Во последно време осеќам повремено затегање во вагината при движење или при наведнување... особено после втор преглед во март. Си викам дали е пд тоа шto na 3 недели два пати ме гледаа вагинално за грлото... има некој со слични болки?
Исто, како затегање и бодежи... не се секирај, цервиксот мене 16цпати досега ми го гледале, не е од тоа... ако ти е се во ред гинеколошки, тоа се болки заради тегнење, зголемен проток на крв, како и хормонални промени.. Јас ги имам од 17-18 недела негде, ти која си?
почнаа поинтензивно во 26та баш после прегледот. и еве си траат 2 недели, поише како физичка болка, нема грчеви такви работи.. утре сум 28. до 26та немав или па несум обрнувала внимание ако биле ретко
Колку ти е цервиксот тебе? мене во 26та 35мм, остана така цело време мање више ама читам на нет скратување било од 28 до 32 така да пак не мрдам...
Мојот цервикс е дискутабилен на гак ми е 28, кај Димчев 42 последно... така да не знам која е вредноста, битно сега засега сме затворени...шала на страна, 35 е одлична бројка... Одмарај и уживај
35мм го сметаат веќе за скратување? Мене од сам почеток ми е толку и после лежење толку абер нема да се продолжи на сите прегледи до сега ми кажуваат дека си е супер а и јас читав дека треба да биди подолг..
@AnonimnaDevojka и кај мене измерен цервикс на гак 31мм, а во систина 38мм и двајцата доктори ми рекоа супер е, нормално функционирај.
Широк дијапазон има цервиксот, сепак зависи и од физиономија, и мал милион други фактори, од 25-60 мм е нормална вредност... под 25 е ризично, под 15 бара хоспитален третман, пишав 35 е одличен број....
Немаш потреба од тоа да не мрдаш мене ми е од 32-34 и тоа од 11 недела бидјејќи др Таше секој преглед прво вагинално ми мери цервикс па после абдоменално,иако немам никакви индикации па секогаш вика дека е супер,јас се нормално правам,се движам вежбам јога...И плус не е само должината туку зависи дали има фунелинг,омекнато грло и други параметри.На интернет ако почнеш да читаш ќе ти се стемни.Вака уживај не му ја мисли освен ако од доктор не ти е препорачано да мируваш
докторот ми го измери 34мм уште во 11та на скрининг и мислеше дека ќе продолжи да се крати, ими кажа умерено движење као претпазливост зошто ептен бев опуштена од 6-11 недела и немам некоја медицинска историја. Виде дека до 22 ра остана ист мање више и тогаш рече океј е. Ама мене шубе ми е уште, зашо тек сега природно ќе се крати па си останав со лимитирана алктивност низ дома.. Ќе се опуштам после 33та недела барем со пешачење секој ден...
Секое утро ќе будам со болка низ целиот грб, болка како многу јака омалаксаност. Едвај станувам, ама кога ќе се раздвижам после 15ина мин ми поминува како ништо да не било. Му се случува тоа некому? Дури се будам по 10 пати низ ноќта од што ме боли.
Да баш исто а јас сум цело време физички активна,и вежбам и плус секој ден по 3 км пешачам.Затоа знам за должината оти во 11 недела на преглед докторот ми рече супер е а јас дома кога си дојдов и кога видов 32 или 34 не се сеќавам кога почнав да читам во кома ќе паднев ама веднаш му се јавив испаничена и он ми рече дека е одличен и дека најбитно е грлото да си е затворена и дека секој си има различна физиономија и дека од тоа зависи колкава должина е нормална.Само да нема омекнато грло,фунелинг,крварења и слично
Мислам дека скоро повеќето имаме болки во грбот,јас ги имав до 3-4 месец почнав да вежбам јога и секој ден да пешачам и фала му на господ 32 недела грб ме нема здоболено.Ако ти е дозволено од доктор повеќе раздвижување и прави си лесни вежби
да да у право си, ама не ми се испробава до кај му е лимитот. Све се тоа параметри што никој не знае какви му се дур не се оптерети. Битно да стигнеме до 9ти па после што сака нека биде
Мене матичната ме будали со тој цервикс во 15 недела ми беше 40 мм па ми вика на граница си можи ќе ти треба серклаж дека со близначка со ин витро и ми стана ко комплекс претежно лежам и ако излезам со страв од друга страна Таше ме гледал неколку пати и Сотир на скрининг па ништо не ми рекле кое е исправно не знам
Најбитно е ти да се чувствуваш сигурно,како мислиш така да правиш.И твојата одлука е исправна,одмарај си најбитно е да ти е мирна главата.Со лесно нека ти е
Си имам план еднаш во неделата излегувам по 2 саати така ми е ко празник инаку дневно можи 15 мин колку до маркет да купам нешто и тоа не секој ден и домашни активности некои полесни и другото е лежачка положба целата сум под протокол ама ќе се издржи сама си се охрабрувам