Не се паничи, во тие недели се случува тоа. Уште спие по многу саати и ќе има денови кога е поактивно и такви кога не е толку многу. И јас прашував за истото, па еве ме сега да те утешам. За неколку недели од сега и ти ќе тешиш некој друг.
Леле еве ме и мене во паника, за ова отворив да пишам и јас цел ден слабо ја осеќам, 26+3 сум, ич не сакам кога е толку мирна а и јас сум цел ден во движење па може и затоа не ја осеќам.
Баш таа недела сите паничиме нормално е расти повеќе и повеќе спие не се секирај ич и најмало и најнежно движење да направи не паничи сепак и сеуште е малечко како поминуваат неделите се повеќе и повеќе ќе го осеќаш
Да ти кажам искрено баш бев испаничена зошто никакво мрдање повеќе од пола ден немав осетено , дури бев решена да одам на дежурен и одеднаш почна да си мрдка па ми дојде душата на место, фала ти мила
Фала мила, го осетив веќе па се смирив конечно, иако стопати бев прочитала за ова и знам дека е така ама пак си паничам , а не сакам да бидам ваква, ама џабе
Не, од мака и бутнав во уста неколку ствари да ја испровоцирам ама пак се инаети не мрда какви маки се овие, од 1 грам го мислиш па се до старост здравје...
A jas da prasam, spijat li voopsto bebinjata bo stomak? Ova moja a ne zasranuva, sabajlevo od 6me razbudi
Не се секирај, се е нормално.Ќе има денови кога ептен ќе мрда и денови кога ќе мрда ептен слабо.И покрај тоа што ти го пишувам ова, јас сум бетер, цело време паничамПред некоја недела истото го прашував овдеСега сум 27+3, до вчера беше ептен активна, а денес послабо.Затоа верувам дека утре ќе мрда повеќе
И моето е мирно неколку дена и сабајле миле паника беше на лекар. Фала му на Бога беше се во ред ама такви паники ме маваат тоа едно чудо. И еве трета вечер дежурам од 3 сум ококорена, само соништа и соништа
Ме отепаа мене ноќеска соништа... и еве дремам будна сега ... Денес на контрола и одма со некои "бабски" мисли... што ќе ми кажат, а сонот... да си ја фрлм дипломата
и јас исто во последно време ќе се разбудам накај 2-3 сабајле, ќе си поседам некој саат па ќе презаспијам а викаат во трето тромесечје пак киселини, несоници, болење грб не чекаат
Фала ти Маја Обично јас сум таа која теши во вакви ситуации ама ете појако од мене е се надевам денес ќе се разигра да не ја мислам, време ми е за контрола ама и сакам да почекам уште некој ден да биде поголемка па да се изненадам Исто. До 3 нема спиење, заспијам ли, одма почувам да сонувам 300 глупости и крави што летаат
Јас сум одела пешки од Кисела вода до Ракотинци мислам и како одев така се сопињав. И се разбудив со мисла ете нешто нее во ред. И зашто матичната вчера ми рече ок е главата ја има основата ама сепак ќе видат на скрининг. Абе луда глава сум и јас. Да ни пишеше како си помина на преглед.
И ние сме будни од 6 30 денес. За во веце нон стоп, мала потреба.. Ама честа.. Хаха што да се прави. Будни сме и си мрдаме.. Ајде се ќе биде, ќе се издрже..
580gr e дебелиот, 23+2 Ок поминав, (на сонот правевме Бадник, со некои искинати јакни, и прво што помислив кога се разбудив, ми се испокинала постелката ) На моменти си викам Наташо и ти отиде, на моменти се тешам дека е нормална оваа загриженост.... Строго лежење уште мин. 8 недели, постелката не ми е нешто најсјајна, ама туркаме засега, терапија колку сакаш, за 10тина дена ќе знам дали треба и клексан, на граница ми се димеритe, но бебето е добро. И тоа ми дава сила да преживеам уште 10 Бадници, па и без јакни
ме изнасмеа со Баднициве и јакните баш ми е мило шо е бебиш супер. Ќе се фалиш за брзо кило и нешо дека се напраил. Уживај, силна си ти ќе издржиш
Eve me i mene Bev denes na vtor skrining kaj d-r Dimchev,se e dobro mazuleto e 400gr,mi reche deka e ok odgovara za nedelite 21+. Mn.malku zboruva,skrzav na zborovi,no jas se si prashuvam.Zadovolna sum no po drug mi e d-r Ivanovski,dali pa deka jas sum si naviknata kaj nego ili...neznam. Za cerviks go zamoliv da mi izmeri,jas sum sepak so preventiven serklaz i mozebi na momenti sum opsednata so nego.Lezachka bremenost teram i se nadevam ke bide se ok barem do nekoja bezbedna nedela.