Само витамин ц 3 пати по 500гр, магнезиум и пренаталните... И многу, многу течности- цедени сокови, чај од кромид многу пиев (уште пијам), чај од ловорови ливчиња, супи ( јас си правам домашна со морков, целер, пашканат, магданос, брокула и тиквички)... Ааа да, и инхалации дека бев јас ептен затната, од камилица, и од кромид, лук и лимон... Од оваа втората од кога ќе се инхалирав и водата ја пиев...
Фала за одговорот. Јас немам никакви симптоми ама пијам превентивно Ц витамин, магнезиум и пренатални исто. И течности внесувам доволно.
Се зависи дали сте пациент на докторот. Јас со години идам на прегледи и никогаш не сум платила повеќе од 2800 за преглед(ова сега цена порано поефтино) и скрининг правев и пак таа цена си ја платив и тоа близначка бременост. А на телефон се јавив од љубопитност да прашам колку е скрининг прв за близнаци, ми кажаа 6800
Ми нема логика. За да станеш пациент на докторот значи треба да идеш кај него, ок. Е сега, колку пати ќе ти наплаќаат како скрининг, а си за контролен ехо преглед? Не ми е јасно.
20та недела, завчера правев скрининг, сè е супер, бебчето си расте, постелката топ, матката топ. Докторката што ми го правеше прегледот запишала во резултатите: совет - да закаже за ехокардиографија за 4-5 недели, на што матичната изреагира дека немало потреба, резултатите биле уредни, таа докторка сакала само да си допроучува за да си зголеми знаење/искуство. Сега се мислам дали воопшто да се замарам околу тој преглед, сепак ќе биде мака да се најде термин, башка што е секогаш гужва на Гак и не ми се меша со луѓе непотребно. Во двоума сум... Проверив и ддимери, 800 ми се, според границите за 2ро тромесечие на средина се, што значи супер. Е сега се мислам дали повторно некогаш треба пак да ги проверам? Да не се смени ситуацијата? Ја прашав матичната што е следно, таа ми рече подоцна уште еден скрининг и тест за шеќер и толку, во 35та недела ќе ме одјавеле и ќе си терам во Гак. Некако многу малце е тоа со оглед дека сум тек на средина на бременост? Не дека ми се иде на прегледи, ама да не пропуштам некој важен преглед? И уште нешто, вчера почна малце да ме боли нешто во срамната коска, денес веќе повеќе ме боли, особено кога станувам од седнување/лежење. Ваљда нормално е штом сè е океј според скринингот?
@MissChievous исто и јас правев 2 скрининг во Гак во 21 недела и ми рече др.Ана Данева по 4 недели на контрола за ехокардиографика и да испотам скриен шекер дека бебе отстапува 1 недела напред можно било од тоа да расте повеке, и јас отидов на уште еден преглед на приватно и др вика бебето тие здраво што му најде маана на оваа срце а и шекерот ми е супер и него го проверив. Така да само знаат понекогаш да не испаничат и во мисла да не стават,а тебе да ти биде мирна душичката направи си уште еден преглед кај друг доктор и ке видиш дека се е добро
За каде зборуваш? Ако зbориме за Систина, сите сме пациенти на докторот, а ако мислиш на редовни, и тоа сум. На 3-4 недели одам. Како уште да станам негов пациент? Да ме посвои? Избезобразени се со бескрај, него мака кога имаш не прашуваш...
Јас таму се пораѓав, и сега пак водам бременост кај истиот доктор. Никогаш не ми запишува скрининг, туку преглед. Така што, се зависи од докторот, а не од тие на наплата
Кај кој доктор одиш? Како што нагласив дека се зависи кај кој доктор одиш. Плус секогаш закажувам преку сестрата и ми закажува како преглед. Тоа е мое искуство, да закажеб преку телефон и да кажев прв скрининг ќе ми земеа 6800...
Димчев секогаш оди регулар со цени. Закажи си или кај др Петровска или др. Панчевски и двајцата се одлични.
Самата докторка што ми го правеше скринингот рече дека сè е одлично, дури имаше испринтано посебно слика и од срцето. Искрено едвај и за скринингот ме примија, немаше опции ни за приоритетен, мене тоа ме нервира. Да бараш со недели термин, да се молиш по доктори да те примат, да седиш во гужва со луѓе во ова грдо време... па не ми се прави сето тоа ако навистина нема потреба. А шеќер во која недела се проверуваше?
јас првиот пат кај Нинослав во Систина за мислење платив 1300, а после наредните пати плаќам 950 односно 1000 по новата цена. Ваљда прв пат наплаќаат едно цени а кога ќе видат дека се враќаш и стануваш нивни пациент намалуваат цени.
Лошо ги толкуваме советите на докторите а сепак сме 21 век каде сее понапредно. На нив и им е веќе пракса да даваат совет за преглед на срце, а срцето најубаво се гледа малце подоцна. После кој ќе биде крив ако нешто недај боже, вака нивно сие да се заштитат и да дадат таков совет. Лошо ти искоментирал и докторот на приватно, докторката не му нашла никаква мана на срценцето на твоето бебе туку тоа и е должност да ти го предложи.
Да си одите де што ви предлагаат докторите а Ана Данева е доволно учена па да се учи на тебе или било кој како што кажал твојот матичен.