И јас не ги разбирам скрининзите, во 22+ правев втор скрининг, а некни во 25+ матичниот прегледот ми го запиша и наплати како трет скрининг, а мислам дека е рано. Пак ги гледаше сите органи детално, пак снимаше се на ЦД како на вториот скрининг, појма немам. Следен преглед ми закажа за 5 недели, тогаш ќе бидам 30+, и за тогаш не рече ќе дојдеш на скрининг него на преглед. Којзнае како ќе го удри и дали ќе ми го наплати тој преглед/скрининг што и да е. Така да и јас веќе не знам што е што, важно е редовно да се оди на контрола и се да е во ред. Ваљда знаат што прават, не знам што друго да речам.
Како и да е... Најважно се да е добро... И со бебе, па и со нас.. Прегледите се тие, со оглед на тоа што некои од нас сме прворотки, најважно е се да биде како што треба. Плус, времево е друго..не е како некогаш што било со 2 3 прегледа... Господ да не чува сите.. Здрави и живи да сме и да мислиме на најдобро.. Како треба така ќе правиме.. Гушки мамички..
Да не знаеш што цена е овој третиот скрининг во Систина (кај Димчев) ? Или било кој ако има инфо да сподели ?
@Lili90, @Prolett фала ви девојки за одговорот. Инаку, бев прв и втор скрининг кај него, вториот во 20+ недела, третиот би ми дошло околу 28ма недела, па да видиме..
Јас сум утре на редовен преглед во Ремедика и баш ќе видам дали ќе ми наплатат како скрининг Ќе ве известам Пошто по ова излегува дека нема прегледи само скрининзи секој месец
Веќе два саати на 10 мин мокрам, бебе ептен доле мрда. Одма правам филм дека сум се спуштила Притисокот едвај 90 со 60,глава ме искина, се пробав не се качува.
И мене ме боли глава денес а не ме болела од почеток на бременост. Изгледа стварно до времево е. А мене притисокот нормален ми е 90-60
Пукнав мислам, сега чај од Брусница пиев, и чекам да се качи нагоре бебе и оти само црни сценарија си правам. Аи мајка ми за да ме уплаши што го кревам малиот само глупости ми треска.
Не не денес денов е тежок, јас сум на гурање цел ден, утепана скроз, сега ќе пијам пак кафе, несвојствено за мене олку касно ама неможам.... Дури и како гадење осеќам
И мене 8д сабајле, пиев кафе, сок од лимон, чај и на крајот парацетамол, ми попушти.. Времето е променливо, врне.. Залади.. А не го мерев притисокот..
Се намачка со тоникот на вратот и ме смири главата. Не ми текнува ич дали малиот вака ниско мрдаше. Имам време јас за преглед, ќе го чекам скринингот, 4 недели ќе ми дојде како не сум била на контрола. Ама матичната ми е во изолација а кај замената нема шанси да одам.
И мене цел ден ми е некако безвеза Низок притисок, глава ме боли, па прееска мислам малку ми се стврдна стомаков, изгледа лажните контракции и цел ден си правам филмови за предвремен пораѓај Ама и утре сум на преглед, и возбудена сум некако, да си ја видам душичката
Јас требаше да закажам денес за наредна недела пошто сакам и упат за крвна слика да си земам и ми кажаа после 01 Април ќе излезе од изолација
како ги осеќаш лажните контракци? кас ко да имав вчера нешто и денес еднаш ама не знам дал се врти бебево. Вчера од доле кај кичмата како грчеви нанапред одеа симетрично лево и десно према резот ама на без врска интервало, на 15 мин, па на саат, па на пола саат... а денеска само еднаш ми се случи. и сите пати само на лево кога лежам.