Многу пати имам пишано. Нормален е дур не менува драстично боја, не мириса и не ствара иритација. И јас имам, некогаш повеќе, некогаш помалку. Некогаш е по воденикав, друг пат помешан со бело/блееедо жолто. Иритација немам, брисеви чисти. Каде и да прочиташ за ова ќе видиш дека е нормално, одбранбен механизам на организмот против инфекции во бременост. @Macufceee11 влошки не, памучен веш да. Некогаш по 3-4 пати на ден менувам. Влошките баталете ги во бременост.
зависи дали ти е нормална појава. Мене и нетрудна ми се јавува од време на време баш зелен без мирис без ништо, ама никогаш не се појавило на брисеви ништо, така да навикната сум. Сега трудна повеќе се јавува кога ќе се измијам и излезам дали од ладното, или ако сум долго време во седната положба. Ако не ти е нормално оди провери.
@Lili90 , @Macufceee11 , @Bella_Stella Претпоставував дека е нормално ама пусти страв морав да прашам. Влошки не користам, а ѓаки да менувам по 2 до 3 пати во ден сигурно. Сега се смирив, фала женски
Па истово и пред бременост знаеше да ми се случи вака. Ретко ептен но се случуваше. И секогаш мислев имам некоја инфекција, но чисти брисеви сум имала секогаш.
Точно, скроз се сложувам и мене некогаш ми е само вода некогаш помешано, а за влошките точно, тие се најголем непријател, поготово во бременост, но кога сум подолго излезена само таа опција ми е на располагање, затоа и пишав почесто менување влошки (од мокрење до мокрење). Фала богу до сега сум океј
јас бев денеска на втор скрининг и се е океј, мерки вода, постелка на преден ѕид, цервикс сега е 36мм, нема фанелинг, вика покаток е цервиксот ама непроменет. така и си беше од почеток. следна контрола здравје после 30та со брисеви на третиот скрининг. Која недела правевте вие брисеви?
ајдеее значи кај мене многу порано чим вика на контрола 30-32 недела и да му донесам брисеви.Затоа ми падна чудно некако рано ми се виде
Женски консултација... Правев крвна слика и сеееее ми е изместено. Холестерол и триглицериди качени, леукоцити качени во крв, мокрача матна со + на леукоцити, хематокриц и еритроцити намалени... знае некој да ми прочита, што понатака? Совет некој? Матичната не можам да ја добијам...
Холестеролот и леукоцитите е нормално да бидат покачени во бременост. Холестеролот дури и до 2,5 пати над горната граница. Хематокритот ти е намален, бидејќи ти е намален и бројот на еритроцитите. Да не си имала некакво крварење? Да не имаш мегалобластна анемија (големи еритроцити со намален број)? Во секој случај, ако си анемична, ќе ти препишат терапија. Не се грижи, анемијата е многу честа состојба во бременоста. Зголемените леукоцити во урина може да упатуваат на инфекција. Ќе ти даде матичната упат и ќе направиш уринокултура. Во меѓувреме пиј повеќе течности, освен ако не смееш (зголемен притисок, отоци).
Ништо страшно... холестерол во бременост не се следи, бидејки учествува во самата градба и на клетките на фетусот, па не е релевантно и ако е покачено... Намалем хематокрит и еритроцити одат најчесто во прилог на анемија, (85% имаат во бременост) И да си направиш уринокултура, штом е матна мокрачата може да е бактерија, а може и да е само контаминирана, од вагинален секрет итн... Ете
За микроалбуминот, не знам искрено, знам дека обично не го иследуваат во бременост, (особено при крајот) затоа што малтене скоро сите трудници имаат отоци, но тие се физиолошки,најчесто не се поврзани сo бубрежни заболувања... Другите вредности не ти се лоши, се е во референтна граница... и хемоглобин и тромбоцити, не отстапуваат, а и серумското е до 30 нормално, немаш хемоглобин 170/180 па да те загрижува.. Што ти советуваа гинеколозите?