Здраво женски, дај малку утешете ме дека не сум единствена. Имено, полни 22 недели сум и почнува да ми станува ептен тешко, кичмата ме боли доле ниско, неможам да седам, неможам да фатам позиција ни на лежење, моментално најубаво ми е на грб кога лежам. Имам некој болки и кај препоните, нозете ме болат, понекогаш кога ќе станам од кревет неможам да се исправам неколку секунди.... Незнам дали е ова привремено, бебето го осеќам уште ниско доле мава, или вака ќе ми биде на даље.... Ако е вака сега, кај ќе ми биде крајот 8ми, 9ти месец Или да очекувам подобрување
Welcome to the club Ќе се навикнеш и јас мислев дека нема да можам на грб и на страна , купи си од оние перници за бремени или стави си и обични и меѓу нозе обавезно перница . Ќе си го фатиш калапот за спиење. А за болките во нозе само магмезиум дирек јас го пијам 2 пати на ден , пак исконсултирај се со матичен . А за бебчето немај мака како што ќе расте ќе си се качи погоре знам и јас така бев сега е др песна веќе 27 недела сум , кога лежиш или одмараш стај си перница под колковите и нозете да бидеш подкрената малце и притисокот ќе го снема . ❤️
Update од мене: Денес бев на фетална ехокардиографија кај доктор Драшко во Систина. Докторот си е супер, баш е стручен и детално објаснува тоа што гледа и што е битно. Добро поминав на прегледот, само ми рече пак да дојдам после 6 недели на контрола. Демек, ако до тогаш не се појави нешто, се ќе си биде добро до крај. Информацијата чисто ја споделувам затоа што знам дека некои членки исто беа заинтересирани за овој преглед. Не знаев дека се оди уште еднаш, и за тие што планираат да отидат само еднаш, подобро е тогаш во покасните недели, 29-30та г.н. Нормално, тие што се во можност и сакаат, можат да одат со 22 полни недели, само да знаете дека ќе треба (препорачано од самиот доктор специјалист во таа област) да го направите и овој вториот преглед покасно.
Денес ми беше прегледот, со тоа што денес ја почнувам и 24 г.н. За следниот преглед ми рече цели 6 недели да поминат, па да закажам термин.
Ќе поставам глупаво прашање ... 16+3 сум..Минативе денови некако како да ми беше како поголем стомаков, денеска како помал ми се чини??? Некако се плашам.. си викам ако нешто не е во ред сигурно нема да покажи на големината на стомакот ....уффф мн некако сум плашлива направена
Исти сме сите значиЈас цело време се замарам со тоа, еден ден ми личи поголем, друг ден помал, а 22+5 сум.Посебно разлика има наутро и навечер.Мислам дека само ни се чини така, се си е во ред.
Лелее многу се плашам..12 недела ко бев прокрварив и сега само сум стресена... Како викаат еднаш кога ке се изгориш и на јогурт ке дуваш
Денеска имам зачестено мокрење на 15мин, пола саат.До сега не сум имала нешто посебно туку нормално.Неколку дена сум и настината со главоболка и мала болка во грлото.Испив само еден парацетамол вчера, онака гледа само со чаеви и со природни сокови да го надминам ова.Но денес сум загрижена бидејки имам и болки ниското долу и во стомакот.Дали има место за загриженост.Немам болки кога одам во тоалет, иначе од утре сум 20 недела. И секој ден имам нова грижа, никако не можам да бидам спокојна
Лелееее истото и мене ми се случува. Јас сум 23+3 и еден ден ми е поголем еден помал. Повеќе се трипаме него што е стварно така Инаку гооооолема разлика има навечер и сабајле
Мене стомакот драстично ми се разликува сабајле и навечер, буквално сабајле ми е многу многу помал. Ама мене ми е склон на подувување и пред бременост па знам дека сето тоа е нормално
И јас сум иста леле Еден ден ми е поголем, другиот ден помал. Т.е така мислам И само на огледало се гледам како ми расти стомакот
Леле како јас да сум пишала е баш мие така, разлика голема од утро до навечер, исто и јас сум склона кон подувување , дури денес ја прашав докторката дека се подувувам рече нормално е .
За гледање во огледало не збори, по 100 пати во ден, врата од купатилото ми е целосно огледало и помини замини само тоа правам, сопругот вика ќе ја извадел вратата сум претерувала со гледањево
Женски само што ја земав крвната слика, се изначидив дури не ми е верна,.. Од почеток на бременост железото ми е од 15 до 20 варира....сега јас очекувам помало нели како напредува бременоста тоа плафон, 29.2.... Немам променето ништо, си ги пијам премама од старт и магнезиум... Баш ме зачуди и ме интересира дали воопшто е можно да се покачи....22+0 сум иначе
Хахахах јас па кога излезам од wc во ходникот дирек во огледало И му велам не сум јас крива што е тука огледалово