Со лесно мила како до сега така и натака да си го истераш и трето тромесечие со леснотија Па навраќај и на овде ќе ни фали твојата подршка, совети и ведрина
Обавезно мила, тука сум секогаш за поддршка. Иако го завршив ова тромесечие, ќе ве читкам и поддржувам. Тука сум за муабет секогаш.
Се читаме мила во трето за 3 дена. Здравје само ♡ вака лесно да го истераш и третото и да ни бидеш тука за поддршка, добар совет и позитива! Те гушкааам
Еве и јас како твоја другарка по термин да ти се придружам во одјавувањето Второто тромесечие за мене беше по малце стресно на почеток со димерите па си добив уште една инекција плус при крај али ништо страшно Важно убав период, полн со енергија но и со киселини. Со лесно да ни е во третото тромесечие, да си останеме позитивни и да си истераме убаво до крај п.с. за било какви совети пак сме тука
И јас мамички се селам во трето од денес со другарка ми @Bella_Stella и @mace89 Дај боже сите да си терате со леснотија како ние две. Секој ден сме се поблиску да си ги гушкаме бебушките! Да ми останете сите со позитивни мисли и да не кревате паники за било што ќе ви повторам пак тоа мене што ми го кажа докторката: Бремена си не си болна! Уживајте мамички, ако треба нешто тука сме
И јас доаѓам... За 3 дена во третото тромесечие.. Малку возбудена, досега фала му на Бога се беше ок.. Повеќе секлет, малку киселини, во глобала супер.. Се надевам ќе останеме позитивни и опуштени... Па Ве поздравувам и Ве чекаме за дружба и во третото тромесечие.. Секако ќе дружиме и тука, и ќе си даваме подршка и ќе се читаме.. Гушкии мамички мили
Тука ни е и @macalavica и праќаме најголема поддршка да изгура до крај и се читаме повеќе во трето тромесечие.
И јас доаѓам со вас од утре во трето,ве гушкам,мирни сме,тоа е добро,ке броиме денови и недели здравје
Утре сум 27 недела, прокрварев вчера,скратен цервикс од 23 мм денес 15мм и фланелинг 2вм.бебе е добро,само да поседи во меше,лежам на ГАК.ке пројде и ова чудо и ке си родам здраво бебе не се мачев за џабе сега не се предавам,синко е борец знам дека ке издржи.ги слушам докторите,мирувам,имам поддршка голема од вас што ме смирува и натаму дедо боже.ве гушкам сите,
Vcera Dr minkaza deka sum vlezena veke vo 6ti.21va nedela sum. Ako so 21va se vleguva vo 6ti kako togas so 28ma se vleguva vo 7mi,ne mi E jasno