Табелата од погоре и јас ја имам и по неа се водам. Како и да е дал 21 или 22 нее битно само нека сме живи и здрави и ние и бебињата.
И според мојата табела 27 почнува. Ама како и да е тука сме некаде сите.. Јас од понеделник сум 28.. Се ќе биде.. Битно е само да растеме и се да е во ред до крај.. Ве гушкам..
Добро утро на сите мамички. Дали знае некој од кога треба да почнат да се бројат ударите на бебето? јас сум од утре 27ма недела, па да видам ваше искуство и вие од кога сте почнале со броење?
Од трет триместар обично се почнува со броење. Јас не сум броела до сега, го осеќам често и тоа ми е доволно. Нека споделат другите дали бројат и дали е задолжително.
Не треба се бројат Не се замарајте и со тоа , опуштете се спремајте се за бебушки ваши и уживајте Битно е да го сеќавате низ ден , ноќ . Има бебиња премирни има прeактивни . Кај мене и на ехо у една поза и толку ништо неможеме да видиме цела бременост лице не видов се завртено и ужива. И за клоцање еден период 2 3 недели у цела бременост ноќе беше преактивен и толку .
Јас мислам дека во целово ова стресно опкружување со коронава и редица прегледи уште со ова да се замараме Кај ни е крајот Си имаат они периоди кога се поактивни и кога одмараат. Ако ние одлучиме да ги броиме ударите кога тие одмараат безпотребно само ќе се испаничиме
Се согласувам. Моево бебе од 25+ негде е станато баш активно и секој ден се зголемува мрдањето. Дури знам веќе и во кој период од денот да го очекувам. Го осеќам кога е буден, а кога нанка и таман сум и без броење.
Мамички не си правете такви да кажам филмови..Не би требало да се одбројува.. Зарем ако има потреба др нема да каже? Зборот ми е, нервози и стресови не требаат воопшто.. Ако е потребно др. е тој што треба да каже. Бебињата си растат, се развиваат, си клоцаат.. Нормално е, некогаш поактивни некогаш не. Нека се здрави и живи,мамички, мора да бидеме опуштени, среќни.. Гушки мсмички и само релакс..
Истото ќе го кажев. Какво броење какви бакрачи. Чим го осетам мрда задоволна сум и знам дека е тука. Какво правило е тоа дали ќе лупне 3 пати или 13? Не разбирам? Секое бебе си води своја политика во стомак, уште за тоа да се грижиме. Само опуштено и уживајте во бременоста.
Мајки 25та недела сум ,втора бременост. Синоќа приметив осип на стомакот ситен розов проследен со чешање. Ставив синопен, скоро и да не ме чеша но денес еве уште стои. Не се шири ни пак на друго место имам. Дали е ова резултат можеби од растегнувањето на кожата или се работи за некоја алергија? Некоја со слично искуство ? Утре ќе одам на доктор ,но ме интрресира искуство денеска во мисли сум
И јас не сум броела удари, ни во првата бременост ни сега, тоа мислам дека се прави само кај што има некаква индикација и е советувано од лекар, така да се согласувам, помалку секирации, повеќе уживкање
Јас мислам дека од хормоните е. Јас имав на лицето во делот под очите. Си ставав кокосово масло но требаше време да се повлече. Сега веќе го немам