Ако имаш правено пред бременост конизација или нешто слично, знае да направи вака проблеми, или од стрес
Многу, многу, многу ми е жал. Ние ќе те бодриме да издржиш. Можеме ние и тоа да го издржиме. Ти се секако силна и ќе биде се во ред. Те гушкам
Леле и ја сум иста со апликацииве. 5 или 6 имам, и плус читам на Систина и рингерија ја уште 109 дена имам
Ќе помогне мила бог, а ти труди си да мислиш позитивно , гледај сериии и одмарај максимум и ќе видиш све ќе си биде добро, те гушкам
Ох миличка.... Само позитивно немој стрес да си правиш дополнително секако лежиш-како што знам.. Пуштај серија разгледувај по интернет за бебе мисли само позитивно и позитивно ќе се случи.... Знам дека е тешко ама обидисе бебуш сеќава мама во какво расположение е те гушкам силно силно и биди најјака не уште 10 до крај ќе издржите како е Господ никој не е
Господ нека ве чува мила. Ако не се лажам, имаше и крварење во рана бременост. Како што се избори тогаш, ќе се избори и сега јуначето! Ве гушкам! ❤️
Биди силна мама! Нашите бебенца се борци. Слушај си ги лекарите, чувај се и ќе биде се добро со Бога напред.
Мамички, како сте? Се јавив да закажам за скрининг во 28 недела, нема термини за 28 амбуланта, само за 36.И 37 нема, некои др што не ги знам... И на крајот закажав во 36 амбуланта, со можност за промена во текот на неделата.. Се мислам дали е подобро со приотетен упат..ама нема слободно за амбуланта 28,а и 37 е пополнета.. Бог нека ми е на помош..
Истово го кажував пред некој ден. Докторите се распоредени и многу малце прегледи имаат. За кој ден тие упатот?
Мила со среќа и се да биде добро.Јас одам во амбуланта 36, најмнигу заради извештај за клексани.Има многу добри доктори, посебно последните два пати ми се паѓа една млада докторка, мислам дека се вика Ева.Супер е докторката, стручна и што и да прашаш се ќе ти објасни.Не се секирај, добри се докторите.
За 24 закажав, ама 36 амбуланта, пак ќе ме пресочуваат.. Пак ќе чекам... Нема термини, туку тоа е, добро да биде се
Да мила, супер се, не велам не, ама мене ми требаше стрикно за фетален скрининг... И минатиот пат беше така, ама почекав околу 2 часа за амбуланта 37,бидејќи пак ми беше упатот за 36...тоа е.. Тогаш беше др. Ива Пенева, прекрасна др. (амбуланта 36).а сега кај др. Симоновска - Панова закажав. Па ќе видиме, здравје
Јас одам во 36ка,ама во петок. Верувај поиспаничена од мене нема со оглед на тоа каква историја имам. Некако докторката ми остави добар впечаток и кај нејзе ќе терам. Ако не се договориш со одреден доктор од старт толку е, неможеш никако да закажеш. 5 години се маткам таму како оче наш ги знам.
Кај кој др. одеш? Се мислев кај кој... Ми читаа некои..Имаше и за петок, за неа, ама си велам викенд е, патувам не сум од Ск
Знам мила, ама последниот скрининг е повеќе за протоци и плацента, верувам дека има стручни доктори и таму.А нели можеш да си отидеш и во 36, а матичната да ти закаже за подоцна повторно ако има термини.Скринингот можеш секако да го направиш од 28 до 32 недела.
Не сум баш упатена па да си прашам... ова за на гак...можам пример да си земам упат за во амбуланта и било кога да ме видат на ехо? Како иде незнам. Пошто првиот скрининг го правев во систина, ама за понатака ќе можам да си комбинирам.