Во бременост анемијата е многу честа појава. И јас пред бременост никогаш не бев анемична, крводарител сум, ама еве сега хемоглобинот не можам над 115 да го кренам, а и мене ми е бројот на еритроцитите под долна граница.
Во бременост се јавува физиолошка анемија, фактички не е вистинска анемија туку е релативна бидејќи се зголемува течниот дел од крвта (плазма) и машината ги пресметува еритроцитите како намалени, а со тоа и хематокритот (хематокрит се клеточните елементи од крвта, во најголем дел претставен од еритроцити). Затоа во бременост референтната долна граница е поместена, во секој триместар различно. Ако MCV ти е во граници на нормала, не се грижи.
Да во граници на нормала ми е и железото ми е океј и хемоглобинот... затоа се збунив некако фала ви мамички ептен! Утре само ќе идам дополнително да направам урина бидејќи ми е матна и леукоцитите ми се зголемени... ♡
А дали има некоја мамичка тука што го осеќа бебето ниско? Ја не знам дали се трипам или стварно ниско го носам... се кога ќе ме клоцне, како доле ниско да ме клоца :/ м?
И јас вака се двоумев за железото ми беше 31 пред еден месец... денес 25та недела и ми е паднато на 13ка Така да ќе почне бебе да лапка и ќе ти падне не се секирај
Во 14 недела ми беше 30 железото и општата ми рече да припазам на зелени салати, а во 17 недела ми беше 15 железото. Некако многу за краток период ми падна.
Јас многу често го чувствувам ептен ниско долу кај мочниот меур/јајниците, и по некое време следно ќе го почувствувам на сосема друга страна, пример горе над папок.. не знам како е можно и какви акробации прави внатре, претпоставувам е нормално.
Може прво игра фудбал, после боксира . Јас сум нетрпелива да почнам да го чувствувам, ама знам дека после повеќе ќе паничам зошто денес мрда помалку/повеќе, па вчера беше вака, зошто денес така.. Сега за сега ни црвчиња, ни рипчиња.. Мојов ќе удри на бокс одма, гарант .
јас така го осеќам ама докторот ништо не ми каажа, рече епа нозете му се таму па те клоца некогаш осеќам и баш во вагина удира како да ќе се отвора доле))
Гледам дека повеќе девојки пишаа за опаѓање на железото. Јас сум влезена во 25та г.н. и пред некој ден правев крвна слика. Се до сега, железото ми беше секогаш околу 25 (неколку месеци и над 25), а овој месец ми е 11. Во поглед на исхрана тотално ништо немам сменето и мислам дека нема врска толку со исхраната колку што има врска со тоа дека бебето си црпи од тебе тоа што му треба. Некоја ако сака да сподели што зема плус за железо? Јас денес сум и на контролен преглед, секако ќе си прашам. Но ме интересира, вака чисто препорака за нешто што е поефикасно?
Исто околу 25та недела падна железото кај мене, матичниот ми даде две дози хеферол 2*1 плус ц витамин и дополнително во исхраната внесов многу цвекло, спанаќ. 34та недела железото ми е над граница ама превентивно матичниот ми даде фероглобин да земам до крај.
Pa ima preparati za zelezo sto mozes da gi zemes. Ako ne si fan na suplementi bi ti preporacala med so seme od kopriva sekoj den da zemas, isto meso vo kombinacija so zelena salata koja ima vit C, spanjak, sveklo i za mesec i pol pak da napravis analiza.
Јас така се извадив од памет за железото 30ка, а јас цел живот на апчиња за железо и кога не бев трудна. Предходните мерења ми беше цело време околу 15ка и ја поновив крвната слика само железо испитав башка после недела дена искочи 13ка.... Значи првиот пат било грешка