Мене за вториот скрининг ми наплатиа 2650.За да после 4 недели на обичната контрола ми речат дека направиле грешка со таа наплата па ми наплатиа пак додатно.
Ако кажеш дека идеш на Скрининг ти наплаќаат 4500 денари, а ако кажеш дека идеш на ехо 2650 денари... ова ми го кажа другарка една и стварно кога отидов и кога кажав ехо помалку ми наплатија, а ми провери и цервикс и 4д уклучи. Така да, не потенцирајте дека е скрининг
Докторката дава извештај во кој мора да напише што правела на ехо,што видела,кога е следна контрола и се останато.Неможе тоа по наша желба.На мојот извештај пишува фетален скрининг со димензии на се што видела.Грешката во наплата ја прават тие на шалтер. проверка на цервикс е рутинска раб.Тоа не се наплаќа плус никогаш.
Би требало да е така. Се знае кои недели е скринингот нели. Не може во 25та, 26та недела да наплатат скрининг, а е всушност контрола.
Јас ви кажувам од мое искуство. Јас бев во 30та недела кога треба да биде скринингот. И сестрата на шалтер кога ме праша (веќе знаејќи го ова) и кажав дека сум само за ехо. Тоа до сега два пати ми се има случено. Дали е грешка при наплата, не верувам искрено.
Колку што знам, читајќи наназад, на сите тој преглед од 28-30та недела што докторите го викаат скрининг, се наплаќа како ехо преглед. А може пак и си имала среќичка за вториот скрининг .
Ќе си се исполни и малата кралица, ќе си пркни малото, плус ќе си потслезе долу. А за постелката најважно е дека доставува доволно кислород и хранливи материи за бепчо да си напредува како што треба. Во медицината од секое правило има исклучок. Јас сум родена во 42+, со меконијална опв, претходно 1 недела мајка ми лежела на болница, бидејќи и рекле дека плодот е мртов и чекале матката сама да го исфрли. Ете, го исфрли, гњави сега на форуми.
@IRBBB, не знаеш колку сум среќна и расположена што лежам на рамно денес (се надевам нема да јурам вечер во полицискиот) и плус после прегледот влегов во продавница по 4 месеци, its was a wonderful day Ти добра си? Да пројде се ова и одиме во Буре @AnonimnaDevojka 26+2, скромно
@Natashka1988 е гледај колку преубав ден си имала Ќе одиме, батковците в колички ќе се занимаваат, мамите ќе мезат некое даскиче.
Само позитивно мила @Natashka1988 ќе биде се, чувај се и одмарај... Супер, напредувате, ќе биде добро, ќе го гушкаш срцулето, *
И јас ќе ви се придружам ако ме примате @Natashka1988 и @IRBBB. аман Натке значи овие твоиве доктори многу ме нервираат и мене ми нема никаква логика тоа шо ти кажале. И зошо уште да лежиш со перница и тоа ми нема логика, секако лежиш, не притиска бебе доле. Ја би ти рекла да идеш на второ мислење, а тебе да ти е мирна душата. И да не се замараш многу зошо се ќе биде ок, гледаш како си расте баткото
Ќе одам, да земам плата, оти чичко Димчев 5000 ми зема на гладно срце претходен пат (а не беше скрининг)
breee znaci cenive po 100ce po 200ce se utepavme davanje, ja sum vise 5 godini tamu,za niv rabotam, da zavrsam so tema Deca i se vrakam na drzavno.
Навистина многу. Јас бев кај него 2 скрининг ми наплати 4 550 и тоа закажено имав 11, а влегов 11 30.а брзо ме прегледа, ем на тел зборуваше... Ми стана криво.. Само рече се е супер, бебе си напредува, органите се супер, и срце, бубрези итн.. надолу е свртено.И ми закажа после 2 месеци за 3 скрининг. Јас не отидов.
Па ова поскапо и од скрининг . Како од ракав да ги вадат цените. Еве пример јас бев на втор скрининг и ми рекоа дојди за 4 недели на контрола,...за во систина. Колку ќе ми наплатат?
Беше на 09ти ми се чини, и пред плата, и ја си,рачунам обично ехо 2650, толку ми го наплаќале досега, и кога ми рече таа 5000,,се здрвив..среќа мм беше до мене, па тој имаше... преглед ми додал, а ниту се качив на столот ни ништо, на обичното креветче за ехо...ја и со цервиксов само за преглед сум.. сакав да речам, ама пошто сум некогаш "тутурутка" си ќутев..