 недела и кажа супер ти е, слободно пешачи си и јас не сум застаната. Што им е на докториве па колку треба да биде цервикс за да е нормален, ептен некој што повисоко го носи бебето па може да му е 40мм. Значи немам коментар
Е тука лежи проблемот. Некогаш самите од ништо нешто си правиме. Небаре сѐ е по книга или секогаш 2+2 се 4. Се изреметив на почеток дека поназад ми е плодот (4,5мм беше наместо 5,5), па на крај испадна од покасно зачнување е, секој преглед си беше сѐ поголемо. Откако корегиравме термин за 5 дена, на почеток ко по книга беше, јас 14+2, тоа одговара на 14+2; јас 16+5, тоа одговара на 16+4. Последно филм си увртив околу втор скрининг, поголем му беше бипариетален дијаметар со недела и пол. Сто дијагнози си поставив и му поставив и на крај ми идеше самата да си шлапнам една. Наместо да уживам и да не се стресирам себе и бебе, јас во крајности одев. Таман 'се смирив' на два прегледи со ред бебето беше тахикардично. Тахикардија 161, максимум дозволена 160. Ајде одново гуглај, истражува, стресирај се, оди на дополнителни прегледи. Сега веќе си ветив дека нема да се замарам, нема да одам на 15 различни мислења (освен не дај Боже ако има реална причина, а не дека цервикс ми бил 1мм пократок или дека фемурот бил поназад 3 дена од терминот). Засега си стојам на ставот и искрено многу ми е поубаво. Уживам, навистина уживам во бременоста (колку што се можи, ако ги занемарам киселините ). А, и парите дадени за дополнителни приватни прегледи, можат да се искористат за да се купи нешто за бебе. Ако има нешто и матичен ќе види. И на гак, и чаир и во систина ќе видат. А за мерки, 100 доктори да мерат, 100 различни мерки ќе кажат. Различен принцип, различно ехо. Мене во ист ден на две места со 300гр разлика ми го измерија бебето. И на двете места одговараше за неделите.
Ако има нешто, и на Гак ќе се види убаво си кажа. Нема потреба дополнителни стресови. Од денес сум во ова тромесечие Уште не ми се верува дека сум бремена ама кога и да мислам на себе Вторава бременост мие полесна во психички аспект не мислам толку некако сум сигурна дека ќее се ок ама понекогаш паничам ама брзо ми проаѓа. Прв скрининг и прска поминаа супер. Ова бебе ќе си го наречам херој бидејки што не претрпе во мене овие денови само Господ ми го чува Пол ми кажа ама не беше сигурна па на следен преглед ќе потврдиме. Со мерките на бебето јас не се замарам само да нее назад. Малиот секогаш бегаше 2 недели понапред, се породив во 35 недела а он беше тежок 3.400. И ова исто бега цела недела.
И јас се чудам со ова, мене вака ми се движеше околу 35 и ок е ми велеа на две места кај што одам во мојот град. Во 32 недела 25 беше и тогаш ми рекоа дека е ок за тие недели. Само пијам дабростон ајде за мир на душа да имам. Овде читам членки со ваква должина во 34 недела на патолошка ги задржале, па паники триста. Мене тука ми велат дури и да се породам во 34 дека нема да има проблем освен што ќе треба да полежи бебето во топло креветче.Чудна работа. Еве од ко ми измерија 25 си терам уште еве 34 сум и немам ништо.
мене од 11та недела ми вика умерено... еве веќе трет месец така... значи до докторот е јас прво лежев ептен ама сега се рашетувам по дома. После скринингот ќе видам да почнам и надвор таман ќе се оправи времето.
Мене ми измерија 42мм, ми рекоа супер дека е, а ја пошо ништо не се разбирам мислев малку е а бебе беше 5 дена понапредно