Јас пијам витамин д но сум со умерен недостаток па заради тоа и секако по налог на матичен лекар. Најдобро матичниот да ти каже дали треба дополнително нешто да примаш.
Витамин Д е најважен од сите витамини и ги врзува сите елементи во телото. Затоа, ортопедот ми препорача во бременост задолжително да пијам. Плус на Пре Мама витамините со омега3.
Јас освен магнезиум,фемибион2 и б6 не зимам никакви други витамини сега.Единствено во рана бременост бев ковид позитивна и тогаш земав дополнително витамин д,битаминц,цинк,цинковит в ама помина и ги прекинав.Немаш потееба од дополнителни витамини освен ако докторот не ти препише за твојата состојба
Официјално влегувам во второ тромесечие, со супер резлутати од нифти и супер поминат прв скрининг! Сакам да ве прашам тие што сте во ова тромесечие, дали имате чести менструални болки? Немав толку во прво отколку сега.. Често и ме штрецнува силна болка кај јајниците десно или лево...краткотрајна но не знам дали е загрижувачка. Посебно ако седам долго време. И така... Одвај чекам уште некоја недела следен преглед, и да го почуствувам бебуш
Jas sum 13 nedela. I denes bas mi e taka cudno nekako kako da me peckaat jajnicite. Moze da se kaze menstrualni bolki sto znam. Mene me kornese stomak pred dobivanje i denta prviot den koga kje dobiev. Do sega ne mi bilo vaka. Bas utre sum na inekcija i kje prasam.
Добро дојде во второто тромесечие.Јас мислам дека не е страшно јас осекам исто баш некни пишев за таа болка.Како менструални болки не ама онака како нелагодност долу да осекам сега.Исто и подуеност осекам.Се е тоа според мене нормално Поздрав и со лесно
Феминки на микробиолошките брисеви се покажа дека имам кандида , докторката ми даде mycoril 200 инаку сум 15 +2 се прашував да не се опасни за бебчето бидејки вагинално се примаат ?
Здраво женички. Јас денес ја почнувам 13 недела па поблкску сум до оваа тема даси прашам Од почеток на бременост имам на моменти болка на левата страна незнам како да ја објаснам како тапа болка или како тегнење.Гинекологот само ми рече нее од бебето и толку но јас сум загрижена.Исто така дали имате болки во кичма,непаметам во првата бременост дали ми беше вака
@Elenka1994 Не се опасни за бебето, не се секирај. @malooto и јас имав такви повремени болки, ама од десната страна, дури мислев дека е слепо црево, ама не, така си помина.
И јас имав такви болки од 12-13 недела, на движење и на нагло менување положба и сл. Сега сум 25 недела и пак ги имам истите болки до пред некое време ми беше подпбро сега пак така да според мене нормално е, станува збор за тегнење на лигамент.
И јас ја имам таа болка но на десната страна,но ја имам повремено т.е еднаш до два пати во месецот ќе ме фати,прашав повеќе мислења ми кажаа дека е лигамент и не е ништо страшно нормално е и тоа а и бодежи може да се осеќа..Се ширела матката...Така да штом и докторот ти кажал така биди без гајле гали меше и уживајте
Јас сум цело време така, 18та недела. Освен пауза 2 недели, цело времњ пијам утрогестан. Примав и прогестерон. Првите 2 бремености не ми беше вака, додуша не ни одмарам. Првата бременост уживање, втората така така, ама сега нема шанса, второто дете ѕвер нека се живи и здрави само муабетот ми е, секоја нејсвојствена појава, макар и да ви изглеса банална, не ја занемарувајте ❤ башка секоја бременост и секој организам е различен
Да тоа и јас сакав да кажам.И јас од истата причина ми дадоа утрогестан ама вагинално како поддршка на бременоста.
Kako sakas taka, ama se znae vaginaletite kako se koristat i kako imaat najdobar efekt. Gi pies odat vo zeludnik, pa Dur počne dejstvoto.Vaginalno stavas, tamu se topi i si deluva. Tvoj izbor
Јас од 5та недела ставам вагинално утрогестан, ме интересира дали ви спомнаа нешто до кога ќе ги ставате ? Јас сум 29+5 , сеуште ми нема ништо спомнато за да ги прекинам
Zavisi, obično kaj skraten cerviks, rizična bremenost se stava do kraj. Jas sum 32+ i stavam od 200mg
Баш пред некој ден прашав, мене ми ги продолжија, бидејќи ми се грчи стомакот, ми се вцврстува многу често.