@Bella_Stella мојава ми кажа дека општ дава упат за скриен и е 36ден а во синлаб ако бараш со 3 боцкања си доплаќаш плус
Мене ми даде за државно, не се наплаќа, и за приватно, со крвна слика, ама не целосна,за хемоглобин, еритроцити итн, шеќер и скриен шеќер, платив 350 ден.упат ми даде мат гинеколог. (ама не сум од Ск)
Заборавив да ви кажам, пред бременоста плаќав 150 денари мислам за крвна слика во Фармахем а сега во бременоста не плаќам ништо затоа што трудниците се ослободени од партиципација.
Исто ми рече и мојата, се јавив кај општата матична, таа ми рече можам да ти дадам упат, ама не со дијагноза бременост и ќе ти биде наплатено. На крај се откажав од двете, си реков дури се молам ќе си платам 400 денари. Смачено ми е од шетање по доктори. Ако лабараторијата соработува со фондот, тогаш и таму треба да ти е бесплатно, барем поголем дел од испитувањата.
Многу чудно, како ќе им текне така работат. Мене матичниот ми кажа да одам кај нив во болница за скриен шеќер и да си планирам дека ќе седам таму 2 саати. Ординацијата му е во склоп на болница што работи со фондот. Таму проверувам и крв секој месец, не плаќам ништо. Исто он ми даде упат за димери и хемостаза, ги правев во државна болница и не платив ништо. Еднаш кога беше он на боледување проверував крв во приватна лабораторија што работи со фондот, упат ми даде општ матичен, ама ми нагласи дека ќе треба да платам зошто не може да стави шифра за бременост. Мене логички ми е за проверки во бременост матичен гинеколог да дава упати.
Искрено, веќе ми се смачува од муабетот "уживај, немаш потреба од тоа, немаш индикација" Да, знам да сум досадна и само да чепкам нешто по книги, по нет, ама и другата страна не е во право... Имам 33 години, се мачев да останам бремена, прокрварив, се клукам со шаки хормони, да правам тромбоза зашо некој сметал дека немам индикација? И најјако од се, е што по добиени димери, (од авицена, на своја рака) стигаат 1000, а до 1500 се до крај на второ, добовам одговор "е да, треба да ги следиме"
исто и јас!! И за првата и за оваа бременост. Не се нормални. Која ти е, да не е истата па да не сум ни прва ни последна? инаку за скриен шеќер од 24та натаму, во Авицена е 400 ден. седиш 2 саати, после пак ти мерат. На државно не знам, гужви е, само за еден преглед појдов оваа бременост на државно, и мислам ем коронава од таму ја фатив, ем приската ми ја згрешија. Така да - кај нас со здравствово е катастрофа, ако може човек да си дозволи на приватно да оди, да се осети како човек,а не како непожелен во општествово
Коруновски ми е мене. Он ми ја водеше и првата бременост и искрено, тогаш бев задоволна. Ама, па што сум се разбирала тогаш, многу млада бев, или пак му имаат парите удрено во глава се има сменето, незнам што е... Ккао и да е, не сум задоволна овој пат воопшто, ни од односот, ни колку ми објаснува, се му е некако на шала него... Незнам што да правам... А искрено не ми се менува во 6ти месец бременост
Затоа не се води бременост кај матичен доктор. Он откако си го донесе женчето со него да работи ептен се дигнаа. А со тие д димери колку грешки има направено кај трудници. Јас сум на другата локација ама и првата и оваа бременост си одев до кај 10 недела таму после се префрлам на ГАК.
Искрено многу сум во мисла, ептен... А и незнам кај би одела, сите што ги фалат овде се или систина или ремедика, ама ептен ми се скапи прегледите таму, на гак не ни знам како функционира за рутински прегледи... Незнам, на 100 ума сум
Бев на скрининг и ја замолив докторката ако може прегледите да ги правам кај нејзе. Не ми направи никаков проблем. Не се сите добри доктори ви Систина и Ремедика. И на Гак се одлични и стручни.
А се закажува однапред или само одиш на преглед? Кој ти закажува ако се закажува? И колку се плаќа за скрининг и обичен преглед?
Мами кај кој др одиш на Гак.. Некој што и ќе те породи таму... Јас сакам таму да се породам, 6 месец сум, па да почнам да одам кај некој др.. Одев за скрининзи.. Ама се различни се... Сега 28 недела треба да закажам и да одам пак..
Која др те гледаше на скрининг и продолжи кај неа? Мене првиот скрининг др. Катерина Дудесска, а вториот скрининг др. Блажеска
Кате е супер, ама никако да ја начекам. Ме гледаше Марија Јоксимовиќ и сум задоволна, следен петок пак сум кај нејзе. Јас скоро со сите имам искуство на Гак и од сите сум задоволна. Со првото пред две години ме водеше Лазарова цела бременост, ме породи Златеска и од двете сум презадоволна. Сега ќе видам како ќе биде ќе одам кај оваа докторка ама за вториот скрининг и сама кажа ќе повика друг доктор. Кој и да ти се погоди се одлични а ти кој сакаш мислам неможеш да си избереш.
Не знам што да кажам, кажи ми кои денови се др кои ги спомна погоре, јас сакав Самарџиски или Симеонова мислам беше... Ама ајде ќе видиме, која ќе биде... Најважно се да е добро и убаво... Да се заврши добро..
И јас одам на ГАК, коректни се, добро поминувам... Кој ке ме дружи до јули девојки? Уште полни 4 месеци... , само да сме добри сите, двајца по двајца