Почнаа стриите... Се ми е мрсно од тие кремите, и џабе... околу брадавиците, цели гради ми се... Црвени линии, тазе... а тек 18+4...до 40?
Лелее, unpopular opinion ама јас ептен сакам да ми се појават стрии многу ми се кјут и специфични и секси, ама не ми излегуваат никако, можеби дека не накачив многу кг, 22+5, само 4кг имам качено.
Еден update од мене. После денешниот преглед Денес 23+1, јас си сум супер, поправена 4кг, бебка е 740гр. Досега поминувам супер, како да не сум бремена, ми се појавуваат некои симптоми но по еден ден траат само е сега расти стомаче, боли грб по малку ама не е страшно. Со перницата за трудници е многу подобро спиењето барем. Понекогаш имам некои болки како кај левиот јајник и ногата мислам ми се здрвува, но тоа било од што бебето ми мавало на некој нерв И некако последниве денови многу ми се спиееее, и притисокот ми е 100/70 секогаш ми е низок, но сега и низок и блиску ми се. Незнам како да си помогнам еве сега одвај пишувам мислам, ќе заспијам Искрено не ја мислев ваква бременоста, мислев потешко ќе е, но досега е топ Поздрав женски
Баш убаво што ја виде денес лепотицата, сигурно срценцето ти е полно сега За грчеви и јас имам во нозете. Препоните ме болат преку ден а навечер во ниедно време почнуваат да ме болат нозете. Уфф незнам зашто така А за килажата браво како успеваш така. Со која килажа почна? Јас се раководам според апликациите на интернет, почнав со 55кг а сега сум околу 62,5 и според апликацијата сум во нормала. Ми пишува дека треба да качам 17кг и тоа така си го сватив па додека сум во нормала со апликацијата ич не му ја мислам
И јас сама незнам како успевам внимавам искрено, ама сепак и благо јадам секој ден и бел леб Со 52кг почнав, ми вика матичнава супер си и докај +15кг можеш да одиш. А не реков И јас имав симнато апликација али мислам дека ми е избришана а зошто незнам последен пат кога проверив ми викаше дека малку сум поправена требало повеќе. Ама гајле ми е И бебка некако машала голема ми се виде, т.е потешка од тоа што мислев. Ќе биди некое буце, ама незнам на кого ни јас ни мм не сме Јас со 52кг.сигурно не сум буцка
@mace89 и јас сакав да ја прашам истото @Naatashka123 како успева така Ама мислам сериозно, како ви успева само по 4 кила да се поправите? Јадете ли воопшто? Кога ќе прочитам вака 20+ стварно ви се дивам Пуста јас викендов 28ма недела влегувам 10 кила сум поправена и као внимавам цело време, ретко забушавам со нездрава храна... А викаат дека последниве 3 месеци најмногу се поправа...
И јас забушавам не велам не со нездрава исхрана, секој ден благо јадам Е некогаш слабо ми се јади и не вечерам Се пазам и јас за последните 3 месеци
Јас јадам најнормално, дури некогаш и претерувам и после имам грижа на совест. А како толку малце килограми, јас цел живот сум слаба и имам проблем со качување килограми, па еве и бременоста не е исклучок. А да и вежбам јога (скоро) редовно и често одам по планини и пешачам колку можам почесто, иако сега во зима и не можев баш, ама пак мислам дека метаболизмот игра најголема улога, секое тело е различно...
Девојкиии мислам дека два дена веќе мрда... Чувството е како да ме гали од внатре, нежно, ама ама како ударчиња...по неколку секунди, неколку пати во денот.. Не верував дека може толку да се стопам... Веројатно не сум до толку да се гасови...
Бебето е сигурно. Тек ќе се топиш, секоја недела се повеќе.. Јас синоќа легнав да спијам, а оно се разбуди, ми се спие ми се плаче, ама во исто време убаво ми е што ме мава. Па ќе си го погалам стомакот и реагира, си мрдка.. абе топење невидено...
Сега доаѓам од втор скрининг... Бебе си е супер само е свртено обратно, со ножињата надоле, најверојатно затоа и го осеќам доле ниско... Ножињата му ги осеќам 22 см, 460 грама... Докторот вика идеални се мерките, но кај мене во апликацијата вика дека овој период, 22ра недела треба да е 28, 29 см од прилика... До сега секој преглед ми се поклопува мерките, сега одстапува малку... Малку се исплашив, ама докторот вика таман е.... И уште нешто.. И прошлиот преглед а сега и овој на едно место кај што проаѓа со сондата чувствувам болка, му кажав ама не ме исперцепира, и после сама приметив кога доаѓаше до тој дел дека таму е главчето на бебето, во мојот случај горе десно над папокот, дека нели е свртено обратно... Сте имале ли вакви искуство... Се на се супер помина прегледот, ама јас пак си останав со некои прашалници..
Јас имам неколку апликации на една еве што покажува, дури повеќе е пораснато хаха така да мислам океј сие, а и нрмора да значи дека точно измерил