Jas ne bi si kjutela, bi si prashala, na nikoj parite ne mu rastat na drvo, iako imam dovolno ne davam denar da mi otide nepotrebno, ne deka sum stisnata ili neznam shto, princip e vo prasanje, si gi pregleduvam doma site fiskalni, se vrakjam ako mi naplatile nesto poskapo ili 2 pati, vakvo nesto da mi se sluci ma ne si odam dodeka ne razjasnam i ne platam kolku shto treba a ne kolku shto nego ke mu tekne. Jas mislam na nareden pregled da si prasate zosto tolku plativte a jas da sum bi si se javila uste utre i bi si rascistila.
Да бев клинички доктор, да, ама во приватна амбуланта еднаш добив 500 грама кафе, и имам free Диазепами... животот е песна...
500гр кафе, зелници, блачко, канти сирење, јајца... Кај доктор со празни раце не се оди. Ако одиш празна, ќе поминиш како ти кај Димчев. Да му однесеше нешто на човекот, одма подруго ќе беше. (да напоменам дека се зезам, да не ми стегнат тужби од зафрканција на форум. )
Хахахах, ме пресмеа @IRBBB Дај стварно некоја месецов ако била во систина на контролен преглед, не скрининг да ни сподели колку платила. Хахахја до кое дереџе сме, за наши пари не шалтаат како сакаме и си ќутиме, барем јас де
Си платив. Среќа имав на кредитната пари инаку си имав 3000 во мене толку си планирав башка крај на месец и сама бев незнам што ќе правев.
Дури и да ти закажат дополнителен преглед за 10 дена пример не ти наплаќаат. Таа цена си е во прегледот од минатиот пат. Иначе трет скрининг наплаќаат како обично ехо. Во Ремедика беше 2500 сега е 2700 покачено. Баш прашав минатиот пат. Измена немаат само во цените за пораѓај
Јас два пати едно по едно плаќам скрининг , бев во 21 недела кај др. бојаџиев кај си одам на контроли и баш го прашав дали е скрининг ова или преглед , рече не обичен преглед за скрининг ќе закажеш кај др. димчев за две недели, одам да платам 4700 ми наплатија ,и прашав на пулт зошто ми наплаќаат скрининг кога допрва ќе одам на скрининг ми рече тоа докторот си запишал ние немаме ништо со тоа, и така сега бев кај димчев исто толку си платив 4700 и така , веќе се плашам да отидам
Јас бев на преглед пред 1ипол нед има, платив 2800, вагинално и абдомен. ехо и го измеривме грлото, за во Систина.
Јас кај Димчев отидов на закажан преглед, кога се јавив напоменав контрола обична, а бев за скрининг. Ми направи скрининг и на пулт платив 2800 мислам или 2550 не сум сигурна
Здраво девојки . Сакам да ве прашам дали некоја од вас чувствува стврднување на стомахот кое трае повеќе време, околу 1, 2 часа. Јас сум во 22 недела и го чувствувам стомахот речиси секоја вечер како стврднат, цврст, како да нема веќе место и тоа ме држи повеќе време. Тоа чувство започна некаде околу 20та недела. Не знам колку е ова нормално . Ви благодарам однапред!
Јас така сум го чувствувала и сеуште го чувствувам само поретко, кога ќе се прејадам или кога ќе јадам храна која потешко се вари. На пример во тој период мн ми пречеше бело брашно, ама после тоа не. Имало моменти кога мислев ќе ми прсне стомакот од што го чувствував така тврд. Ама еве сега сум веќе 30та недела од утре сега тоа се случува ептен ретко
Можеби и кај мене е некоја реакција од храната, зашто обично навечер вака се чувстувам. Благодарам многу на одговорот!
Јас го чуствувам постојано стврднат ако се движам или стојам само кога лежам го чуствувам поопуштен инаку уште порано почна вака да ми се случува можеби накај 17 недела, сега сум 24 г.н. го прашував матичниот и димчев исто, рекоа па расте се оптега стомакот и дека сум била слаба затоа , да сум пиела магнезиум двапати во ден, и некако се опуштив си викам валда е нормално.
Јас сум 13 недела а изгледам како 6 ти месец,од 11 недела ми се познава а прва бременост., мислам имав 2 спонтани ама не ги рачунам. Ми се потегна ептен последнава недела, имам и грчеви обично навечер
Jas isto, 12 nedela a stomaceto mashala, na momenti si vikam moze do mene e ili e od hormoni ili e izduvano oti citam pisuvaat 16-17 nedela im se pokazuvalo meshe, jas se merev obem si bev 81 sega gledam 87 mnogu chudno mi bese ama ako za ubavo e, daj boze neka rastat mesinjata da nemozeme stapalata da si gi vidime od mesinjata hahah, bashka osekam treperenje nekoe, znam deka e nerv nekoj ili gasovi ama mi e mnogu smesno, mozam da zamislam kako e koga kloca i se tegne koga mene od gasovi ili nerv mi e vaka ubavo i interesno. Gospod neka e so nas i neka ne chuva!
Здраво , дали има некој искуство со покачено црп во крвта? Денес проверував и ми е 7.9 а нормално пишува дека е до 5. Инаку денес влегувам во 26та недела.
Да мене ми беше во понеделникот испитував 9, ама јас бев ( сум) настината... Денес пак правев крвна слика да видиме како ќе се движи беше смалено на 2