Да во право си. Ајде ќе видиме утре како ќе бидат резултатите. Ќе споделам Минатиот пат хемоглобинот ми беше 11,9 а железото 21,5. Се надевам нема да има некој драстичен пад Тогаш не ми бегаат суплементи
Мислам дека многу е точно ова. Баш од 23-4 недела негде почнав да осеќам како бодежи десното око и вртење свест дур ме боцка, за кратко поминуваше ама беше непријатно. Се случи неколку пати и баш се загрижив. После кога проверив крвна слика и се испостави дека крвта е ослабена, почнав да внимавам на храна, да пијам Лактиферон, мед со семе од коприва итн. и многу подобро се осеќам. Тоа чувство во окото се нема повторено од тогаш, се надевам и нема да се повтори, а мислам дека се должи на наглото ослабување на крвта.
@mace89 да, баш сподели, се надевам и јас нема да е драстично, сепак 21 ти било, тоа е супер... Мене пред да ми биде 13ка, 18ка ми беше, мада јас не го сватив тоа како пад бидејќи железото знае и да варира во зависност од храна во периодот... Битно ми е во граница... Ме копка сега како ќе биде, си закажав кај Снеже, по ваша препорака, наредна недела сум на преглед конечно и ќе земам и упат за крвта. Ќе споделам и јас обавезно @Bella_Stella баш убаво ти што си почна и со поздрава храна и со суплементи и на не толку ниско железо, ако се сеќавам 11 ти беше... Подобро така одколку да чекаш да ти падне под граница, тогаш храната и нема да ти помогне толку, ќе мора појак суплемент
Да да, 11 беше последно пред 15 дена негде. Се трудам сега и со храната, плус пијам и Лактиферон, па ќе видам на следна проверка како ќе биде. Целта е да не оди надоле секако, а ако може да се крене уште подобро.
Јас ќе закажам од 05 Април таа недела, таман и брисеви да ми земе. Мислам дека ќе бидеш задоволна од докторката но јас сепак си одам и на приватно
Леле ја морам да се исжалам, значи стомакот ми е тврд цело време како камче и чуствувам како дека ќе пукнам , значи не да е стврднат па да се пушти него цело време, и болка во половина си имам и 100 метра да испешачам или да постојам 5 мин. па треба да лежам потоа цел ден да ме одболи и тоа веќе си трае некое време , инаку сам 20 недела, дали му се случува и на некој друг
Да, мене ми е така, и тоа точно некаде од тој период, дури може и порано мене да ме фати... Редовно после јадење тежина, стомакот тврд, кога повеќе кога помалку... Болки во кичма, неможам да се движам.... Имам пишувано негде низ темиве, се навикнав веќе..
Да да редовно, речиси не сум имала никад проблеми со столицата, а чуството е баш такво некако како да не сум одела со денови
Се навикнав и јас или да кажам ќе се навикнам не е проблем до толку, него све си мислам дали е нормално воопшто, сегде ми оди паметот, па да не се контракции или нешто друго , никако не сум мирна , само се молам све да биде океј све ќе се издржи.
Знам дека е пријатна, ја имам начекувано неколку пати уште кога беше во центар во таа ординација, а и вака како доктор имам чуено доста пофалби. Јас до сега нон стоп само Васо ме гледал, не сум била никаде на друго место, секогаш ми биле уредни извештаите, само во последно време он не ми се допаѓаше во пристапот и објаснувањето и се мислев и да го сменам. Затоа сега кога ми кажаа дека не гледа веќе, некако не се изнервирав ич. Ќе одам сега кај Снеже, можно е и матична да си ја пишам. Ти зошто идеш приватно, чисто ради твоја сигурност или покомплицирана ти е бременоста??
Јас му кажав на докторот и за болките и за движењето и се, ме гледаше ми рече дека се е супер со бебето, нема никакви проблеми. Си качуваме килажа, бебето си притиска, хормоните исто така го отежнуваат варењето.... Не мисли на најлошото одма... Сите сме такви знам, ама среќа па кај мене мм е тотална спротивност од мене, ептен е смирен и позитивен, и ми делува многу позитивно и мене и ме смирува
Исто ми е и мене понекогаш, не е за загрижување. Јас приметувам дека зависи и од храната што ја јадам, каква е и колку количински ќе изедам. Плус бебето поголемо станува и ја оптегнува матката... Ете моментално ми е така, јадев малце глупости денес, па и на тоа го препишувам до негде..
Фала мила, ќе пробам да се опуштам, ај нареднава сум на втор скрининг па се молам дека све ќе биде океј
Фала мила, секад ме опушташ, на моменти ми попушта психата, само на лоши работи ми оди паметот, како да неможам да верувам дека може нешто убаво и мене да ми се случи
Кај Снеже идам бидејќи ми ја знае историјата. Имав една неуспешна бременост баш затоа што она не ми даде да испитам димери и ми закажуваше преглед на 6 недели. Голем пропуст заврши фатално а до тогаш се е ок , се е супер и на крај па како сега ова испадна. Како и да е може и од страв сега се тресам на се и контроли си правам на две недели. И државно и приватно
Девојки, а од кога почнува да се чувствува икаеето кај бебињата? Може некако да ми "доловите" какво чувство е? Како кога мрда?
Јас пред два дена го осетив прв пат. Сега сум полна 28 недела. Чувството е како да те удира послабо но само на едно место и со повторување како на интервали. Нешто слично како пулс на срце но со посилно отчукување се осеќа