Да прашам, испитувате скриен шекер поради некој индикации или чисто да си знаете, јас го прашав мојов доктор и за ддимери и за скриен шеќер ми вика немаш потреба немаш никакви индикации, евентуално ако сакаш ќе ти дадам упат не е проблем. И земав упат ама незнам дали да отидам..
Јас 99% од времето доле го осеќам, и му го кажав на др тоа викам ниско да не е, и он во тој момент со сондата беше негде 5 6 прста над папокот и ми вика еве гледај точно тука му е главчето не е тоа уопште ниско. И претежно осеќам дека е цело време на десна страна, на левата никогаш ништо не сум осетила
Ако лежиш подолго на лева страна , тоа ќе си се намести и после некое време ќе го осетиш. А и твоето е помало како ќе идат неделите се повеќе секаде ќе го осеќаш
Па изгледа нормални се овие состојби можеби не се кај сите ама еве кај некои како нас да, ај ќе се издржи само све да е океј
Мојата докторка ми рече дека скринингот за скриен шеќер е задолжителен и е добро да се направи, а за д димери по индикација. Штом имаш упати, направи си.
Скриен шеќер е препорачливо секоја трудница накај 24та недела да испита за секој случај, заради ризик од појава на гестациски дијабет кој не секогаш покажува одма симптоми а прави компликации ако се појави. Ддимери исто се препорачува да се испитаат, тие се фактори кои покажуваат згрутчување на крвта и во бременост знаат да се покачат и добро е да се фати на време за да може да се третира. И да има и да нема и индикации се препорачува да се испитаат. Не знам зашо твојот ти вика така, свашта..
Сите лабаратории прават. Можеш и на државно а можеш и во приватна лабараторија што има договор со фондот, ќе платиш само партиципација исто ко на државно.
Сегде во светот е пракса трудниците да испитуваат скриен шеќер, се проверува од 24та до 28ма недела. Не знам твојот матичен како може да ти каже 'ако сакаш ќе ти дадам упат'. Од кај можеш ти да знаеш дали треба или не треба ако не земеш да читаш по форуми или ако не ти каже он.
Мене ми дадоа упат за приватно, онаков на обичен лист напишан. ми рекоа тоа испитување не подлежело на фондот...
Те молам кажи ми на приватно, кој треба да ми даде упат? Дали матичен гинеколог или општ матичен? Гинекологот кога му кажав за на приватно му беше чудно.
Не е точно, редовна проверка во бременост е и не се плаќа ништо на државно. И ова не е точно, сите упати за проверки во бременост ги издава матичен гинеколог.
Јас правам крвна слика еднаш месечно. Испитувам во Фармахем пошо ми е најблиску и упат ми дава секогаш матичниот гениколог. И пред да останам бремена си одев таму за крвни слики и зимав упат од општ матичен. А не знаев дали ова за скриен шеќер оди преку фонд ако испитуваш на приватно. На 5ти сум кај матичната баш ќе видиме што ќе ми каже.