И јас така мислев, ама од кога се видов, не не Може дека јас ширам како крошна, цел тој предел, не ми иде само стомакот напред како шпиц, и градите мнооогу ми пораснаа и некако цел тој горен дел ми личи ептен гломазен... Знам сега вака кога објаснувам нелогично е на тесно да изгледа подобро, ама подобро изгледа, зашто широките фустанчиња и надоле се широки а јас и горе широка, како кит   затоа ми 3 подобро тесничко, барем лично мене подобро ми изгледа, а тоа е и најбитно
Хахах не сум таа, со пуштена коса бев и во розев дукс и фармерки, а и не сум баш ниска. Тренерките ги имаше во повеќе бои, зелени, розеви, пудра боја.. јас пудра земав.
Исто, ама ќе биде добро. Бркај такви мисли, си имаме златен утрогестан, лекари, позитивна енергија. Форумов лично многу ми помага. Некој не разбира, а и не мора. Се осеќам како дел од една заедница. Не е срамота ништо да прашаш, да кажеш, да треснеш Пишувај, има многу што лежиме па сме со тел 24/7. А тој нека одмара уште малку, гарант ќе му подвикнам ако ми прави болки или некои дубари при крајот
Да ги имаше, ама мене зелени ми дадоа оти имаше поголем број.. И баш интересен модел, ама не ги зедов, а розевата боја беше исто убава.. Хах, може сме се разминале.. Може во иднина ќе се сретнеме
Дали некоја од вас има испитано гестациски дијабет во Авицена во Аеродром? Им вртам неколку пати до сега, нормално не креваат и не можам да се информирам дали треба однапред да се закаже термин. Ако некоја има испитано сега во скоро време, ве молам да споделете искуство и информација за: 1. Како се закажува термин? 2. Како се одвива сега во време на ковид, дали задржуваат таму во нивните простории додека трае тестирањето или треба да си одиш и да се вратиш пак за второто боцкање? 3. Доколку не се прават овие анализи во Авицена во Аеродром, која друга приватна лабораторија би ми ја препорачале и како тие функционираат со закажување термини? 4. Дали треба да се направи прекин со земање на лекарства пред да се направи тестирањето? (Јас земам Фемибион 2 и Сидерал за железо)
Јас знам дека за да испиташ скриен шеќер се закажува однапред во сите лаборатории освен Synlab во Тафталиџе и Кисела вода. Јас минатата недела правев во Synlab, Тафталиџе. Ти зимаат крв, пиеш шербет и си одиш дома. По два часа идеш да те боцнат пак... не те држат баш поради ковидот отвараат од 7 саат и немаат гужва
Јас испитував во Авицена, ама во Аеродром не го прават ОГТ тестот, само во Тафталиџе. Ќе вртиш на нивниот број и ќе ти кажат кога има слободни термини или ти ќе прашаш за денот кога ти одговара, обично се оди наутро во 7-7:30 и таму остануваш 3 часа. На страна те седнуваат и немаш контакт со луѓето кои си чекаат ред за редовни анализи. Малку е досадано чекањето само... Витамините и Сидерал си ги земаш најнормално предходниот ден, препорачливо е по 18 часот да не јадеш (односно 12 часа минимум), а утрото пред тестот јас ни ги земав, одпосле дома кога дојдов си се напив. Јас сум задоволна од тука, за други лаборатории не знам
Освен Ваикики каде на друго место има гардероба за трудници? Скроз ништо немам за облекување. Друго прашање, која недела е трет скрининг?
За што е тој скрининг? И што е поразличен од класичен редовен преглед? Јас идам и државно и приватно и никој не ми кажа за трет скрининг туку најнормално ехо преглед до почеток на ЦТГ
И јас сум кај него и ми рече да одам 28 или 29недела..а на интернет пише од 28 до 31,32 недела.. Не знам зошто така ти кажал.. Јас ќе одам другата недела..
Јас си купив еден пар труднички фармерки од Ваикики, имам два пара труднички хеланки, едни памучни од Стружанка, другите ми се за ‘дотерување’ нарачани преку Инстаграм од Спортјо_.Сѐ останато си носам од мојата претходна гардероба, широки кошули, си земав од скоро и од Зара, сега има насекаде, ќе можам да ги носам и после Најмногу им се радувам на широките фустанчиња, имам неколку, неколку си купив и ќе си купам понатаму.. Не сакам да купувам гардероба што е стриктно за бремени, сакам да можам да си ги носам парчињата и понатаму Барем јас така размислувам
Па тоа на секој преглед го гледаат Барем кај мене. Ај државно ќе разберам да ти кажат така али приватно да ти наплатат уште еден скрининг за нешто што е обичен преглед ми е нелогично
http://www.remedika.com.mk/skrininzi-vo-bremenosta-sto-otkrivaat https://acibademsistinababy.mk/index.php/bremenost/205-skrininzi Еве од ремедика, а читав и од Систина.. Не одат сите на трет скрининг, веројатно заради возраста.. Така мислам.. Јас ќе одам, каде 2,таму и 3 скриниза, и на гак и Систина.. Фала богу се е во ред..