Наполнив и јас 27 недели, ама ќе ве дружам уште некое време тука. Рано ми е за во трето тромесечке психички не сум спремна за паники пред пораѓај без разлика што ми е втора бременост)
Devojki da ve prasam za maticnite ginekolozi i naplakanjata.Bremenosta ja vodam i kaj maticen ginekolog i pararelno vo sistina kaj dimcev.Do sega site pregldei so sum bila kaj maticnata se naplakale po 300 denari za eho i po 1200 za skrining.Slucajno se vidov so pijatelka i spomna deka taa vo bremenost sosema nisto ne plakala za pregledi ni za eho ni za skrininzi kaj maticnata.Dali nekoja druga imala vakvo iskustvo ?
I jas ja vodam bremenosta paralelno I kaj maticnata i vo plodnost.. Do sega nemam nisto plateno kaj maticnata I opsto na drzavno
Искрено, само на гак немам платено ништо. Кај мојата матична ценовникот варира, од 500, 700, некогаш ништо, од памет...ако и самата знае што наплаќа, Наташа да не се викам... А Систина стандард, 2650, или 4650, ако е скрининг... која недела си?
И јас одам паралелно и Плодност и кај матичната и секаде си плаќам За ехо кај матичната по 500ден... а за скрининзи незнам, досега приватно ги правев
Мојата матична не ми наплаќа ништо , а имам читано дека не си единствена на која и се наплаќа на државно . Жално , но тоа е реалноста за нашата држава . За трудниците сите прегледи кои се на државно (брисеви , анализи , скринизи ) треба да се бесплатни.
Вториот беше 3000 или 3500 не се сеќавам точно и ми го правеше мене др Таше ама јас сум инвитро кај него и он ме води
И јас сум со ин витро и тоа баш кај него ама приската не сакаше тој да ми ја направи многу бил во гужва а со близначка бременост платив 10 000 и искрено ме изреволтиран тој негов однос па завршив кај Сотир и сега за вториот се мислам кај да одам
Te molam ako si od sk pisi koja e tvojata maticna i dali si zadovolna pa ako treba ke ja smenam mojata maticna,bidejki se bukvalno plakam(osven koa ke mi dade upat na drzavna,tamu za nisto ne mi zemaat pari).Dokolku sakam da plakam ke se vodam samo kaj Dimcev
Не сум од Ск . Смени ја нема потреба зошто да плаќаш , кај на приватно одиш таму еден куп пари даваш па и на матичната они си зимаат од фондот пари ...
Мене прво др Таше ме водеше до првиот скрининг и кога бев за првиот скрининг ме препрати кај др Сотир он да ми ја води бременоста понатаму.Јас реално го разбирам тоа бидејќи сепак др Таше си е специјалист за неплодност и он успешното инвитро и со следење до 12 недела си ја заврши својата работа.Не е фер и ние бремени да им зсфаќаме термини кај докторот на оние кои се мачат со инвитра.Ама мене др Сотир наеднаш ми ја прекина цела терапија после првиот скрининг јас го правев во 11+ недела и после два дена ми се појави крварење и др Таше затоа пак ме врати кај него да продолжам он да ми ја води бременоста.Инаку да немаше ништо др Сотир и мене ќе ме водеше.Јас не правев приска бидејќи правев нифти тест.Инаку приската во Плодност е 4500 денари зошто не си ја направи преку матичен мислсм дека многу поефтино е
22 nedela sum i kaj mojata e isto cenovnikot i varira od pregled do rpegled.Duri sum posrekna koa odam sistina, si znaeme tocno kolku e obicen pregled,kolku e skrining iako se mnogu pari
Ako mozes pisi ja maticnata i dali si zadovola od nejze so pregledi i so termini ?Ako ne za ovaa barem za sledna bremenost da znaeme kade da se prefrlime
zavisi za vo koj grad, jas sum od bt ama mazena vo resen I. Maticnata mi e vo resen, za termin ima skoro sekogas
Да не ни е истата? Ма да, бидејки ми е ризична бременоста веќе добри 9-10 недели а ме чуе ми вика "оди на гак"
Мене мојата матична ми наплаќа по 500 денари за ехото. За друго не ми наплаќа, ни за брисеви ни ништо. Знам дека и ехото не треба да го напраќа ама ајде.
Јас сум од Ск. Втора бременост водам кај матичната, денар немам дадено. Ни за ехо прегледите, ни пап тест пред да останам бремена. И мене ме чуди што е финтата, имам доста другарки што плаќаат кај матичните.