Еднаш ми се случи мене, стврднување на стомак само без болки, кратко траеше ептен, ама стврднувањето беше само на еден дел од стомакот, не цел стомак И јас не сум сигурна дали беа контракции или не, ама чудно ми падна и затоа помислив дека се тие... И јас лево додека лежев го осетив тоа.. Не е ништо страшно веројатно, ама за филмови правење што ме бараш
Веројатно е главчето или грбчето ако не ти се згрчил цел стомак. Си има уште местенце, си прави акробации, ѝ се може на женската.
Јас имам такви стврднувања некои денови. Исто така на еден дел од стомакот се јавуваат ама како камен го осеќам. Јас мислам дека тие се бракстон хикс. Баш пред некој ден пишував за нив, многу ми се непријатни но добро е што се без болка
Вакво стврднување како што ги пишувате вие јас осеќам после јадење претежно ако се прејадам и тоа не од се... Зависи и од храната, ама така ми е тврд стомакот и како некој притисок да осеќам цело време може саат, саат ипол после тоа неописливо е додека не "спадне" јадењето....
Хмм, мене па ми се јавува кога ќе пешачам а баш вчера осетив после пиење на чајче ми се згрчи и ми траеше едно 30тина секунди. Станав , се напив вода. Се свртив на страна и се смири. Чудна работа, а доста непријатно чувство е
Тоа стврднување го имав вчера, цел стомак притисок како задржани гасови, бешиката под притисок и цело време мокрев. Паника кренав готово се испуштив. Легнав се напив б6 и магнезиум и сум заспала после ноќта се разбудив како олеснат стомакот. Сабајлево е ок само кај опашката имам некоја тапа болка. А рано мие мислам за вакви стврднување 17+4.
Јас сум 18+, почнувајќи од 14+ ги осеќам тие стврднувања на дел од стомакот, како истегнување на лигаменти го осеќам. Сестрата еднаш ја прашав ми рече матката е, се шири, се мести. Ама вчера читав истите тие симптоми се за лажни контракции кои се јавуваат уште од 14та недела. Претходно се радував на тие истегнувања во стомакот ама од вчера не .
Моник мила малку убави мисли,баби и мајки остави на страна ти најдобро си го познаваш телото. И јас синко го кревам и дома и по скали,и сама го бањам и се сум со него па изгурав до 37 за некој ден а скоро бев со скратен цервикс. Јас неможам а да не го кренам и изгушкам сега додека е мал можам да го изгњавам Со лесно до крај се ќе биде добро
Јас до вчера си се радував, го осеќам тоа стврднување ама само на дел од стомакот и го осеќам како грч на лигаменти и ќе го снема, само во лежечка положба. И вчера кога прочитав за лажни контракции се уфуфкав и не лежам на грб. Ама мене секојдневно Од тоа што прочитав се јавувале и како резултат на полна бешика, а јас 5 дена по ред одам на 10 мин. во тоалет, ќе ми прсне бешиката. Направив и уринокултура чиста е.
Знам, нема шанси и јас така да го оставам, зар да плаче а да не го кревам. Со лесно нека ми ти е уште малце две момчиња ќе имаш до тебе. Нека се лажни само да не се опасни. Пиј си и чај од Брусница превентивно за урината.
Јас не чувствувам никакви контракции... Одам во веце редовно.. Ноќта се будам, скоро секоја, само додека станам како да ми е појак стомакот(до веце додека да стигнам). Штом се испразнам е ок... Бебе си мрда, го чувствувам, како пулсирање, спијам на лево, на десно, на грб.. (почесто на грб заспивам)... Овие 2 3 вечери ми смета се на мене... Дали хормони, дали време итн.. Важно се да е добро... Не паничете. Др. кога прашував за нешто ми кажа "во друго стање си, се е можно да чувствуваш, да не си правам грижи". Така, да уживајте во бременоста.. И не се оптеретувајте многу... Нека не чува господ, а и ние сами, нема кој друг.. Зборот ми е, да бидеме храбри, да издржиме, да не се вознемируваме.. Пс.Ве гушкам сите мамички.. Имајте убав ден... Не чекаат многу подобри и повесели минутки со нашите малечки.. Чувајте се, заради нив, па и заради самите Вас.
Баш и на тоа помислив. Зашто чудно ми падна само во еден дел да е. Женската е веќе се посилна и посилна мислам, може и таа нешто да правела, да се превртува Јас немаше ни да сетам, затоа и не сум скроз сигурна дека беа тие ахахах Онака случајно го допрев стомак, кога ќе видам е така баш камче и одма јас миле паника по некоја минута пак се врати во нормала. Да не го допрев немаше ни да знам дека ми се стврднал
Кој знае што е. Може и стварно бебче се мести со грпчето, се тегне и прави така да се чувствуваме. Некаде прочитав дека лажните контракции треба да се проследени со мала болка во половината. Кај мене нема такво нешто фала му Господ Многу работи се нормални кога сме во друго стање само ние одма паничиме
Еве и мое искуство да споделам. Пред да одам на преглед минатата недела почнав да си го осеќам така стомакот ко стврднат само во една точка лево од папок, цело место ми се затегнуваше, дури и ме болеше еднаш. Некоја тапа безвезна болка, ама го осеќав како чудно местото.. Од кога бев на преглед се испостави дека главчето му е таму на бебе и дека се турка со него и затоа така се оптегнува/стврднува. Многу е интересно кога седам или лежам на грб тој дел од стомакот знае да ми го подигне повеќе. Јас не паничам воопшто, сметам дека нема зошто. Секако од радозналост прочитав за Брекстон хикс, ама не сакам бременоста во грч да си ја поминувам и во секоја промена на телото да си барам проблем. Уживајте си и радувајте се на тие промени, живот расте во нас, нека се стврднува и боли колку сака..се ќе издржиме.
И јас да споделам за стврднувањево. Цело време ве читам и вас и за тие Бракстон Хикс и не можам да сватам какви се. Изгледа немам уште осетено. Јас некогаш кога стојам кога ќе го допрам стомакот ми е потврд а некогаш помек. Кога седам стално ми е мекичок. Ама не осеќам стврднување. А ова шо викате со главчињата јас оддамна ја осеќам кога мрда со главчето, како со топче да ме масира и притиска некој од внатре. Најјезиво ми е коа ќе удри кај папокот, чудно чувство ми е некако. А и мене на десната страна баш десно од папокот ми е мааалце испакнат стомакот на моменти. Све тука лежи изглеа. Јас исто на десната страна на средина на стомакот ја осеќам најчесто кога мрда. Мрдна она секаде ама баш на тоа место најчесто ја осеќам.
И моето искуство е слично... кога и да го пипнам стомакот ми е мек, некогаш кога пешачам знае од десната страна да ми се испакне, претпоставувам дека е главчето тоа Периодов многу ниско ме клоца, ама претпоставувам дека ноџињата му се таму. Утре сум на контрола па баш ќе прашам и за контракцииве