Леле, искрено ме утеши сега... Јас па ептен се базирав на мојата, не ни ми текна да проверам на друго место, најверојатно дека до сега се поклопуваа бројките....
Не се базирај до толку на апликациите, направени се ориентационо. Сепак секое бебе е различно, има бебиња што се раѓаат 2 ипол, други 3, трети 4 кг. Важно е да е здраво и да си напредува, а ти кажал и докторот дека е така, затоа немаш потреба од паники. За болката и мене ме болеше за време на втор скрининг кога минуваше на еден дел од стомакот, дури и после прегледот имав нетипична болка, ама помина за брзо. Мислам дека беше од што притискаше малку посилно за ваљда да види поубаво или да го сврти не знам...
Да, баш го приметив дека притиска малку не проаѓа само онака...ко да лизга да речам, и баш таму кај главчето ја осетив болката, сигурно е нормално, си викам да имаше нешто не дај Боже, ќе видеше
Веќе 2 дена мн слабо го чуствувам бебе, почна да ме фаќа нервоза, еве сега се изнајадов благо, кока кола, и пк слабо, осетив мн нежно како вибрирање ама не убаво да клоцне, а предходните денови баш убаво го осеќав и преку ден и навечер. Се нервирам, утре влегувам во 24 недела
Не е за нервирање, уште не е доволно големо за да го осеќаш секој ден со ист интензитет. Јас сум 24+0 и исто вака како тебе има денови кога е помирно, како на пример денес, а има и такви кога ептен го осеќам.
Јас исто во таа недела мислам беше + - исто ептен слабо ја осеќав појдов на гинеколог била свртена така што ударите и биле насочени на долу така да изгледа и кај тебе е свртено затоа како вибрирање осеќаш
Девојки јас денес испитав скриен шеќер 24+1 сум. Искрено очекував дека ќе ми се лоши но баш напротив одлично поминав. Ми дадоа глукоза како шербетче ми дојде, си се напив водичка после и си дојдов дома со кола маж ми ме возеше. За еден час појдов пак боцкање и на крај за 120мин пак боцкање. Еве ги резултатите, мислам дека се ок
Каде правеше? Јас сега треба да правам исто. Во понеделник сум 24 ама ќе правам во 25та... и зошто три пати те боцкалееее? Нели два пати е?
Во Синлаб правев. Нив им е по протокол два пати боцкање ама јас си побарав три пати пошто гледам дека докторите така ги бараат резултатите. Со лесно. Ако живееш блиску појди си дома а ако не земи си книга и почекај си во кола
Девојки јас пак да си прашам, цело време се осеќам како подуена, мислам стврднат мие стомакот и цело време како да сум прејадена не во вистинска смисла него така го осеќам стомакот и чекам да ми стане полесно ама не станува, плус што си имам болки и при најмало раздвижувања дури и кога мењам позиција на спиење, не неиздржливи него тапи ама константни, а сум 16 и 5 дена , некоја вака слично да имала
Да да и да! За мене, прашав и кај гинекологот, ми посочи дека се од лигаментите што се шират, како и заробени гасови... Не знам колку се движиш, јас дека лежам 90% од времето цревата ми се премрзливи, и уште толку сум балонизирана...
оф ми олеснува кога ќе прочитам вака, не дека се радувам дека и тебе тие така да не ме развереш погрешно, ама полесно мие вака , инаку и јас постојано си лежам заради овие болкиве, а ти зошто лежиш заради болки или
И мене ми е така, имам пишувано погоре во темава, од мало раздвижување имам болки, 5 мин да застанам да измијам садови после тоа неможам да се оправам, и со подуеност исто, некогаш една коцка чоколадо или една чаша вода ми прават да се осеќам како едно тенџере зелка да сум изела.... Му кажав се на гинекологот, не ми даде ништо посебно како мислење зашто со бебето се е во ред, само ми рече ако ти е така повеќе одмарај и тоа е тоа... Иначе јас сум 22ра недела а вака ми е може месец дена и кусур уназад...
Исто така да додадам дека кај мене бебето е обратно свртено односно со главчето нагоре па може и тоа да прави некој промени незнам....
Иста сум и јас од малце храна и се осеќам прејадена. Па тешко ми е после ручек обично и одам на прошетка само колку да спадне јадењето. Сум приметила кога јадам потешки јадења така ми се случува. Телешко, поховано пилешко и после штом се напијам кафе толку немам воздух. А малце јадам ама изгледа треба да се внимава на комбинациите и после било какво јадење да не се пие вода барем пола сат
Бебчето во овие недели се врти цело време, може во денот да завземе 10 различни позиции, не се ослонувај на тоа што ти го кажале на ехо. Тоа било за тој ден. Бебче ќе почне да се мести некаде после 30 недела , до тогаш си има место и си ужива кај сака
Ааа епа незнаев за ова, го прашав докторот до кога има фора да се сврти од ми даде одговор у стил као на шала кога сака и ако сака а и не мора... Значи вистина е дека на форумов може мн повеќе да се едуцираме одколку од нашите доктори... Посебно ако ги мрзи да објаснуваат како мојот
Не се замараат многу докторите со објаснување. Јас сум 24+ и моево секаде го осеќам. Некогаш е скроз горе над папокот, па лево па десно. Вчера го осеќав скроз доле и ме болеше дури. Не се замарај за положбата и не влијае тоа. Ќе си се намести бебче како што треба кога ќе му дојде време