Да, може спиело.Штом се друго е во ред нема потреба да се грижиш, а и докторот ќе реагирал или ќе ти кажел ако не е се во ред... И јас кога бев баш во тој период на контрола не можев да видам никаква активност и го искоментирав тоа на глас, ама за разлика од мене докторката видела нешто и ми кажа дека мрда и се зачуди како јас не можам да видам...сепак тие се постручни, според мене нема потреба од паника
И јас официјално ви се придружувам во клубот на идни мајки и ќе бидам почесто активна во темиве Прва бременост, 23та недела, бебе мрда ли мрда. Пред 2 недели почнав да го осеќам убаво само навечер или сабајле кога ќе станам, сега и во текот на денот. Мене на последното ехо ми рекоа дека бебе било поголемо во однос на неделите, па викам заради тоа ептен се познава. Буквално стомакот ми скока кога мрда или се познава издувано на страната кај што си лежи и тоа убаво се познава. Немирко е уште сега Кај вас исто ли е? Кажете искуства.
Сигурно спиело. Не знам колку е точно ова, ми имаат кажано дека ако си отишла гладна на прегледот, бебе ќе е успано и нема да мрда. @Ladybug98 скроз исто, цел стомак ми потскокнува некогаш. Кај мене бебуш се води како неколку дена наназад дека е покус, ама тоа ваљда си ги носи гените оти и мајка му е метро и жилет. А онака докторот ми вели дека е буцко.
Мене ми кажаа од 14ти до 20ти ноември ќе се породам. Со убави мисли се ќе биде во ред Мачнините се намалија ама уште имам, уште си повраќам
Офф ајде сега тоа е што да правиш. Ако ништо друго нема да се секираш за килограмите. Еве јас како немам мачнини и повраќње одма плус килограми на вагата хаха. Како и да е живи и здрави да сме само. Исто и јас 14 ноември термин, ќе ги шетаме заедно беблаците.
Да, гладна бев и нешто вознемирена.. До сега до 16 недела немам проблеми ни мачнини, само неколку пати, најчесто кога менува времето. Само да издвојам дека често мокрам...
Супер штом немаш други симптоми. Штом бебка си е супер, нема зошто да се грижеш. За мокрењето, натаму уште почесто ќе биде. 25+3, на секои 5 мин сум во тоалет. Некогаш се случува и да ми се испушти некоја капка ако кивнам.
Не се плаши. Гледај да бидеш најадена и опуштена тогаш, па ќе видеш бебка како ќе се покаже убаво. Полот го дозна? Едит: Видов дека ти рекле да пиеш магнезиум. Јас скоро и ич да не го пијам, па бебе си е секогаш активно, како некој кенгур да имам во стомак, не гледам некоја функција на магнезиумот.
Јас се си викам абе и 50 кила да се поправам саааамо да не ми се лоши веќе ама тоа е, ќе се издржи ќе помине се само се да е во ред па после ќе ги шетаме беблаците
Што правите со тврда столица или запек? 15 та недела сум, минатата недела ставав вагиналети за бактерија и од тогаш имам мака, дали е поврзано или не не знам трета бременост ми е, претходно во ваков случај модри сливи ми помагале, јогурт, сега не
Компот од сливите направи си, исто и масло (зејтин) напијај се 1-2 лажици проверено, бев на иста мака
Ленено семе и јогурт. А мене многу ми помагаат и кесичкиве магнезиум, читам кај други предизвикуваат дијареа, јас дека сум со тврда мене ми ја нормализираат
Добро утро. Сакам да пишам да се дружам ама стварно немам што оваа втора бременост како се да е во ред или јас немам време да посветам толку пажња како за првава (лани). 22ра недела сум некако се многу брзо ми оди. Наредна недела сум на втор скрининг и едвај чекам да го видам во 4Д П.с бебе уште цица Ве поздравувам сите
Јас после пород со месеци сум така, сега пак бремена и сеуште не ми се регулираше 8 месеци! Тек сега после сите ленени јогурти и покушај со храна да решам, Др ми даде сируп како јаворов е на вкус, баш за тврда столица. Не иде во крвоток и рече нема да е проблем ни за ова што цица ни за бебево во мене. Ако сакате ќе ви го сликам.
Здраво девојки, јас сум веќе 20та недела За брзо ќе правиме втор скрининг. Како и секогаш мојата грижа е со килограмите, ослабена сум 1кг од почеток па се досега и еве стојам на истото. Се хранам нормално како и претходно, ама ете килограми не качувам. Се грижам дали бебето е здраво и дали му е доволно. Меше имам многу мало, само што почна да се познава по малку. Што мислите? Дајте ми некој совет за поздрава исхрана во бременост. Инаку имам проблем со стомакот во глобала, постојано имам болки, подуеност, гасови и секако тврда столица. Ништо не ми помага, ни суви сливи, ни компоти, ни семиња. Не знам дали да се префрлам на сирупи од сега или да издржам. Дали и вие го имате истиот проблем? Некогаш не можам ни да спијам од болки и подуеност. Не болки во долен дел, туку низ целиот стомак. Секој совет е добредојден