Исто исто, посебно при спиење.. Ама читав некаде дека не е страшно.. Тоа се вика Диспнеа, побарај на гугл
Јас пиев 3 пати во предходната бременост, во прво, второ и трето тромесечие. Оваа бременост во 17та недела Амоциклав па сумамед..
Здраво девојки, пред 1 недела влегов во второ тромесечје и пред некој ден почнав со јога и пилатес (вежби од јутјуб) гледам некои од вас исто практикуват јога и дали и кај вас при изведување на некои вежби осекате болка во матката (како итегнување) и не знам дали од вежбите сега и при станување од кревет при нагли движења имам болки. Дали се нормачни тие болки и не знам дали да продолжам со вежбање...
Прво, сега си во недели кога матката најмногу се шири и расте, можно е тоа да е причина (се додека болката е во нормални граници). Второ, кога вежбаш самата осеќаш дали вежбата ти прија или не, чудно е, но си има сигнали, потруди се правилно да ги правиш вежбите и не би требало да осеќаш нелагодност. Ќе ја прашаш и матичната ако досега веќе не си ја прашала, дали е во ред да продолжиш со вежбање. За почеток оди со бегинерс вежби, нршто полесно. Инаку супер е и препорачливо е јога во бременост.
Нормални се болки во матката во тој период, ама кога збориме за јога, гледај фокусирај се на вежбите за колкови, грб, раце, нозе и зглобови. А останатите вежби каде има поголемо истегнување на мускулите во предел на стомакот и половината избегнувај ги, чисто за да си бидеш мирна. Продолжи си со вежбање, не се плаши, ама внимателно.
Јас вежбам јога веќе 3 месеци смс онлине трининзи со инструктор и искрено немам никакви болки ниту нелагоднодност.Види видеата да не се за понапредно ниво.Јас пред да започнам се консултирав со др Таше шти ми ја води бременоста и он ми даде зелено светло
Јас не можам бидејќи имаме затворена група на фб и само тие што сме со чланарина ги гледаме,не можат да се споделуваат.Инаку профилот е yogawithmartina и 1200 денари месечно
Jessica ми е број еден за ова, првиот линк е за втор триеместар а доле линков е со повеќе видеа од кое можеш да си менуваш вежби за дадениот триеместар. 50% ми се пробани, нема болка, а чувството на крај е непроценливо https://youtube.com/c/PregnancyandPostpartumTV
имаш вежбано пред бременост јога? активна си општо? за бременост најбезбедно и прво на листа е пешачењето. ако осеќаш нелагодност ич не се замарај не продолжувај
И јас ги вежбав истите вежби, и на одредени вежби осеќам мала болка читав нешто дека може да е кружен лигамент. Фала ви на советите
Бев нон стоп физички активна теретана, крос фит и сл. А до сега јога не сум вежбала и сакав да почнам со нешто полесно како јога и пилатес со тегови мала тежина. Многу сакам да вежбам Едвај чекав втор триместар за да почнам. Но сепак пак ќе се консултирам со матичната...
Во бременост доволно е да вежбаш со тежината на телото. Не гледам потреба за дополнителна. Не значи дека ќе ти смета, ама има милион видови физички активности без додатна тежина, ете јогата на пример.
Не ми е битно да вежбам со тежина, само барам вежби што ќе ми одговатаат. Јога немам вежбано и си мислам дека можеби поради тоа имам болки во одредени положби