Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Oksitocin

    Oksitocin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Јас сум скоро 22 недели и вежбав пилатес онлине часови па сега почнав сама јога и пилатес комбинирано и пешачење 3-4 пати неделно кога ми дозволува времето.
    И јога и пилатес вежбав и пред бременост ама 1 година немав баш активност... Се што осеќаш нелагодно не го прави прескокни ја вежбата, можеби нешто погрешно правиш, можеби дека досега не си вежбала јога па немаш како да споредиш дали е нормална болка или не. Најсигурна опција скокни го сетот за кој не се осеќаш пријатно.
    Инаку почнав бременост со 57кг/171цм сега сум скоро 66кг... Нормално или не незнам преокупирана сум со тоа...
     
    На mace89 и LinaFina им се допаѓа ова.
  2. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас па ич не се оптеретувам со вежбање, ептен си ја сфатив бременоста како уживање хаха. Секоја вечер прошетка и нејадење глупости, за мене е сосема доволно. На коњ сум! :) до сега сум поправена 10 кила, а сум 27+4... ќе се слабее после пораѓај здравје, така си се тешам хаха
     
    На Prolett, nevermet18, AnonimnaDevojka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    И јас вежбав многу пред да забременам. Трчав по сат време и уште ред кардио тренинзи. Сега во бременост само пешачење практикувам секој ден а кога неможам да пешачам ради времето практикувам јога. Примам клексани па ми е страв да не претерам и да предизвикам внатрешно крварење. И онака често имам крварење од носот. Во однос на килажата секој качува различна килажа во бременост. Нема правило. Важно е да гледаш да внесуваш разновидна храна и секако здрави намирници (колку можеш, и крофнички и пици треба некогаш да си дозволиме:lol:)Јас сум 28 недела и имам качено 9кг. До крај изгледа уште толку ќе качам со оглед на апетитот што го имам сега :wasntme:
     
    На Prolett, Lili90 и monik55 им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Скоро 19 недела сум и до сега не сум се мерела ама познавајки се себеси до 2 кила сум максимум здебелена до сега.
    Со малиот од болница си дојдов со моите 55 кила.
    Не вежбам со тодлер дома уклучен на 300 мослам дека и немам потреба.
    Шетаме секојдневно, гледам секој ден да имам манџичка дома и внесување на овошје и зеленчук.

    Денес правев крвна слика, за разлика од минатиот пат е многу подобра.
    Железото паднало џабе испаничив од 36ка на 18ка
     
    На abc1234, fashion1111, nevermet18 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    На горна граница ти било, имало фора да падне. Тек има опасност да паѓа после 20+ кога бебето ќе почне нагло да расте. Така да практикувај си да внесуваш намирници што го држат во нормални вредности. Моето за еден месец падна од 20 и нешто на 11 баш во 25+.
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Кога ти беше железото 36 што препорака ти даде докторот што тр води? Мене во 24 недела хемоглобин 11.4 с железо 19 а сега 29 недела хемоглобин 11 а железо 29...Малку и на др Таше му беше чудно низок хемоглобин а високо железо и тоа во 29 недела..Па ми рече пак дс повторам крвна слика
     
  7. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Изгледа само кај мене железото во 24 недела 19 а во 29 недела 29 ми се покачи...а хемоглобин 11 :^)
     
  8. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Кај испитуваше? И мене така ми искочи во авицена, железото 29, хемоглобинот 11, го поновив тестот 13 искочи железото...
     
  9. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Во велес во приватна лабароторија, и др Таше ми рече за неколку дена да го повторам
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Провери го пак за некое време. Кај мене не сум сигурна колку беше Хемоглобинот, резултатот ми остана кај докторот. Знам само дека кога го видов железото ми падна во очи, а после он рече дека и другите параметри не се сјајни и дека нема резерви. Рече бебето се си земало, а на мама не оставило ништо. Јас сега се обидувам преку храната да ја подобрам крвната слика, а пијам и Лактиферон. Следна недела ќе направам крвна слика пак, па ќе видиме дали има некое подобрување.
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kataleja@

    Kataleja@ Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Бремена сум 14+4 дена. На 13 недела направени се вагинални брисеви и присутна е ешерихија коли. Примам соодветна антибиотска терапија и чаеви. Но сакам да слушнам некои ваши мислења и природни помагала за оваа досадна буба. Фала
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ништо ми рече само да не внесувам суплементи за железо, спањак и цвекло и спањак и да проверам за еден месец.
    Знам кога паѓа, две бремености сум примала тотхема ампули, веќе кога ќе падне, тешко дека со исхрана ќе се покачи.
    Затоа се исплашив кога видов 36ка, а цел живот сум со 10ка железо.
     
    На Prolett и AnonimnaDevojka им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    @monik55 може нема којзнае колку да се покачи со исхрана, ама важно е да не падне повеќе. Кога веќе имаш искуство со нагло паѓање не ти е на одмет да си пазиш на храна и да примаш природни суплементи уште од сега кога гледаш дека паѓа. На крај ако треба секако ќе ти дадат и терапија, ама не можеш да кажеш дека храната нема влијание.
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И мене ми паднале и железото и хемоглобинот. Железото 16,6, а хгб 113. Со првата бременост немав никакви проблеми со к. слика, ама ептен пазев на храна. Сега пијам 2 пакетче лактоферон и пак паѓаат параметрите. Инаку сум 25 недела, до сега сум поправена 4 кг и тежам 57 кг, дома со тодлер не треба јога. :)
     
    На Prolett и monik55 им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Секако дека внимавам, кажав секојдневно се хранам здраво ручек квалитетен со салата.
    Кажав дека ако веќе падне како што било во мојот случај дека само со исхрана дека тешко се одржава.
     
    На AnonimnaDevojka и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ти и тогаш си беше шланг:)
     
    На Prolett и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  17. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Вториот пат кај ја правеше крвната слика? Јас правам цело време во Синлаб а сега сакам во Авицена
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Во авицена пак ја правев, кога правев за димери и им реков да ми земат една епрувета и само за железо, не целосна крвна слика. И искочи 13ка. А цело време си испитувам во Синлаб, ама дека матичнава ми е во комшии и соработува со авицена и боцкаат кај неа и после авицена доаѓа ги собира примероците, затоа така испадна преку авицена да се испитам, да не се акам по гужви. Ама еве сега кај и да е треба пак да испитам, помина месец и кусур од тогаш, во Синлаб ќе си одам
     
    На Prolett и mace89 им се допаѓа ова.
  19. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ги проверам резултатите, во Синлаб ми беа добри минатиот месец а јас имам вртоглавици, лошење и си викам да не ми паднало железото и хемоглобинот. Па ќе видиме како ќе бидат новите резултати :)
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Епа еден месец не е малку, плус баш си у периодот кога бебето најинтензивно расте, од 24та до 28ма недела растат највеќе, после по сантим, сантим ипол неделно.. И килажа исто... Така да ништо чудно сега да ти се намалени вредностите... И јас затоа сакам да се испитам, иако не чувствувам некоја разлика на мене
     
    На Prolett и mace89 им се допаѓа ова.