Незнам која бременост ви е по ред. Ама мене најстрашно ми беше после пораѓај ,ова со капсов. Дури и крв ми течеше.
Ќути, гризни јазик, бев уште еднаш. Ми се врати надежта. Фала ви девојки, ве обожавам колку брзо ме средивте
Леле девојки јас да си се пожалам Прикрај сум на второво тромесечие, за два дена влегувам во трето. Знаев дека се тие најтешки месеци ама уште одсега почна тешкото кај меене Буквално мислам дека се ме боли како здрвена се чувствувам, укочена. Кичмата, колковите, препоните.. уффф Посебно деснава нога кога ја придвижувам премногу ме боли кога се вртам од една на друга страна во спиење уф Не ми смета стомак, тој не р проблем, барем не сеуште хаха А кај ми е крајот лелелеее
Јас сум 29 и веќе два месеци вежбам јога и искрено немам потешкотии сега за сега се надевам нема да се подречам.Пробај може ќе ти олесни,јас два пати неделно си вежбам и насабајле кога станувам обавезно си правам кратко вежби за истегнување
Е и јас незнам зошто не почнувам Т.е знам. Од страв, се си мислам нешто погрешно да не направам ццц А дозволено ми е уште од 8ма недела да си вежбам, али јас и мојот памет Ама ќе почнам, оти инаку не е на арно ова...
Исто и јас како @Маја Т редовно вежбам јога плус многу пешачам и немам проблеми до сега. Почни ќе се преродиш
За пешачење добра сум. Си пешачам редовно, ама со јогава уште да се договориме кога да почниме Фала ви на советите
Велком ту д клаб. Само што мене ми е вака од поодамничка, ама како се приближувам кон трето само се интензивираат болките. Најново, почнаа да ме болат колковите кога спијам. Ама неподнослива болка. На десно ако спијам, десен колк ме боли. Се вртам на лево. 10-15 мин максимум почнува и тој да боли. Ајде на десно пак. И така секоја вечер. Кога станувам сабајле ми треба време да се исправам, како грбава одам прво... А уште 3 ипол месеци....
Утре почнувам 15та. Веќе 2 месеци имам тешкотии со дишење, кога пешачам за 5 минути се задишувам како да идам по скали. Дури и навечер при спиење ми е некако тешко за дишење, а не сум затната. Нормално е?
Најверојатно е нормално, органите се изместуваат, притискаат од сите страни... јас после 2-3 мин по дома и збори и издиши како да сум се истрчала убаво...
Е баш како што опиша. Кога движам или кога седам немам никаква мака. Ама легнувам да спијам и веќе по некое време кога се разбудувам да се префрлам на другата страна јас мака мачам со колкот. одвај ја префрлам едната нога па другата. И наутро исто.. потребно ми е време додека се раздвижам. На деснава нога мислам неможам да застанам
Јас и кога се движам имам болки. И неможам долго да пешачам, и болки и умор чувствувам. Кога се движам се движам како пингвин. За седење исто. Едвај да фатам позиција.
Не се секирај тоа е од бременоста и мене ми беше така многу се заморував до кај 15-16 нед. Да отидев само до тоалет мислиш сум отишла пешки од Симпо до Центар. Сега сум 20+3 и имам енергија како да не сум бремена.... пу пу да не се урочам
За умор да, и јас веќе почнав без здив да останувам ако пешачам долго време Маки али слатки се ајде, ќе издржиме си велам