Јас во моментов со истото и камен тврда столица. Тоа е знак на високо железо. Јас примам баш доста суплементи и плус здраво се хранам.
Матичната ми даде само Премама дуо. Тие си ги пијам редовно,друго апсолутно ништо. Минативе денови имав силна главоболка и единствено еднаш се напив Б6 и тоа беше се..
Не паничи мами.. Ти рекоа ако конзумираш железо... Јас кога јадам зеленило ми е темна столицата... Спањак, брокула, марула, блитва.. Не му се секири...
Немам некој посебен режим ама се хранам прилично здраво, посебно овошје и зеленчук секој ден затоа и ми е чудно..
https://deca.mk/zdravo-pokachuvane-na-telesnata-tezhina-vo-bremenosta/ Прочитајте го ова, и ќе откриете за тежината во бременост.. Јас сум качила многу, ама ми излегува во здрава тежина
Можеби..вчера јадев спанаќ,претходно марула во салата ..редовно зеленчук и тешки нека е од тоа. Паничар сум по природа и веднаш припаѓам од глупости.. фала многу
Ви текнува еднаш пишував дека како балонче ми се правеше во стомакот и ми мртка(ова во 14-15 недела) и уште трае, сега сум 18+. Читајќи сега наидов дека тоа всушност се лажни контракции т.е. на стомакот ми се стврснува само на едно место, ќе потрае неколку секунди и ќе го снема. Нели е рано за braxton hicks? А јас пак си мислев бебче мрда . А чаре за вакви контракции?
Легни прво на десна страна па по неколку минути на лева. Седни на кревет со испружени нозе и стави ги рацете на стомак. Пробај да е тишина. Така најдобро ќе го осетиш
Како да го будиш жити се? Спијат и по 20 саати во тие недели во кои што си. Остави го, му треба сон за да расте. Сите сакаме да ги осеќаме како мрдаат, ама тоа ли е најважно?
И мене ми е жал... не сакам кога несакајки ке го помрднам стомакот, а комоли да го тресам или замарам намерно....и нему му треба мир, душичка...
Па нормално, тоа му доаѓа како кога ќе се родат и ќе спијат по 17-18 саати, да го будиш зошто сакаш да го гледаш будно. Не буквално, ама не е фер некако. И јас се топам кога мрда, особено последниве денови е ептен активен, ама ни на крај памет не ми паѓа да правам нешто екстра за да мрда повеќе зошто ми е ќееф. Нека си нанкаат, греота се.
Само јас ли го осеќам бебулево како ме притиска надоле? Баш кај јајниците.. хммм инаку сум од утре 26та недела
Јас сум 26+2, го осеќам сегде, некогаш доле, некогаш горе, лево, па десно... Хоризонтално е легнат господинот и докторот рече дека мрда со рачињата и ножињата и затоа ме удира на сите страни.
И мојот е господин во среда сум на преглед и едвајјј чекамммммммм.. овие три дена нема спиење од возбуда хаха
И јас мојава госпожа ја осеќам секаде. Некогаш доле па цело време ми се иде у вц. Некогаш ќе се качи горе па ми притиска на дијафрагма и не можам да дишам а најлошо ми е коа ќе почне у желудник да ме мава и киселините коа ќе ми врати нагоре ауууу Иначе и ја сум 26+2 и како се ближам до третово тромесечие ептен тешко почнува да ми станува. На моменти сум супер, имам енергија летам. А на моменти бетер од бабине, све ме боли и ептен мака ми станува и само офкам. Вчера така, колковите ме болеа, ногата ме болеше, тешко дишев, киселини ме фатија, абе све у едно и цеееел ден оф оф оф оф не можев ни да лежам ни да седам, крај не ми се факаше. Денес сум поок тоа е, све ќе издржиме за нашите ѕверчиња. Извинете вака шо се испожалив ама само вие можете да ме разберете
Ако тука не си се пожалиме нема каде... мене искрено веќе ми е глупо да му се жалам на мм. Те глава ме боли, те стомак, те нозе ме вртат па ме масира, те ми се лежи цел ден крајот не ми се фаќа. Гарант си вика "а тек што ме чека во трето" хаха
Значи не мислев буквално да го будам...мислев кога некој ден нема да мрдне воопшто нешто да направам ...а никоја мајка мислам не е будала да му штети на детето...одма осудувате..не мислев ништо лошо.. сепак благодарам
Не те осудив, како имаш напишано, така сфатив. Нормално дека ниедна мајка не посакува лошо за своето дете. Уште ти е многу рано за да го осеќаш често и поинтензивно. Сама ќе си приметиш во подоцните недели на што реагира. Најчесто мрдаат од кафе, благо, газирано...