И јас те сватив дека кога не го осеќаш бараш совет па за да не паничиш . Јас имам некои денови кога помалце го осеќам, си мирува малото. Но тоа со вртење на страна ми помага за да почне да мртка и одма сум мирна После може да спие цел ден ако сака
И моето малечко си мрда, лево десно, долу, горе,околу папот.. Инаку јас ја почнав 27..Ајде ќе биде, ќе издржиме... Мамички едвај си најдов панталони... Не ме збира,, си купив еден пар... За понатаму ќе видиме. Кај му е крајот...
Јас не те осудувам, таман работа, која сум јас? Но, имаше една слика, кога бев на дежурен, проблеми, небитно, и прашував преплашена дали е живо, дали е ок, и "типката" ми го растресе цел стомак, да ми покаже дека "било активно". Малото беше...па како да кажам како глушец фатен во стапица, се грчеше, некои движби со рацете како да се брани. Грозна глетка во најмала рака. Како да го малтретира, мачи некој. И после тaа слика? Нека го нема цел ден, нека спие, само да е мирен и спокоен. Легни си навечер во тишина, сама, сосема опуштена, по вечер-две-три сам/а ќе се јави... Ќе знаеш дека е ок и кога не мрднал цел ден. Чувствуваш едноставно. Најдругарски ова.
Леле ги видов тренерките, ги пробав, сон... Пре пре удобни, ама не ги купив некако не ми се даваа пари зашто реално дебелки се, а времево кај и да е ќе запролети... Си купив фустанче
Мама денес оттаму си купив... Едвај најдов... Не ме збираат сите.. Инаку планирам и фустани да си најдам... Некои пролетни/ летни..
Мене така ми го дрмаа цел стомак кога одев со првото на цтг, демек спие да го разбудат... Ама дрмање здраво, како што ми беше огромен стомакот, можам да замислам како му било
Имаше едно убаво фустанче, ама розово... Дебелко... Не го купив... И така вријам од жештини.. Хаха а и се стоплува, пробав и тренерки, убави пријатни.. Фармерки... Се има...
Јас си купив фустанче, 699 ден од Ваикики ама тесно, узтело, такво и сакав, широки не ми стојат, ме шират уште толку, ниска сум ама мислам дека немаше нешто мн избор на фустанчиња.... Ама во ева во буњаковец имаш повеќе избор сега донесоа, ако сакаш такви широчки
Да, јас сакам широчки и кратки Некако ми се ептен ИН во бременост но и тесните супер стојат на згодни мамички Ваков модел ми се свиѓа, од зара е ама го нема веќе
Бетер, ама лекариве не се замараат уопште со такви работи, чувства да речам, да видиш како го уштипа син ми кога нејќеше да фати цицка за да почне да цица, срце ме заболе.... Бебе од 3 дена
Јас си нарачав ваков сличен од една страна, не труднички ама широчок модел, кога се видов... вака си изгледам дебела со фустанчето пута 10 и го заменив со алишта за после пораѓај со надеж дека одма ќе ослабам
Јас гледав на интернет има некои модели, фустани, панталони... Ама некако не ми се зима... Додека не пробам... Еве денес едвај најдов, полесно е на лице место.. Сите сме со различна структура.. На сите исто не им стои... И мене мислам многу широки фустани не ми стојат, ама па и многу тесни не..
Јас ги купив пошто не се познава дека се труднички и ќе си ги носам и следна есен/зима, гајле ми е. Може сме се сретнале и јас бев денес. Со здравје да си ги носиш. И јас сакам некои фустанчиња, ама не најдов ништо по мој вкус. Си купив една кошула колку да не е бе ич, не од трудничкиот дел, ама така широчка ептен штосна, нови им се.
Ммм сакам и широчки кошулки, мислам дека супер би стоеле на црни хеланки @Andrejaaaaaa јас дека слабичка си бев и се тесно носев и сега кога се гледам во огледало во тесно страв ме фаќа затоа пошироко барам
@Bella_Stella Имаше една бремена женичка, ниска со фатена коса, во црно облечена... Хаха може сум те видела... Со здравје да си ја носиш кошулата... А тренерките зелени ли беа...