Ич не ми текнува како беше со малиот кога бев бремена не дека е од дамна ама не се памти се. Стомакот нагло ептен ми рипна, почнав како напрчена да одам. И целиот стомак камен тврд го осеќам, бебњ скроз доле удира ли удира мава на бешика, и како менструални болки имам.
Леле како се справувате со целата ситуација јас веќе не знам шо да мислам едното бебе е десно погоре ме боли од време на време околу папокот и колкот другото лево долу некогаш кога седам мислам врз него дека седам и бодежи во препоните пијам магнезиум 375 мг ама мислам некогаш не е доволен на ехо ќе појдам се е во ред а сум 16 + како ли ќе е понатаму страв ме фаќа
Мониче и кај мене е исто. Како преку ноќ да ми порасна мешко,кога удира ептен доле го осеќам,кога ќе клоцне кислам ќе се подмочам.Исто тврд ми е,и почнав мн да се заморувам едвај по скали се качувам. Ја почнав 26 недела а на контрола сум следната. Се надевам нормално е Бакнежи до батковците
Тебе дека со две затоа ти е така, повеќе тежат. А нагоре бебето кога се качи? Многу ниско клоца. Нормално вакви недоумици ми се јавуваат после контрола. Јас ја почнав 21 недела ако е вака до крај па и со две годишен тодлер дома ќе биде весело Бакнежи и до вас
@monik55 стварно незнам дали е качено,спрема удариве како карлично да е свртено може затоа и вака доле го сеќавам.На последна контрола во 23 во хоризонтала беше свртен господинот. И првото до 8 месец ми беше карлично па после се сврте надоле ама сум заборавила не се сеќавам вака доле да го чуствував. За весело секако ќе ни биде
Јас Приската ја правев во Плодност кај д-р Владимир Поповски , сега за следен скрининг пак сакам кај него. Многу сум задоволна од него, и да прашаш се што те интересира дури и сликовито ќе ти објасни. А претходно имав непријатно искуство со Кристинка Пајаковска иако за неа слушав мн позитивни коментари. Приската јас ја платив 7.500
Дали некоја од вас се соочува со цисти во дојки? Јас си ги имам уште од поодамна но сега со бременоста како одново да ја чувствувам истата болка како и кога ми беа утврдени..некоја омалаксувачка тупа болка, особено во левата..
Јас во десната чувствувам така од време на време и почнав мн да паничам дури и ехо сакав да закажам. Пред 2 години кога праев ехо ништо не ми кажаа дека имам цисти, мислам сега и од самата бременост болат. Мене и двете ме болат на допир, ама оваа деснава знае и сама така некогаш тапо да ме боли дури и од маицата што ме чепка. Многу е крипи и од ум ме вади. Некогаш и под десната пазува како печење чувствувам. Ваљда млечни и потни жлезди работат и се спремаат за доење.
devojki zdravo edno prasajne 22 plus 4 sum denes mnogu imam bolki vo kicmata mi pominuvat pak pocnuva dali e normalno da ve boli kicma ve molam damikaste piev magnezium ama nikako da pomine ?
Разграничи си прво какви се тие болки, дали и стомакот те боли или само кичмата, дали се јавуваат после напор, после движење, работа? Од колку пиеш магнезиум?
fala ti duso no mi pominuva vo glavata da ne nesto za zagrisenost mosebi i sto naglo stomakot mi porasna pa zatoa imam bolki vo kicmata ke odmoram pa ke vidam dali ke pomine fala ti mnogu ❤️
Јас некаде од таа недела почнав да имам болки после движење, долго стоење или неубава положба на телото, и еве си ги Носам уште само зголемени. Во моментот кога те боли легни одмарај, поминува.[/QUOTE]
Денес стоев подолго на нозе, плус и малава ја кревав и некако почнав да имам чудно чувство долу како за мокрење проследено дури и со болка. Знам дека и со првово вака чувствував ама при крај, а сега некако многу рано ми почна во 27 недела? Дали ви се случува и на вас вакво нешто?
Девојки и јас да ви се придружам овде, сега сум скоро 15 недели. Имав хематом кој за среќа одамна се ресорбира, но од почетокот на бременоста па се до сега имам исцедок. На почеток менуваше боја но сега е буквално жолта боја. Гинекологот кај кој одам вели дека се празни хематомот(а како се празни кога го нема), но веќе месец дена е истиот одговор а исцедокот продолжува. Дали треба да бидам загрижена? Да напоменам дека немам симптоми на инфекција. Исто така сакам да ве прашам кога правевте брисеви? Јас пред почеток на бременоста направив, па сега мислам дека е повторно време? И дали е нормално дури сега да се јават вртоглавици и гадење? Досега немав такви проблеми, еве баш овие ден два ми е лошо. Ви благодарам однапред.
Брисеви јас правев заедно со првиот скрининг. Можеби не ти зела ако си имала крварење од хематомот. Замоли ја нека ти земе, чисто да ти се тргне од глава. Вртоглавиците и гадењето може да ти се од низок притисок, од ниско железо. Крвна слика имаш направено? Притисок имаш мерено?
Крварење немам веќе одамна, сега месец и половина веќе жолт исцедок кој не знам што претставува. Ќе му речам да, на следен преглед во секој случај. Имам низок притисок и општо но прв пат толку гадење и вртоглавици. Не знам дали се очекувани симптоми дури во второ тромесечие? Железото ми беше ок пред 2 недели правев крвна слика.
Гледај да се хидрираш, пиј многу вода. Можеби си со вообичаено низок притисок, ама сега ти е зголемен волуменот на крвта, бебе исхрануваш и настанати се големи промени. Може да ти е од тоа.