И јас треба да си купам, блузите ај гледам добри ми се, ама фармерки, хеланки веќе не ме запетлуваат Стомак сега некако побрзо расте Која недела си ти ? Ај уште малку па сакам фустанчиња да си носам барем некои широки
И јас сакам фустанчиња, блузончиња, Сега, 25 недела сум, а мината недела бев на др кај мат. Рече бебе е напредно за 25 недела.. Така да не знам.. Ама порасното е, и почесто си го чувствувам, како си мрда, си прави нешто... Душа мамина, здрави и живи да сме
Охоо добра си ти, јас се збогував со фармерките некаде 9та, 10та недела... Немав стомак ама ми се прошири тој дел одма... А сега веќе неможам ни да ги натегнам до горе, баш пред некој ден пробував со едни што ми беа широки пред тоа, викам сега ќе се таман... До пола бут ги качив само
Ее за тoа е преднoста за меше вo летo, раj ми беше....таман есен дojде се пoрoдив. Памучни фустанчиња пери-нoси, а сега не мoжеш jакна да закoпчаш. Мешиња пoчнувам да ситнам 25 недела. Веќе спиењетo ми станува тешкo па се местам некакo сo перници. Мрзливo бебе си нoсам, самo накаj 5 наутрo се активира па тoгаш клoца, а мoжеби и уште не е тoлку гoлемo. Вие какo сте? Какo прoаѓаат труднички денoви?
Блазеси ти, јас со душа чекам да кажам дека уште толку ми останале Сега веќе јакнава ја закопчувам ама почнува тесна да ми биде хаха, ај затоа велам нека затоплува побрзо, да не носиме повеќе Јас откако ја купив перницана за трудници се преродив мислам. Преубава е и баш убаво си се местам и си спијам Моево бебче машала активно си е и преку ден, и навечер кога легнам да спијан тоа тогаш почнува да си мрда, и наутро јас се разбудувам, и тоа одма душичка моја
Јас засега освен стомак што ми расти, во другиве делови се немам проширено До пред две до три недели се си носев, ама сега веќе тешко
Јас се проширив овој пат, се надевам ќе се вратам во нормала. Зашто сум ситна, со 52,3 кг останав трудна, немам многу качено досега, 4 или 5 кила ама чувството интерно ми е како да сум качила 20, ете од тоа така што се раширив
Еве иста сум и јас. Ситна, со 52кг и јас ја започнав бременоста. Досега и јас 4кг имам качено. Ама и јас дека не сум навикната и на оваа килажа мислам и јас 20кг сум плус Има време и јас да се проширам, ехее до крај имам време, ама сепак не сакам си велам нема
Со истата килажа ја почнав и првата бременост, на пораѓај коа ме мереа бев 64, се надевам нема да ја надминам таа цифра, ама со апетитов мислам дека ќе ја надминам
Па да бидиме реални 4 месеци можеби и се долго време ...ама од каде почнавме каде стигнавме и како помина сет период помина подолг период Сега додека да почниме со купувањето се што е потребно за нашите бебенца за миг ке поминат и овие 4 месеци само до тогаш да е добра мисла за сите и господ да не чува до крај
Болките од утрово, излегоа контракции.... Не знам психички како ќе го издржам овој период девојки.....
Никако, ме наклукаа седативи да се смирам... ми се контрахира матката...бебето е добро, но се ова е прерано, 19+1 сум.... на макс терапија сум и пак не оди...пак болки....
Во болница ли си? Не се грижи ќе ги смират болките, те провери ја да не си отворена? Причина за ова ти кажаа?
Не, ме пуштија дома... премногу е рано и за токолиза и за се... Од кревет не сум мрдната, едно јадење и толку... Само Бог да ми помогне...
Ајде мисли позитивно, заради што дојдетоа.. Лежи и одмарај, чувај се. Ако е потребно и цела бременост до крај да лежиш, само се да е добро... Гушки мами 0
Не знам заради што, ни тие не знаат, таква хиперсензитивна матка од старт уште... бар уште 8-10 недели да издржиме, да има шанса и тој....Благодарам на сите, ве гушкам